Во текот на протестите во саботата оштетени се повеќе бизнис објекти и јавни институции во Нант и Монпеље, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жерар Коломб, пренесе агенцијата „АП“.

Во останатите градови во Франција протестите главно биле мирни и без инциденти.

Коломб ги повика демонстрантите на воздржаност во текот на протестот кој е планиран за денеска во западниот француски град Нотр-Дам-д-Ланд. Претседателот на Франција вечерва во телевизиско обраќање до нацијата ќе ги појасни реформите во француската економија.

Макрон изјави дека сака земјата да ја направи поконкурентна на глобално ниво, но работниците се загрижени поради губењето на заштитата на работните места.

Датум на објава: недела, 15 април 2018 во 12:29
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар