Викторија Бекам работи со загуби, нејзиниот бренд има долг од 64 милиони евра - Канал 5

Викторија Бекам работи со загуби, нејзиниот бренд има долг од 64 милиони евра

Викторија Бекам е позната како модна икона, но не може да се пофали со успехот на нејзиниот моден бренд, кој го започна со својот сопруг Дејвид Бекам.

Викторија Бекам работи со загуби, нејзиниот бренд има долг од 64 милиони евра

Напредокот на нивниот моден бренд не ги исполнува очекувањата, а според The ​​Mirror, наталожените долгови достигнале 64 милиони евра, што е за 11 милиони евра повеќе од минатогодишните долгови. Деловниот неуспех не се случил преку ноќ, нивната компанија собрала 18,4 милиони долари долг во 2019 година и 7,8 милиони долари во 2020 година.

И покрај вознемирувачките бројки, славната двојка се уште остварува голема заработка. Во 2020 година Бекамови оствариле профит од 13,7 милиони евра, седум повеќе од минатата година.

Според изворот на The Mirror, причината за неуспехот на бизнисот е пандемијата која нанела значителна финансиска штета на модната индустрија.

Неуспехот на модниот бренд наводно е поврзан со нестабилната врска во семејството, поточно онаа помеѓу Викторија и нејзиниот син Бруклин. Нивната врска е затегната поради сопругата на Бруклин, која Викторија наводно не може да ја поднесе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се нижат сведоштвата на семејствата измамени со лажните кубански вакцини

Кафен плик со број од код на наводната вакцината и шифра под која пациентите биле регистирани во Белград, како доказ дека неговиот третман е веродостоен, им приложувал Велешанецот.

Се нижат сведоштвата на семејствата измамени со лажните кубански вакцини

Кафен плик со број од код на наводната вакцината и шифра под која пациентите биле регистирани во Белград, како доказ дека неговиот третман е веродостоен, им приложувал Велешанецот на дел од семејствата кои сега тврдат дека биле жртва на измама од негова страна.

Се нижат сведоштвата на семејства кои се охрабрија да говорат за нивната, како што велат, средба со М.А. од Велес кој им нудел лек против канцер, за кој една доза наплаќал по 3200 евра. Наводно, ќерка на заболен од канцер успеала да сними и дел од конвезрацијата, за која тврди дека била со велешанецот, во неговиот автомобил.

После четвртата недела, значи, кај 5тата недела веќе ќе провериме крвни слики на него, комплет. ЦРП, АСТ, АЛТ, протеини, сето тоа, ќе провериме се, ќе видиме до кај сме, оти таа знае да реагира после четвратата недела, најчесто реагира, помеѓу четвртата и шестата(недела) почнува.. - Наводно снимка од М.А (Извор: Слободен Печат)

Постои црн пазар за лекови и вакцини во земјава, и постојат лица кои не поминуваат само со финансиска измама, туку и со последици по здравјето, порача министерот за здравство Сашо Клековски. Тој апелира до граѓаните да не посегнуваат по лекови кои не се лиценцирани, и по лекување надвор од здравствени установи.

-Јас знам дека кога се соочувате со тешка болест ги барате сите можни начини да стигнете до оздравување, меѓутоа тоа отвора простор за многу хохштаплери и криминалци. Така што, колку повеќе проверуваме од каде е потеклото, зошто е потеклото и да го користиме законска устанува, мислам дека е најдобра заштита од ваков тип на изјави,- - Сашо Клековски – Министер за здравство.

Велешанецот е добро познат на полицијата, и тоа ширум земјава, а покрај кривичната пријава која ја добил од жител на Кавадарци, има и кривична пријава од СВР Охрид за „Измама“ и „Злоупотреба на службената положба и овластувања“ како претседател на здружението „Мобилност“ – Велес, кое е за лица со телесен инвалидитет.

На 20.03.2023 година, се стекнал со противправна корист од 600.000 денари на штета на М.Г од Охрид, доведувајќи го претходно во заблуда да аплицира во европски фондови за грант и проект Адреналински парк и дека доделените парични средства би се префрлиле на фирмата на М.Г. за да се изгради паркот во неговиот авто-камп во Охрид.

Канал 5 упати прашања и до обвинителството за тоа дали постои правен механизам по сведоштвата да се отвори истрага по допрен глас, или сепак жртвите ќе треба сами да пријават. Дополнително, откако излегоа бројни сведоштва, прашавме дали стравуваат од евентуално негово бегство. До подготовка на прилогот, одговорот не добивме, но од таму најавија дека се подготвува.

Во домот на велешанецот по пријавата на Димитров бил извршен претрес, по што му бил одземен мобилен телефон.

Канал 5 стапи вчера во контакт и со 47 годишниот со иницјали М.А. кој ги аплицирал вакцините, кој тврди дека ги набавувал од Белград, дека вакцината била автентична, и дека не вбризгувал физиолошки раствор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи

Министерот за здравство Сашо Клековски по пријава како лице со хронично заболување денеска прими вакцина со порака „само вакцината штити од грип“. 

Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи

Почна вакцинацијата против сезонски грип. Министерот за здравство Сашо Клековски по пријава како лице со хронично заболување денеска прими вакцина со порака „само вакцината штити од грип“. Тој апелира здравствените работници да се вакцинираат. Вчера биле испратени пет илјади пораки до граѓани за вакцина.

Оваа недела имало 65 пациенти со сипмотими на грип пријавени, кај двајца грипот бил и потврден. Пулмолозите апелираат на вакцина, бидејќи грипот ќе помине, но последиците од него остануваат и по прележувањето.

Од „Мој термин“ за еден ден испратиле пет илјади пораки за повик за вакцина. На 15 ноември ќе пристигнат нови 26 илјади дози вакцини.

Првата вакцина против грип ја примил жител од Виница

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Реакција на прес-конференција, Андреј Жерновски

 Дипломатската способност на СДС и Филипче ја паметиме по домат дипломатијата, руските пранкери и лажниот принц со кој Заев имаше средба.

ВМРО-ДПМНЕ: Реакција на прес-конференција, Андреј Жерновски

Се јавија од партијата чиј поранешен претседател и духовен гуру на Филипче, Заев, имаше средба со Стефан Чернетиќ од Торонто, кој лажно се претставувал како принц на Македонија и Црна Гора.

Толку од дипломатската способност на Заев и Филипче.

А за тоа кој ноторни аналфабети се говори фактот што Зоран Заев во телефонски разговор со руски пранкери им го издиктира бројот на тогашниот заменик државен секретар на САД, Вес Мичел.

Уште фрапира фактот кога СДС зборат за дипломатија, а нивниот сегашен експозе Фрчкоски, крадеше пари од Амбасадата.

Да не ја заборави и домат дипломатијата на СДС и тоа дека Заев ја нудеше ќерката да ја даде за остров.

И да секако, прес-конференцијата на оваа тема ја држи Андреј Жерновски, неакредитираниот амбасадор, кој не знае што значи кратенката НАТО.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер