Врховниот суд на САД е подготвен да ги отфрли наводите на Трамп за имунитет, одлуката по избори - Канал 5

Врховниот суд на САД е подготвен да ги отфрли наводите на Трамп за имунитет, одлуката по избори

Врховниот суд на САД очигледно е подготвен да ги отфрли тврдењата на Доналд Трамп дека е заштитен со имунитет.

Врховниот суд на САД е подготвен да ги отфрли наводите на Трамп за имунитет, одлуката по избори

Врховниот суд на САД очигледно е подготвен да ги отфрли тврдењата на Доналд Трамп дека е заштитен со имунитет, но судењето на поранешниот американски претседател за обид да ги измени изборните резултати може да се одложи за по изборите, кои што според законот ќе бидат одржани во првиот вторник во ноември.

Како што јави Си-Ен-Ен, Врховниот суд, сепак, не е подготвен да му даде одврзани раце на специјалниот советник Џек Смит за да продолжи со обвинувањата против поранешниот претседател. Усното излагање на аргументите за имунитетот на Трамп од кривично гонење траеше помалку од три часа и заврши вчера, а ќе продолжи на 9 мај.

Наводно, неколку судии се подготвени да прифатат резултат што може да ја загрози можноста судењето на Трамп да се одржи пред изборите во ноември. Врховниот суд на САД се состои од девет судии, од кои тројца беа назначени за време на мандатот на Трамп во Белата куќа.

Конзервативните членови агресивно го испрашуваа адвокатот што го застапуваше специјалниот советник, навидум прифаќајќи го централното прашање што го поттикна Трамп, а тоа е дека идните претседатели, без барем некаков облик на имунитет, на крајот ќе бидат предмет на политички мотивирано гонење.

Голем дел од сослушувањето се фокусираше на тоа дали треба да има разлика помеѓу официјалните дејствија на Трамп во согласност со неговите претседателски должности и неговото приватно однесување. Како ќе одлучи судот, ќе ја одреди правната судбина на Трамп и најверојатно ќе ги одреди правилата за криминално изложување на идните претседатели.

YouTube video

Според сите пресметки, Врховниот суд ќе избегне да донесе јасна одлука за прашањето за имунитетот. Последица на ова ќе биде тоа што ќе им остави способност на пониските судови да дејствуваат, што би можело да ги продолжи случаите на Трамп да траат со месеци. Почетокот на едно од тие судења поврзани со обидот за фалсификување на изборните резултати беше закажано за 4 март, но беше одложено.

Трамп се изјасни за невин по обвиненијата за поништување на изборниот пораз, како и за преостанатите три кривични постапки против него - вклучувајќи го и судењето за фалсификување деловни документи во врска со тајните плаќања на порно актерката Сторми Даниелс.

Во американскиот Врховен суд моментално доминира конзервативно мнозинство од 6:3. Од 2000 година и одлуката на Врховниот суд дека победник на претседателските избори е републиканецот Џорџ Буш помладиот, а не демократот Ал Гор - се толкува дека највисоката судска инстанца во Америка немала толку важна улога што би можела имаат влијание врз претседателската трка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Татко и син нападнале екипа на Итната помош во Скопје, расправијата започнала поради транспорт на пациент

Шеесет и двегодишен скопјанец што испил антифриз по што со син му излегле со автомобилот за да бараат лекарска помош, со пцовки, тупаници и шлаканици се пресметувал со доктор и сестра од Итната медициска служба

Татко и син нападнале екипа на Итната помош во Скопје, расправијата започнала поради транспорт на пациент

Шеесет и двегодишен скопјанец што испил антифриз по што со син му излегле со автомобилот за да бараат лекарска помош, со пцовки, тупаници и шлаканици се пресметувал со доктор и сестра од Итната медициска служба пред поликлината „Јане Сандански“ во Аеродом во саботата попладне. До инцидентот дошло по вербална расправија откако неговиот син пришол до медицинската екипа што се враќала од интервенција по сообраќајна несреќа, објаснува вработен во службата што сведочел на насилството врз неговите колеги, а кој сакаше да остане анонимен. Човекот што барал медицинска помош не покажувал знаци на труење поради што докторот ги упатил на Токсикологија да отидат со нивниот автомобил или да се јават на 194 за да имаат тие налог кој им е неоходен за да интервенираат.

