Емотивни сцени по елиминацијата на Англија: Дејвид Бекам не можеше да ги сокрие солзите и разочарувањето
1Емотивни сцени по елиминацијата на Англија: Дејвид Бекам не можеше да ги сокрие солзите и разочарувањето
3Видео: Бранителот на тронот Аргентина противник на Шпанија во големото финале на Мундијалот во Америка
Шоу бизВо музејот на Битлси во Ливерпул е изложен познатиот јапонски сервис за чај на Џорџ ХарисонЈапонскиот сервис за чај, купен од англискиот гитарист, пејач и поранешен член на Битлси Џорџ Харисон во 1966 година за време на турнејата на Битлси низ Јапонија, е изложена во музејот на Битлси во Ливерпул.Сервисот, еден од трите купени од Харисон во Јапонија, му го подарил менаџерот на турнејата Нил Аспинал на неговиот син Роаг Бест, кој сега го води музејот на Битлси. Како што изјави, на тридневната турнеја, Битлси свиреле за повеќе од 10.000 луѓе по концерт. „Битлеманијата навистина ја погоди Јапонија. Тие не можеа да ја напуштат хотелската соба“, рече Бест, кој е син на Аспинал и Мона Бест и полубрат на Пит Бест, оригиналниот тапанар на Битлси. Тој изјавил дека неговиот татко, маскиран, го придружувал Џон Ленон, додека еднаш излегувале од хотел во Токио, еднаш излегол и Пол Макартни со маска, но Ринго Стар и Харисон останале заклучени во собите. „Тие сакаа да купуваат работи на турнеја, но бидејќи не можеа да излезат, луѓето ги носеа своите производи во нивните соби. Џорџ купи три многу украсени јапонски чајни комплети кои потоа ги испрати назад во Англија. Чуваше еден, татко ми дозволи тој да избира од преостанатите два, а третиот и го дал на мајка си“, рекол Бест, пренесува Би-Би-Си. Сервисот е префрлен во Ливерпул, во куќата на Мона Бест, сопственик на клубот „Касба“. Бест изјавил дека на сетот недостасуваат три чаши кои ги скршил кога имал 15 години. Тој додаде дека се надева дека сервисот за чај ќе биде од особен интерес за фановите на Битлси од Јапонија кои го посетуваат музејот во Ливерпул. „Фан клубот на Битлси е еден од најголемите по членство и има околу 40.000 фанови. Мислам дека ова ќе им се допадне“, рече Бест.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНиколовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
МакедонијаСДСМ: По Груевски, слободен е и Латас - јасен доказ дека Мицкоски управува со ОбвинителствотоПо ослободителната пресуда за Никола Груевски, сега и Драган Павловиќ Латас е ослободен затоа што Обвинителството се откажало од обвинението. Ова е уште еден јасен доказ дека Христијан Мицкоски директно управува со Обвинителството и со правосудството. Кога е во прашање некој близок до ВМРО-ОКГ или до самиот Мицкоски, обвиненијата исчезнуваат. Кога е во прашање политички неистомисленик или критичар на режимот, тогаш Обвинителството е многу ревносно и ефикасно. Ова е токму она што го спречува европскиот пат на Македонија. Европската унија бара независно судство и независно обвинителство. Додека Мицкоски има контрола врз тоа кој ќе биде гонет, а кој ќе биде заштитен, Македонија не може да напредува кон ЕУ. Наместо независна институција која ја штити државата од криминал, имаме обвинителство кое работи по нарачка, да го штити режимот и неговите луѓе. Ова не е правна држава. Ова е систем во кој Мицкоски одлучува кој е над законот. Скопје, 16.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Преку 6 милиони евра инвестираме во општина Кисела Вода во инфраструктураПреку 6 милиони евра инвестираме во општина Кисела Вода во инфраструктура. Даваме силна поддршка за урбан развој на општинатаЕднаква грижа водиме за развој на сите општини низ државата. Само во Кисела Вода инвестираме преку 386 милиони денари за патишта и урбан развој, што е огромна поддршка за општината, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од работната посета на општина Кисела Вода. Тој заедно со градоначалничката Бети Стаменковска извршија увид во реконструираната улица ”Лазар Димитров” проект што се реализира преку Министерството за транспорт во износ од 3,6 милиони денари. “Во oпштина Кисела Вода само преку Министерството за транспорт се реализираат проекти во вредност од 386 милиони денари или некаде околу 6 и пол милиони евра, што е една сериозна сума и една сериозна поддршка за општината. На тоа секако се надоврзува и буџетот кој што го има општината. Во изминатиов период се завршија уште пет улици, а додека вкупно доколку гледаме, во изминатиов период имаме преку 20 активни проекти. Она што исто така можам да го кажам е дека во следниов период ќе продолжиме да ја поддржуваме општината, градоначалничката има тим и визија како да ја развива општината, така што еден урбан развој со поддршка од Градот, секако поддршка од Владата и од Министерството за транспорт, сум убеден дека ќе имаме уште повеќе резултати”- изјави заменик претседателот Николоски. Градоначалничката Бети Стаменковска истакна со поддршката што ја овозможува Владата како и со средства од буџетот на Општината, се реализираат проекти за поурбано и поквалитетно живеење во општината. Санацијата на свлечиштето на патот за “Tефериџ” во Кисела Вода го презема Министерството и очекувам следната недела да распишеме тендер за санација и стабилизација, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. “ Toa e еден голем, исклучително сериозен проблем, имајќи предвид дека се работи за сериозно свлечиште. Гледате дека со автопатите, особено на Охрид – Кичево, стекнавме едно такво искуство. Проблематиката е далеку поголема од можностите и капацитетите коишто ги имаат општина Кисела Вода и Градот Скопје. Затоа, премиерот Мицкоски реализираше една координација на работна средба помеѓу нас, Општината и Градот. И овој вторник, на седница на Влада, донесовме одлука со којашто целокупниот проект го презема Министерството за транспорт. Веќе имаме изработено проект за стабилизација и санација и очекувам во најскоро можно време, а тоа е непосредно следната недела, да излезе тендерот за избор на Изведувач. После кој, некаде за месец, месец и половина, кога ќе се избере Изведувач, да можеме да работиме на санација и пред почетокот на зимата таа санација да биде завршена, така што целокупната проблематика ја презема Владата преку Министерството за транспорт” – истакна Николоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизСе породи Анастасија Ражнатовиќ – ќерката на Цеца Ражнатовиќ го роди својот синАнастасија Гудељ, ќерката на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, вчера се породи и на свет донесе машко дете. Анастасија девет месеци ја чуваше бременоста во тајност и не се огласуваше на социјалните мрежи. Како што се дознава, породувањето поминало во најдобар ред, а мајката и бебето се чувствуваат добро. Анастасија се породи во приватна клиника во Севиља, каде што семејството има куќа и каде таа се пресели откако се омажи за фудбалерот Немања Гудељ. Со раѓањето на синот, семејството Гудељ го доби својот најмлад член, а нивниот живот започна ново поглавје исполнето со љубов, радост и спомени кои допрва доаѓаат. На својот профил на Инстаграм, Анастасија објави дека на синот му го дале името Илијан – име кое не е многу често на овие простори, но зад себе носи силна симболика и богата традиција. Фото: Инстаграм/raznatovicanastasija Се смета дека името Илијан потекнува од името Илија, кое има длабоки библиски корени. Изведено е од хебрејското име Eliyahu, чие значење најчесто се толкува како „Бог е мој Господ“ или „оној што му припаѓа на Бог“. Во некои култури, Илијан се толкува и како име што симболизира сила, светлина, вера и заштита.Тагови: Цеца Ражнатовиќ Анастасија Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНиколовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08