3Повеќе од 1.000 километри со едно полнење! Ова се најдобрите електрични автомобили за патувања на долги релации
МакедонијаЖерновски: Средба со Гренел - иста лобистичка куќа за Мицкоски, Вучиќ, Орбан и истрага на Белата куќаСега да ја потсетиме јавноста кој е Гренел и која е поврзаноста на Гренел со Мицкоски и Муцунски.Денеска сакаме да зборуваме за една многу интересна тема, којашто е поврзана со оние случувања во Вашингтон, коишто се пак директно поврзани не само со нашата држава, туку преку оваа прес-конференција ќе се увериме и со регионот, бидејќи ова е една цела мрежа којашто Мицкоски и неговата влада ја користеле, односно ја злоупотребувале, не за целите на нашата држава и на нашите граѓани, туку за сопствени цели. Стратешкиот мост до администрацијата на САД, да цитирам, или ако сакате, примерниот канал за директна комуникација со Белата куќа, или ако сакате уште еден цитат, клучниот економски играч во економската агенда на македонската влада во своите приоритети кон Вашингтон, од вчера е под истрага за проневерени милиони долари од донација за Центарот „Кенеди“ и за продавање пристап до претседателот Трамп. Сега да ја потсетиме јавноста кој е Гренел и која е поврзаноста на Гренел со Мицкоски и Муцунски. Прва средба, јули, значи веднаш по доаѓањето, јули 2024 година во Вашингтон, каде што се цитира плодна средба помеѓу Мицкоски и Муцунски со Гренел. Август 2024 година, веднаш потоа во Скопје, продолжуваат разговорите. Јануари 2025 година во Вашингтон, повторно Мицкоски и Муцунски се гледаат со Гренел. Потоа, февруари 2026 година во Минхен и потоа јули 2026 година во Скопје, повторно има средба. Погледнете ја низата средби коишто се индикативни и коишто веќе зборуваат за тоа каква е поврзаноста на Муцунски и на Мицкоски со овој човек. Истиот Гренел, сакаме да ѝ објасниме на македонската јавност, со години работи за Вучиќ. Српската влада преку американската лобистичка куќа Валкур плаќа за директни контакти со него. Според извештаите што Валкур ги поднела до Американското Министерство за правда, претставници на куќата контактирале со Гренел во периодот од септември 2025 до март 2026 година. Кој е Валкур? Валкур е куќата којашто работи на промоција на кој друг, ако не на Вучиќ, во политичките и медиумските кругови во Вашингтон, вклучувајќи организирање интервју за средба што Трамп ја има споделено. Се сеќавате кога се фалеше Вучиќ со Трамп. Гренел се обидувал исто така да му организира средба со Трамп во Флорида, меѓутоа средбата била блокирана и сето тоа е како дел од кругот околу Џаред Кушнер и проектите во Белград. Во ФАРА-регистарот на Американското Министерство за правда, под број 7373, Валкур ја претставува Република Србија, а Валкур се поврзува и со фирмата која плаќа лобисти за Христијан Мицкоски. Да ѝ објасниме сега на македонската јавност, многу попрецизно, како е формирана и како постои целата мрежа. Кои се клиентите на Валкур? Покрај државата Србија, тука се и, внимавајте, Телеком Србија и унгарската компанија 4iG, и двете многу добро познати на македонската јавност. Телеком Србија е присутна на македонскиот медиумски простор преку канали поврзани со кругот на Вучиќ. Која е 4iG? 4iG, и е компанијата што треба да пружи услуга на поддршка на медиумите на Орбан и на Вучиќ во Македонија. Значи, целиот круг веќе се затвора многу прецизно. Претседателот на 4iG, Гелерт Јасај, е близок соработник на Орбан. Во март 2025 година бил именуван за амбасадор за развој на милијардерски деловни односи. Ние денеска прецизно ќе ја кажеме целата мрежа, за преку информациите коишто ги има СДСМ, во подолг временски период, на македонската јавност да ѝ биде јасно што се случува и во каква мрежа е влезен Мицкоски. Јавно се достапни документите како 4iG добиле од Орбановата влада големи одбранбени договори, вклучувајќи рамковен договор во мај, во износ од околу 4,3 милијарди долари од Министерството за одбрана, потпишан само неколку недели пред изборите во 2026 година, непосредно пред изборите. Е сега, новата унгарска влада на Петер Маѓар, во август 2026 година, како што и ние информиравме, наредила целосна ревизија на сите вклучени договори помеѓу државата и фирмата 4iG, во кои, се разбира, спаѓаат и одбранбените и телекомуникациските врски. Значи, една лобистичка група. Српската влада го плаќа Валкур за контакти со Гренел и за промоција на Вучиќ. Мицкоски се среќава со Гренел. Гренел се среќава со лобистите на Вучиќ. Во кругот на клиентите на истата куќа стојат и, како што кажавме, Телеком и 4iG, компании поврзани со најблискиот круг на Орбан. Значи, внимавајте, сето тоа што го кажавме не се одвоени приказни. Ова е една иста организирана шема, иста приказна. Ист канал. Значи, Вучиќ го плаќа Валкур, Валкур контактира со Гренел, а Гренел зборува за Мицкоски. Значи, за некого провизија, а за граѓаните, се разбира, на крајот на денот, дебела сметка. Да заклучиме јасно и прецизно. Тоа значи дека Мицкоски во Вашингтон воопшто не водел самостојна политика, туку водел политика којашто е формирана, организирана и одобрена директно од Вучиќ и од Орбан. И тоа е нешто што станува кристално јасно. Она што исто така треба да се потенцира е дека периметарот за којшто зборуваше Мицкоски воопшто не бил наменет за интересите на Македонија и на нашите граѓани, туку, за наша среќа, на сите нас, од тој фамозен Вашингтонски периметар денес не остана ниту милиметар. СДСМ бара одговор од Мицкоски: ти, како премиер на нашата држава, кога се среќаваше со Гренел, водеше сметка за државата и за нашите граѓани или водеше сметка за трговец со оружје? Она што исто така СДСМ го бара е обвинителството веднаш да отвори истрага за тоа какви биле контактите и договорите на Мицкоски со овој човек. Тоа е многу битно, затоа што и нашата држава мора да се вклучи во оваа акција којашто е покрената директно од Белата куќа, односно од тоа место за коешто Мицкоски зборуваше дека има одлични канали и дека е во самиот периметар. Почитувани граѓани, дозволете да кажам на крај дека никој не смее да биде над законот, а дека Мицкоски ќе одговара. Прес-конференција на СДСМ, Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор Скопје, 21.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
МакедонијаОд 15 ноември задолжително поседување на зимска опремаЗимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“(Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18, 191/18, 70/19 и 98/19 и „Службен весник на Република Македонија“бр. 302/20, 122/21, 33/24, 208/24, 193/25, 258/25, 58/26, 79/26 и 148/26), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. (Службен весник бр. 31 од 2010 година), како зимска опрема на моторните возила се подразбира: За моторни возила кои не надминува 3.500 кг.: - зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри; - пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. За моторни возила со погон на четири тркала (4x4): - зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм; - пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина. За моторни возила кои надминува 3.500 кг: - зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм. - пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала; - автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат - лопата. Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци. Апелираме до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.Тагови: зимска опрема Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЏенифер Лопез „уловена“ со мистериозен мажИма 57 години, а мажите губат глава по неа, светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез видена со мистериозен маж .57 годишната Џеј Ло е видена во друштво на мистериозен маж. Иако идентитетот на мажот е непознат, сцените од луксузна јахта поттикнаа шпекулации за нова љубовна врска на славната пејачка Џенифер Лопез повторно привлече големо внимание во јавноста откако беше забележана на луксузна јахта во Мајами, во друштво на мистериозен маж. На фотографиите и видеата што кружат на социјалните мрежи се гледа како 57-годишната ѕвезда ужива во слободното време на јахтата, а особено внимание привлекоа кадрите на кои таа разменува нежности со непознатиот маж. Идентитетот на мажот – како и природата на нивниот однос – засега остануваат непознати, но тоа не ги спречи корисниците на социјалните мрежи да шпекулираат за тоа кој би можел да биде овој нов маж во нејзино друштво. Со децении, Лопез важи за една од најпознатите музички и филмски ѕвезди во светот, а нејзиниот приватен живот привлекува внимание речиси исто толку често колку и нејзината кариера. Секојпат кога ќе се појави во јавноста или ќе биде фотографирана со непознат маж, тоа предизвикува бројни реакции – а овој случај не е исклучок. Додека некои коментираат за нејзината самодоверба и изглед, други се обидуваат да го откријат идентитетот на мажот забележан со неа на јахта. Засега нема потврда дека станува збор за нова љубовна врска, но снимките од Мајами веќе предизвикаа лавина коментари.Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
МетеоУтре променливо облачно време со температура до 19 степени Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 7 Ѓуриште, 9 Попова Шапка, 10 Струмица, 11 Крива Паланка, Лазарополе, Скопје – Зајчев Рид, 12 Крушево, Скопје – Петровец, Охрид, Прилеп, Тетово, Маврови Анови, 13 Битола, Штип, Претор, Демир Капија, Кавадарци, 14 Виница, Берово, Велес, Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Дуваше слаб ветер од јужен правец. До крајот на денот во западните делови ќе има услови за повремен слаб дожд кои ќе продолжат во текот на ноќта. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок силен повремено многу силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook