Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
Забава Девет грешки со рачниот багаж што може да ви го расипат патувањето низ Европа уште пред тргнувањеЕве на кои клучни стапици на патувањето може да наидете според магазинот Travel + Leisure.Патувањето со рачен багаж звучи совршено, нема чекање редици за подигање на багажот, нема страв за загубен багаж, лесно се движите по улиците и железничките станици, но сепак, патувањето со ранец не гарантира полесно патување. Еве на кои клучни стапици на патувањето може да наидете според магазинот Travel + Leisure. Непроверување на димензиите на европските авиокомпании Кај европските нискобужетни авиопревозници, Ryanair, EasyJet или WizzAir, правилата за димензиите и тежината се значително поригорозни од стандардните големи линии. Куфер што во повеќето земји поминува како кабински, во Европа често може да биде голем трошок во последен момент. Пакување на нови неразгазени чевли Кога ги шетате низ историските европски градови, по цел ден пешачите по калдрма, нерамни плочки и стрмни скали. Новите неразгазени чевли или крути модели се загарантиран рецепт за плускавци и болки во стапалата. Наместо тоа, земете проверени разгазени патики и анатомски обувки. Изоставање на избрана колекција облека што лесно се комбинира Носењето одредена облека за која се надевате дека ќе ја облечете создава непотребен неред при пакувањето. Решението е во неутралните тонови и парчиња облека што може да се комбинираат во повеќе прилики. Занемарување на организатор и кеси што се компримираат Класичното редење облека зазема голем волумен, а компресиските кеси го истиснуваат воздухот и овозможуваат собирање повеќе облека на ист простор, штедат нерви бидејќи така не мора да копате по куферот за да извлечете една маичка. Пренатрупан несесер и ризик од одземање Правилото за пакувања од 100 мл во проѕирен несесер и понатаму важи на повеќето европски аеродроми. Носењето полупразни големи пакувања редовно завршува со фрлање при безбедносната контрола. Спакувајте ги најосновните мини-формати, вообичаените средства за хигиена купете ги од локалната веледрогерија по пристигнувањето. Заборавање на универзален адаптер за струја Британските приклучоци за струја се разликуваат од оние во континентална Европа, а на специфични типови приклучоци може да наидете дури и во рамките на самиот континент. Купувањето поединечни пластични адаптери на аеродромот или во туристичките зони е непотребно скапо. Компактен универзален адаптер за струја со повеќе USB-влезови треба да се наоѓа во вашиот рачен багаж уште пред да тргнете на пат. Носење чанти кои се лесна мета за џепчии Плоштадите, подземните железници и туристичките атракции низ Европа се магнет за вешти џепчии. Отворените чанти на рамо, ранците со надворешни прегради и паричниците во задните џебови претставуваат голем ризик. Практична чанта со патент што се носи преку градите, блиску до телото, е најбезбедниот избор за чување документи и пари. Патување без пренослив полнач (power bank) Од билети за воз и влезници за музеи, па сè до навигација и фотографирање – вашиот паметен телефон работи со полна пареа додека патувате. Ако батеријата се испразни среде непознат град, тоа предизвикува голем стрес. Компактниот пренослив полнач е неопходен додаток (а според правилата на авиокомпаниите, мора да го носите во рачниот багаж, а не во чекираниот багаж). Преполнување на куферот до крај Најголема грешка на почетниците е тргнувањето на пат со куфер што едвај може да се затвори. Речиси сигурно ќе купите нешто попатно – сувенир, шише вино, чоколадо или парче облека. Секогаш оставајте околу десет проценти од просторот празен или спакувајте лесна, склоплива најлонска торба во рачниот багаж што ќе ја искористите при враќањето. Извор: www.tportal.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
БалканВо полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „ТракијаБугарската влада го прогласи 11 ноември за ден на национална жалост по вчерашната трагедија во која во верижен судир на автопатот „Тракија, загинаа 11 лица, а 51 лице се повредени.Романскиот возач на камионот, кој учествувал во еден од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ во бугарија, е задржан во полиција.Тој веќе бил сослушан, а се очекува повторно да даде исказ во текот на денот.Засега не е утврдено како се движел камионот непосредно пред несреќата. Според првичните информации, видливоста на автопатот нагло се намалила.Полицијата проверува дали камионот се движел со мала брзина или се вклучувал од споредна лента.Во двата верижни судири, во близина на клучката Зимница, учествувале вкупно 86 возила.Во правец кон Бургас се судриле 63 возила, а кон Софија уште 23. Бугарските истражни органи најавија дополнителни вештачења за утврдување на причините за несреќата .Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВенецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит Владата ќе побара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на Правосудниот испит.Со овој чекор, како што соопштуваат од Министерството за правда, се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.За време на престојот на експертите предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје, како и на усниот дел во просториите на Министерството за правда.. Предложениот модел предвидува воведување единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди, велат од правда..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЏип удри во луѓе во Лос Анџелес, тројца загинатиНајмалку три лица загинаа, а тројца други се сериозно повредени откако џип влета во група пешаци во населбата Норт Холивуд во Лос Анџелес, пренесува Ројтерс. Инцидентот се случил нешто пред 18:00 часот по локално време. Полицијата сè уште работи на утврдување на точните околности – конкретно, дали возачот намерно удрил во луѓето или станува збор за несреќен случај. „Мораме точно да утврдиме што се случило и што довело до оваа трагедија“, изјави Кетрин Барџер, членка на Одборот на супервизори на округот Лос Анџелес. „Ќе ја следам истрагата и ќе барам дополнителни информации како што ќе излегуваат на виделина нови факти“, додаде таа. At least three people are dead after a car crashed into a food stand near a North Hollywood bus stop on Tuesday night. LAFD says three people were pronounced dead and three others were taken to a nearby hospital in critical condition. Breaking details in our bio. https://t.co/hOCLnAhBKQ — CBS LA (@CBSLosAngeles) November 11, 2026 Според претставници на полицијата и противпожарната служба во Лос Анџелес, три лица загинале на самото место, додека двајца пешаци и возачот на теренско возило биле пренесени во болница. Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека теренско возило излетало на тротоарот и удрило во група улични продавачи и минувачи. Таа додаде дека службите за итни случаи се на терен и дека нејзиниот кабинет соработува со надлежните градски служби. „Срцето ми се крши за семејствата на сите погодени“, напиша таа на платформата X, додавајќи дека ќе сподели дополнителни информации штом ќе станат достапни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook