1Д-р: Даниловски: Вирусот западен нил активно циркулира, се наоѓаме во период на засилена трансмисија
АвтомобилизамВисокотехнолошки „тајни“ на новиот амблем кај Peugeot 308Новото лого на брендот: новиот амблем на решетката на PEUGEOT 308 претставува комбинација од најновите технологии и инспирацијата на дизајнерите на Брендот. Не само што го дефинира изгледот на најновиот модел на PEUGEOT; туку истовремено го содржи и радарот кој ги пренесува информациите до процесорите во неговиот арсенал на системи за помош при возење. Тајната? Аблемот на PEUGEOT има тенок слој од индиум, редок суперспроводлив метал кој не се меша со радарските бранови и има хромиран изглед, како и висока отпорност на корозија. Новиот PEUGEOT 308 е првото возило во гамата со новото лого на Брендот, претставено во февруари 2021 година, поставено на предната решетка. Оваа нова генерација на амблемот е нагласена со дизајнот и моделот на решетката, опремена со различни хромирани елементи кои се спојуваат кон нејзиниот центар. Комбинацијата на решетката и логото го дефинира новото лице, а притоа ја потврдува личноста и карактерот на 308 и, генерално, ја изразува стратегијата на Брендот да биде лидер на пазарот. ДИЗАЈНИРАЊЕ НА НОВИОТ АМБЛЕМ КАЈ 308 [Text Box: СООПШТЕНИЕ] Кај новиот 308, новиот амблем на PEUGEOT доаѓа во две верзии, идентични по изглед, но технички различни. Едната се наоѓа на верзиите Active Pack, а другата, иновативна, е специфична за верзиите Allure и GT опремени со радар за помош при возење. За системите за помош при возење да работат совршено, брановите што ги емитува радарот не смеат да се нарушуваат. Затоа, дизајнот на логото пред радарот е целосно преиспитан од инженерите на PEUGEOT, земајќи во предвид две ограничувања: Дебелината на површината мора да биде константна Компонентите не смеат да содржат метални честички Новиот амблем се изработува во неколку фази: Прво се произведува мазна предна плоча со постојана дебелина во инјектираниот поликарбонат. Потоа се произведува задна плоча во индиум. Оваа ретка легура се користи специјално за верзијата на амблемот на моделите опремени со радар, бидејќи е единствениот материјал што ги задоволува техничките и визуелните потреби: има природен изглед на хром и својства кои не ги попречуваат радарските бранови. Ласерско гравирање: за да се појави лавот на новото лого на PEUGEOT, површината од индиум е ласерски стружена за да се открие лавот низ поликарбонатот. Црна боја: се нанесува на задниот дел од грбот и ја формира позадината на логото. На предната површина се нанесува заштитен лак: за заштита од надворешни елементи (удари, сонце, температурни промени...) се нанесува заштитен лак на предната површина на логото. Прикачување: амблемот потоа се залепува на техничкиот дел за прицврстување, кој потоа се прицврстува и се навртува на решетката. Овој производствен процес е новитет за брендот PEUGEOT. КОИ СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ СЕ СКРИЕНИ ЗАД НОВИОТ АМБЛЕМ? [Text Box: СООПШТЕНИЕ] Радарот е заштитен со новиот амблем на PEUGEOT и овозможува пристап до најновата генерација на системи за помош при возење: Адаптивен темопомат со функцијата Stop and Go - во комбинација со автоматскиот менувач EAT8 - со прилагодливо поставување на растојание меѓу возилата, Адаптивен темпомат со функција од 30 km/h - во комбинација со мануелен менувач - со прилагодливо поставување на растојание меѓу возилата, Автоматско сопирање при итни ситуации, кое детектира пешаци и велосипедисти дење и ноќе од 7 km/h до 140 km/h во зависност од верзијата и го предупредува возачот во случај на судир. Во 2022 година, овој радар ќе се користи и за новиот пакет Drive Assist 2.0, кој прави уште еден чекор кон полуавтономно возење. Кај верзиите со автоматски менувач EAT8, комбинира адаптивен темпомат со функцијата Stop and Go со помош за задржување лента. Покрај тоа, оваа нова верзија на Drive Assist додава две нови функции достапни на двојни коловози: Полуавтоматска промена на лента: од 70 km/h до 180 km/h, на возачот му нуди можност да го престигне возилото пред него, а потоа да се врати назад. Препорака за предвидена брзина: системот му предлага на возачот да ја прилагоди својата брзина (забрзување или забавување) според знаците за ограничување на брзината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНајголемиот пожар во историјата регистриран во Белгија, ЕУ испраќа помошЗемјите-членки на ЕУ испратија три хеликоптери и два авиона за гаснење пожари за да ѝ помогнат на Белгија во справувањето со пожар во источниот дел на земјата.Земјите-членки на ЕУ испратија три хеликоптери и два авиона за гаснење пожари за да ѝ помогнат на Белгија во справувањето со пожар во источниот дел на земјата, изјави европскиот комесар за управување со кризи, откако белгиските власти побараа итни засилувања за да го стават под контрола најголемиот пожар што ја погодил земјата во последните неколку децении. Огнот го зафати „От Фан“ (Hautes Fagnes), најголемиот белгиски природен резерват, каде што пожарот беснее уште од петокот. Локалните пожарникари, земјоделците и ангажираните воени сили се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот. Според извештаите на локалните медиуми, кои се повикуваат на податоци од гувернерот на провинцијата Лиеж, до денес попладне изгореле околу 1.600 хектари. Ова е најголемиот пожар регистриран во Белгија досега – кој го надминува дури и пожарот од 2011 година, кога изгореа речиси 1.400 хектари – според податоците на Европскиот информативен систем за шумски пожари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрад Скопје: По 30 години чекање, булеварот „Борис Трајковски“ добива нов асфалтПо три децении чекање и бројни најави, започна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“, со што проектот влегува во својата завршна фаза.По решавањето на долгогодишните имотно-правни прашања и завршената експропријација, трасата е целосно ослободена за реализација на градежните активности. Во рамки на проектот е изградена и нова атмосферска канализација, со што се создава современа и функционална инфраструктурна основа за овој значаен сообраќаен коридор. Започнатото асфалтирање е конкретен чекор кон целосното завршување на булеварот и подобрување на сообраќајното поврзување, безбедноста и условите за движење на граѓаните. Она што со години беше само ветување, денес се претвора во конкретен резултат. Ова е пример дека со решавање на проблемите, сериозна работа и посветеност, Скопје може да добива инфраструктура која ќе служи на граѓаните и ќе остане за идните генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
ЗдравјеД-р: Даниловски: Вирусот западен нил активно циркулира, се наоѓаме во период на засилена трансмисијаЕпидемиологот доктор Драган Даниловски за Канал 5 вели дека Македонија веќе се наоѓа во засилена трансмисија на Западен Нил, но не може да се каже дали ова е врвот на епидемијата. Смета дека околу 80 проценти од заразените се асимптоматски.Целиот разговор на Сања Трајковска Ставро со епидемиологот Данаиловски гледајте го во вестите во 18 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook