РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот-Вози одговорно. Секој живот е важен. - Канал 5

РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот-Вози одговорно. Секој живот е важен.

По повод претстојниот празник 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба и продолжениот викенд, се очекува зголемена раздвиженост во сообраќајот, особено на патните правци надвор од населените места. 

РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот-Вози одговорно. Секој живот е важен.

Поради тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

РСБСП укажува:

Почитувајте ги ограничувањата на брзината.

Не управувајте со возило под дејство на алкохол и психотропни супстанци.

Не користете мобилен телефон додека возите.

Користете сигурносен појас на секое патување.

Обезбедете ги децата во соодветно детско седиште.

Одржувајте безбедно растојание и избегнувајте ризични маневри.

Проверете ја техничката исправност на возилото пред патување.

Доколку сте уморни, направете пауза и одморете се.

Нека празничните денови бидат исполнети со убави моменти, безбедни патувања и среќно враќање дома.

Вози одговорно. Секој живот е важен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад

На маргините на Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, што се одржува во Црна Гора, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад.

Средба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад

Во фокусот на разговорите беа билатералната соработка, европската перспектива на нашата земја и поддршката од Франција на нашиот европски пат.

Министерот Муцунски ја истакна цврстата посветеност на Владата на реформските процеси и полноправното членство во Европската Унија, како и потребата од забрзување на процесот на европска интеграција.

На средбата беа разменети мислења и за актуелните регионални случувања и за улогата на нашата земја како одговорен и конструктивен партнер во регионот и пошироко во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “

Крајот на војната во Украина се приближува, „можеби поблиску од кога било досега“, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “

Одговарајќи на прашање од новинарите во Белата куќа за тоа како Русија го ослободила Американецот Стивен Хабард, Трамп изјави дека тоа е резултат на директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин.

„Побарав да го ослободат Стивен Хабард, и тој сега е на пат кон дома. Не дадов ништо за возврат“, рече Трамп.

На прашањето дали е соодветно што специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, го нарече Путин „хуманитарец“, Трамп одговори дека тоа било кажано „во тој конкретен контекст“ и додаде дека тој лично „не би зазел страна“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: По дебаклот во Брвеница Филипче го снема, а СДС слави пораз, дали Филипче замина на „одмор“ во Дубаи?

По дебаклот во Брвеница Филипче го снема, а СДС слави пораз, дали Филипче замина на „одмор“ во Дубаи или на јахтата на менторот Заев по нови инструкции

ВМРО-ДПМНЕ: По дебаклот во Брвеница Филипче го снема, а СДС слави пораз, дали Филипче замина на „одмор“ во Дубаи?

По изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче го снема од медиумскиот простор. Додека претходно речиси секојдневно Филипче држеше прес-конференции, сега го нема никаде.

СДС на предвремените локални избори во Брвеница, е со пад од 8% во однос на минатите избори во 2025 година, а СДС на чело со Филипче слави пораз од 4 спрема 1 на избори.

Очигледно, резултатите и не се за славење, па Филипче отиде на „одмор“ или по инструкции од менторот Заев. Каде е Филипче дали замина на јахтата на Заев во Егејското Море или на одмор во Дубаи?

Наместо да излезе пред јавноста и да понесе одговорност за резултатите на СДС, Филипче молчи. По ваков изборен пораз, Филипче бега од соочување со реалноста.

Во Брвеница, СДС доживеа убедлив пораз од ВМРО-ДПМНЕ, со резултат од 4 спрема 1. Тоа е вистинската слика за политиката што ја води Филипче и за состојбата во која се наоѓа СДС под негово раководство. Под водство на Филипче, партијата се соочува со сериозно политичко маргинализирање.

Кога резултатите се лоши, лидерот треба да излезе пред јавноста, а не да исчезне од медиумите.

Му посакуваме на Филипче уште многу вакви „успеси“ како оној во Брвеница. Ако ова е неговата визија за победа, тогаш СДС има сериозна причина да се загрижи за својата политичка иднина.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер