Видео: Кети Пери се појави топлес на ревијата на француската куќа „Баленсијага“

Кетрин Елизабет Хадсон, попозната по нејзиното уметничко име Кети Пери, е американска пејачка и текстописец.

Пери стана светски позната во 2008 година со големиот хит сингл „I Kissed a Girl“, кој се најде на врвот на музичките топ листи во повеќе од 30 земји.

Денеска на ревијата на високата мода на француската куќа „Баленсијага“ познатата кантавторка се појави само облечена во црна бунда, темни очила и ја шокираше јавноста со својот смел изглед.

Извор: Аваз

Верстапен ги задржа нападите на возачите на Мекларен и победи на спринтот во Австрија

Верстапен го освои својот трет Формула 1 спринт сезонава.

Макс Верстапен го освои својот трет Формула 1 спринт сезонава, откако триумфираше на кратката трка на Ред Бул Ринг каде што мораше да го искористи целиот свој талент за да ги одбрани нападите на возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, кои завршија веднаш по него.

Четвртото место му припадна на Џорџ Расел, кој во првиот круг беше претекнат од Карлос Саинц во застанувањето за кривината бр.4 кога Шпанецот изврши одлучувачки напад на надворешната страна на кривината. Како што напредуваше трката, возачот на Ферари го загуби ДРС од возачите пред него и тоа му овозможи на Расел да ја врати позицијата непосредно пред половина пат.

Сепак, Саинц се спротивстави на другиот возач на Мерцедес, Луис Хамилтон, кој заврши шести, пред Шарл Леклер и Серхио Перез, кои ги комплетираа бодовите. Леклер направи многу силен прв круг во кој освои три места, претекнувајќи ги Пјер Гасли, Естебан Окон и Перез последователно за да се искачи на седмата позиција откако стартуваше десетти.

Верстапен со победата во спринтот додаде уште два бода на водството во генералниот пласман, во кој има 227 бода. Норис е втор со 156, додека Леклер има 150 на третото место. /MИА

ЕУ воведува нови рестриктивни мерки против Белорусија

Европскиот совет денеска усвои рестриктивни мерки насочени кон белоруската економија, поради вмешаноста на белорускиот режим во воените операции на Русија против Украина.

Овие општи мерки имаат за цел да потврдат неколку рестриктивни мерки кои се веќе во сила против Русија и да се справат со прашањето за заобиколување на санкциите поради високата интеграција меѓу руската и белоруската економија, соопшти Европскиот совет.

Мерките што беа договорени денеска ќе влијаат на различни сфери на белоруската економија, како што се трговијата, транспортот и услужниот сектор, се наведува во соопштението за печатот објавено на веб-страницата на Советот на ЕУ.

Конкретно, новите ограничувања забрануваат увоз на злато, дијаманти, хелиум, јаглен и минерални производи, како и сурова нафта од Белорусија во ЕУ. Исто така, ќе запре и транзитот на стоки и технологија со двојна намена низ постсоветската република.

ЕУ го продолжи ограничувањето за превоз на стоки со патен транспорт, вклучувајќи приколки и полуприколки регистрирани во Белорусија. /МИА

Либан повикува на засилен притисок врз Израел за запирање на воените напади

Министерот за надворешни работи на Либан, Абдала Боу Хабиб, ги повика другите држави да покажат солидарност со Либан и да го зголемат притисокот врз Израел за да ги запре нападите.

Боу Хабиб во соопштение потсети дека некои држави издаваат предупредувања за патувања поради постојаните израелски закани кон Либан.

„Во рамките на оваа систематски спроведена кампања на психолошки притисок, овие изјави што предизвикуваат вознемиреност меѓу граѓаните и посетителите треба да се заменат со ставови што изразуваат солидарност со Либан,“ изјави Боу Хабиб.

Тој повика на посилен притисок врз Израел заради заштита на безбедноста, стабилноста и територијалниот интегритет на Либан.

Напнатоста по должината на либанската граница со Израел се зголеми поради прекуграничните напади помеѓу Хезболах и израелските сили, додека Тел Авив продолжува со својата смртоносна офанзива врз Појасот Газа, во која од 7 октомври минатата година се убиени над 37.700 луѓе. /МИА

притисни ентер