-Дојде синот, го фати докторот за гуша, а од страна, странично доаѓа татко му, човекот што бара помош, а го удира докторот со бокс, му удара шлаканица и го тегне за коса. Во меѓувреме, ја удира и сестрата, ја тегне за коса, и врзува шамар, па доаѓа мене ме фаќа за врат. Јас се отргнав од него, ми ја потегна маицата, мање више. Јас него само гу турнав. Луѓе кои бараат помош не може така да се однесуваат, не сме ние на улица најдени, најдено-изгубено.

По инцидентот била повикана полиција која го придружувала таткото до Клиниката за токсикологија, а докторот и медицинската сестра биле пренесени на Ургентен центар поради повредите, па во станица да дадат изјави. Од МВР го потврдија настанот, и велат дека синот е лишен од слобода. Татко му се уште е на Токсикологија, а иако навистина испил антифриз е надвор од животна опасност.

-Пациентот е хоспитализиран и третиран по протокол како труење со антифриз, дијализиран и се очекува деновиве да го пуштиме од болница, точно кога ќе зависи од анализите. - д-р Иса Муса – Клиника за токсикологија

Од Клиниката велат дека пред да биде пуштен од болница, МВР ќе биде информирано со цел да може на време да постапува.

Лекарската комора но и од Здружението на медицински сестри „За нас“ најостро го осудија инцидентот со порака „Стоп за насилството во здравството. Оттаму упатија апел надлежните да го расчистат случајот, да ги утврдат сите околности и да преземат соодветни законски мерки кон сторителите, а Министерството за здравство иц раководствата на здравствените установи да преземат системски мерки за зголемување на безбедноста на здравствените работници на нивните работни места.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Извештајот на ЕК на заедничката седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции

Македонија е меѓу државите со највисоко ниво на подготвеност и усогласеност со ЕУ во надворешната и безбедносната политика.

Извештајот на ЕК на заедничката седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции

Македонија е меѓу државите со највисоко ниво на подготвеност и усогласеност со ЕУ во надворешната и безбедносната политика, реформската агенда доби на динамика, но поптребно е уште работа во правосудството, борбата против корупцијата и администрацијата, порача евроамбасадорот Михалис Рокас за Извештајот на ЕК кој се најде пред пратениците на заедничката седница на собраниската Комисија за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции. Рокас ги повтори И клучните услови за отворање на преговорите со Еу.

-Како што знаете, следната фаза на пристапните преговори зависи од чекори со коишто се договоривме заеднички во минатото. Прво, уставните измени, второ, договор за јавната администрација, но и реформите во правосудството како и акциските планови што доаѓаат со истите. Се заедно ќе овозможи отворање на поглавјето број 1. Штом преговорите се отворат целосно, С. Македонија ќе може да продолжи со својата работа и ќе може да го движи процесот побрзо, изјави Рокас.

Според претседателката Гордана Сиљановска Давкова добро е што во извештајот нема констатирано уназадување, иако како што рече, напредокот оди бавно. Уставните измени според неа, се наметнат услов надвор од правото на ЕУ, а од Унијата очекува очекува поголема предвидливост.

-Мора да сториме нешто сите заедно, и ние, и нашите соседи, и нашите европски партнери, за да излеземе од лавиринтот. Секој што ќе тврди дека се работи само за уставни измени, сметам дека не е искрен. Или има намера или нема желба да ја разбере заднината на нашата загриженост. Во оваа смисла сакам да посочам дека мојата порака кон сите наши соседи е дека добрососедските односи мора да бидат мост кон ЕУ, а не инструмент за неодредено одложување на европската перспектива на соседот, изјави претседателката.

Сепак, власта и опозицијата остануваат со дијаметрално спротивставените позиции за европската перспектива на Македонија. Филипче го повика Рокас да помогне, како што рече против антиевропската пропаганда на власта, Милошоски му одговори дека самите презеле обврски што не можат да ги исполнат.

Во годишениот извештај на ЕК најголем напредок беше забележан во дигитализаицјата, а најголемите критики беа за борбата против корупцијата, во која не нотирале никаков напредок.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 158 км/час на место каде дозволената брзина е 80 км/час

​На 22.11.2026 во 19:40 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ѓ.К.(59) од Србија. 

Лишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 158 км/час на место каде дозволената брзина е 80 км/час

При проверка на патничко возило „ауди“ со српски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека преку системот „Безбеден град“ бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено, на 19.11.2026 на автопатот Демир Капија-Гевгелија тој го управувал возилото со брзина од 158 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час.

Тој бил спроведен во Полициска станица Неготино, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер