Ѓорѓиевски: Иднината на младите се гради денес - со можности, поддршка и доверба - Канал 5

Ѓорѓиевски: Иднината на младите се гради денес - со можности, поддршка и доверба

Како градоначалник на Скопје и претседател на ЗЕЛС, верувам дека нашата одговорност започнува со подготвеноста да ги слушнеме младите и да им дадеме вистински простор да учествуваат во одлуките. 

Ѓорѓиевски: Иднината на младите се гради денес - со можности, поддршка и доверба

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, постојаниот координатор на ОН, Рита Колумбија, директорот на НАЛАС, Келменд Заза, како и градоначалници и претставници на локалните власти од земјата и регионот, учествуваа на регионалниот форум во Скопје посветен на локалното лидерство за млади, мир и безбедност.

- Како градоначалник на Скопје и претседател на ЗЕЛС, верувам дека нашата одговорност започнува со подготвеноста да ги слушнеме младите и да им дадеме вистински простор да учествуваат во одлуките. Нивните идеи, потреби и предизвици мора да бидат дел од политиките што ги создаваме, затоа што тие најдобро знаат со какви пречки се соочуваат и какви промени очекуваат во своите средини. Токму во нашите општини се гради довербата во институциите, чувството на припадност и сигурноста дека секој има еднаква шанса. Затоа ни се потребни активни младински совети, достапни младински центри и службеници за млади кои ќе бидат вистинска врска меѓу младите и локалната власт. Особено внимание мора да им посветиме на младите кои се соочуваат со сиромаштија, исклученост или нееднакви можности. Секој заслужува поддршка, почит и можност да го оствари својот потенцијал – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски на форумот ја истакна и важноста на соработката меѓу ЗЕЛС, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Националниот младински совет на Македонија.

- Преку Мрежата на службеници за млади, размената на искуства и јакнењето на нивните капацитети, создаваме услови младинските иницијативи полесно да стигнат до институциите и да се претворат во конкретни дела. Остануваме посветени на посилна поддршка за младите и на создавање безбедни и отворени заедници, во кои секој млад човек ќе има можност да напредува. Младите заслужуваат да знаат дека тука има место за нивните идеи, труд и амбиции – рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски упати честитки до петте наградени општини од регионот, чии практики покажуваат како младинското учество придонесува за помирни, побезбедни и посолидарни заедници, а изрази и благодарност до УНДП, НАЛАС и сите партнери за поддршката и заедничката работа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи

Министерот за здравство Сашо Клековски по пријава како лице со хронично заболување денеска прими вакцина со порака „само вакцината штити од грип“. 

Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи

Почна вакцинацијата против сезонски грип. Министерот за здравство Сашо Клековски по пријава како лице со хронично заболување денеска прими вакцина со порака „само вакцината штити од грип“. Тој апелира здравствените работници да се вакцинираат. Вчера биле испратени пет илјади пораки до граѓани за вакцина.

Оваа недела имало 65 пациенти со сипмотими на грип пријавени, кај двајца грипот бил и потврден. Пулмолозите апелираат на вакцина, бидејќи грипот ќе помине, но последиците од него остануваат и по прележувањето.

Од „Мој термин“ за еден ден испратиле пет илјади пораки за повик за вакцина. На 15 ноември ќе пристигнат нови 26 илјади дози вакцини.

Првата вакцина против грип ја примил жител од Виница

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Реакција на прес-конференција, Андреј Жерновски

 Дипломатската способност на СДС и Филипче ја паметиме по домат дипломатијата, руските пранкери и лажниот принц со кој Заев имаше средба.

ВМРО-ДПМНЕ: Реакција на прес-конференција, Андреј Жерновски

Се јавија од партијата чиј поранешен претседател и духовен гуру на Филипче, Заев, имаше средба со Стефан Чернетиќ од Торонто, кој лажно се претставувал како принц на Македонија и Црна Гора.

Толку од дипломатската способност на Заев и Филипче.

А за тоа кој ноторни аналфабети се говори фактот што Зоран Заев во телефонски разговор со руски пранкери им го издиктира бројот на тогашниот заменик државен секретар на САД, Вес Мичел.

Уште фрапира фактот кога СДС зборат за дипломатија, а нивниот сегашен експозе Фрчкоски, крадеше пари од Амбасадата.

Да не ја заборави и домат дипломатијата на СДС и тоа дека Заев ја нудеше ќерката да ја даде за остров.

И да секако, прес-конференцијата на оваа тема ја држи Андреј Жерновски, неакредитираниот амбасадор, кој не знае што значи кратенката НАТО.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Апсења во Србија на членови на група осомничена за предизвикување на нереди во Белград на денот на изборите

Во пресрет на неделните избори во Србија уапсени се повеќе лица во Нови Сад, Кралево и Белград, поради сомнежи за планирање на нереди на денот на изборите.

Апсења во Србија на членови на група осомничена за предизвикување на нереди во Белград на денот на изборите

Како што објави РТС, осомничена група од Нови Сад планирала на 25 октомври со околу 80 лица да дојде во Белград и да предизвикува нереди.

Извршени биле претреси во објекти и простории кои ги користеле осомничените лица.

Според РТС, во одделна акција по налог на Виштото јавно обвинителство во Кралево бил уапсен осомничен од Врњачка бања, заради повикување на насилна промена на уставниот поредок и планирано учество на немирите во Белград на изборниот ден ..

Според српските медиуми биле приведени членови на криминална група предводена од осомничен наркодилер.

Инаку, според последната објавена анкета од „нова српска политичка мисла“, студентската листа е во тесно водство.

Доскорешниот српски претседател, носител на листата- „Александар Вучиќ -Единствена Србија“ , е убеден дека ништо нема да може да ги смени резултатите и најави дека за исходот нема да се обрати пред 22 часот в недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер