Голема грешка во боксот при промена на гумите на Финецот го чинеше крај за него на втората трка од шампионатот во Формула 1, но и сериозна повреда за еден од механичарите на Ферари.

Ферари објави дека механичарот Франческо добил фрактура на ногата, а Раиконен рече дека не е виновен за инцидентот.

-Тргнав кога го видов зеленото светло, изјави возачот.

Победник на трката во Бахреин беше Фетел, а второто и третото место ги освоија возачите на Мерцедес, Ботас и Хамилтон.

Датум на објава: понеделник, 09 април 2018 во 10:44
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:24

коментари

остави коментар