Татко и син нападнале екипа на Итната помош во Скопје, расправијата започнала поради транспорт на пациент
Извештајот на ЕК на заедничката седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции
1Татко и син нападнале екипа на Итната помош во Скопје, расправијата започнала поради транспорт на пациент
2Извештајот на ЕК на заедничката седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции
3Лишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 158 км/час на место каде дозволената брзина е 80 км/час
СветПропалестински протести низ САД, во Берлин и во Париз- уапсени се стотици студенти (ВИДЕО)Најмалку 40 пропалестински протестни кампови се појавија во кампусите низ САД, по примерот на оној што се појави на Универзитетот Колумбија претходно овој месец.Студентски протести избувнаа и во главниот град на Германија, каде денеска полицијата почна да го отстранува пропалестинскиот камп поставен од активисти пред парламентот, пренесе Индекс. Демонстрантите во Германија бараат од владата да го прекине извозот на оружје за Израел и да го запре, како што ја нарекуваат криминализацијата на палестинското движење за солидарност, додека во САД студентите бараат прекин на огнот во Газа и прекин на соработката меѓу универзитетите и компаниите поврзани со Израел. BREAKING: The Emerson College Encampment is being swept by the Massachusetts State Troopers WILD FOOTAGE pic.twitter.com/13ypbgf7Uj — Stu (@thestustustudio) April 25, 2024 Повеќето собири во САД се мирни, но стотици студенти и други демонстранти се уапсени. Имаше и жестоки судири со полицијата. Најмалку 100 студенти беа уапсени вечерва, главно на колеџот Емерсон во Бостон, додека дваесетина студенти беа приведени на Државниот универзитет во Охајо. Снимките од Колумбус, Охајо покажуваат судири меѓу полицајци и демонстранти кои се собраа во кампусот од минатата ноќ. Полицијата им нареди на демонстрантите да си заминат, а оние кои одбија да заминат беа уапсени и обвинети за неовластено преминување, изјави портпаролот на универзитетот Бенџамин Џонсон, повикувајќи се на правила кои забрануваат ноќни настани. Chaos on the #Ohio State campus as police drove demonstrators off the green and made well over a dozen arrests. pic.twitter.com/kdJdpeL0au — Gaza Under Attack_🇵🇸 (@Palestine001_) April 26, 2024 Групата „Студенти за правда во Палестина“ на Државниот универзитет во Охајо ги предупреди демонстрантите на ризикот од апсење на вчерашниот протест, на кој се собраа стотици студенти. Студентскиот весник Лантерн објави дека во текот на ноќта биле уапсени околу 30 демонстранти. „Срам да ви е ОСУ, нема да нѐ замолчите“, порача пратеникот Мунира Јасин Абдулахи во објава на Инстаграм. University students of Emerson university in Boston are forming ranks 4 lines thick whilst drilling how to resist the BPD who are nearby and threatening the encampment with arrest. pic.twitter.com/wc0XxtmAlJ — Commendable 2.0 🇵🇸🇾🇪🇮🇷🇱🇧🇮🇶🇸🇾 (@Commendable101) April 26, 2024 Полицајци со штитови синоќа околу 22 часот се приближиле до група од околу 250 демонстранти. Студентите формираа заштитен круг околу кампот пред полицијата да уапси 30 демонстранти, според Лантерн. Толпата продолжи да вее знамиња и да скандира „нека се молат“. View this post on Instagram A post shared by Rep. Munira Yasin Abdullahi🍉 (@munira_y.a) Во вторникот двајца студенти на овој универзитет беа уапсени на одделен протест во кампусот. Еден од уапсените демонстранти не бил поврзан со универзитетот, според Columbus Dispatch. Students say protesters were "dragged to the ground" by police as officers cleared a pro-Palestinian encampment at Emerson College. More details: https://t.co/Ql6jYXJq1s pic.twitter.com/gAMWTMfEtL — WCVB-TV Boston (@WCVB) April 25, 2024 Во меѓувреме, полицијата насилно расчистила шаторски камп во колеџот Емерсон во Бостон, а полицајците уапсиле 108 лица, според студентскиот весник Беркли Бикон. На видеата се гледа како полицијата ги тепа демонстрантите и ги соборува студентите на земја. 🇺🇸 Columbia University stands with Palestine 🇵🇸 pic.twitter.com/K5pibkqcCP — Dr. Anastasia Maria Loupis (@DrLoupis) April 23, 2024 Бројот на протестни кампови во кампусите порасна на повеќе од 40, објави утринава NBC. Демонстрантите се уапсени поради нарушување на мирот, пишува Беркли Бикон, а засега не е потврдено колку студенти има меѓу 108-те уапсени. Охајо и Емерсон се само неколку од колеџските кампуси со апсења среде бранот пропалестински протести, по примерот на Универзитетот Колумбија во Њујорк, каде што демонстрантите почнаа да поставуваат камп среде кампусот минатата недела. Pro Palestine Protest Riots Nationwide Universities this is what they are doing in Texas to these domestic terrorists i fully supported it pic.twitter.com/0Ozp9MxedP — dustin mills (@dustinemills24) April 24, 2024 Кампови во знак на солидарност со Колумбија, каде што се појави првиот протестен камп, се појавија на Универзитетот Емори во Џорџија, Северозападниот универзитет во Илиноис, Универзитетот Корнел во Њујорк, Универзитетот Џорџ Вашингтон во Вашингтон, Универзитетот Принстон во Њу Џерси, Сити колеџот во Њујорк и Универзитетот Харвард во Масачусетс. View this post on Instagram A post shared by red. (@redstreamnet) Студентите на Универзитетот Емори и колеџот Морхаус во Џорџија, исто така, организираа протести, а во средата имаше насилни судири и апсења на Универзитетот во Јужна Калифорнија и на Универзитетот во Тексас во Остин. Берлинската полиција денеска ги демолираше шаторите пред парламентот, насилно ги отстрани демонстрантите и ја блокираше околината за да го спречи доаѓањето на другите демонстранти. Берлинскиот логор „Besetzung Gegen Besatzung“ („Окупација против окупацијата“) беше отворен на 8 април, кога започнаа рочиштата за случајот на Никарагва, кој ја обвини Германија пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) за „олеснување на геноцидот“ на Палестинците со воена и политичка поддршка на Израел. „Идејата беше да се привлече вниманието на германското учество и активното олеснување на израелскиот геноцид во Газа“, рече организаторот на кампот Јара Насар. View this post on Instagram A post shared by red. (@redstreamnet) Полицијата соопшти дека одлуката за забрана на кампот, кој доби дозвола на почетокот на протестот, е донесена поради повеќекратни прекршувања од страна на поединечни демонстранти, вклучително и употреба на неуставни симболи и забранети пароли. „Заштитата на собирот не може да се гарантира во овој момент бидејќи јавниот ред и мир се значително загрозени“, рече портпаролката на полицијата Ања Диершкесаид, додавајќи дека шаторите морале да бидат отстранети поради локалните правила за одржување на тревникот. „За германската влада тревата е поважна од животите на повеќе од 40.000 невини луѓе во Газа, кои беа убиени од израелската армија“, рече еден од демонстрантите. Студентите го блокираа пристапот до престижниот париски институт за политички студии (Sciences Po) поради војната во Газа. Тие бараат Универзитетот да ги осуди постапките на Израел. Извикувајќи ја својата поддршка за Палестинците, студентите денеска закачија палестински знамиња од прозорците и над влезот на зградата. BREAKING: Happening now in Paris, France! Students from Sciences Po rise in solidarity for a free Palestine, fueling the global students uprising against Israel’s genocide. “We won’t move! We stay here!” (On bougera pas! On reste ici!) 🇵🇸🔥 pic.twitter.com/g60X0KWHgU — sarah (@sahouraxo) April 26, 2024 „Се надеваме дека протестите ќе се прошират на сите универзитети и пошироко... Нема да попуштиме додека не заврши геноцидот во Газа“, рече тој. Во средата вечерта полицијата ја отстрани првата група студенти кои го блокираа Sciences Po, пренесоа француските медиуми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТатко и син нападнале екипа на Итната помош во Скопје, расправијата започнала поради транспорт на пациентШеесет и двегодишен скопјанец што испил антифриз по што со син му излегле со автомобилот за да бараат лекарска помош, со пцовки, тупаници и шлаканици се пресметувал со доктор и сестра од Итната медициска службаШеесет и двегодишен скопјанец што испил антифриз по што со син му излегле со автомобилот за да бараат лекарска помош, со пцовки, тупаници и шлаканици се пресметувал со доктор и сестра од Итната медициска служба пред поликлината „Јане Сандански“ во Аеродом во саботата попладне. До инцидентот дошло по вербална расправија откако неговиот син пришол до медицинската екипа што се враќала од интервенција по сообраќајна несреќа, објаснува вработен во службата што сведочел на насилството врз неговите колеги, а кој сакаше да остане анонимен. Човекот што барал медицинска помош не покажувал знаци на труење поради што докторот ги упатил на Токсикологија да отидат со нивниот автомобил или да се јават на 194 за да имаат тие налог кој им е неоходен за да интервенираат. -Дојде синот, го фати докторот за гуша, а од страна, странично доаѓа татко му, човекот што бара помош, а го удира докторот со бокс, му удара шлаканица и го тегне за коса. Во меѓувреме, ја удира и сестрата, ја тегне за коса, и врзува шамар, па доаѓа мене ме фаќа за врат. Јас се отргнав од него, ми ја потегна маицата, мање више. Јас него само гу турнав. Луѓе кои бараат помош не може така да се однесуваат, не сме ние на улица најдени, најдено-изгубено. По инцидентот била повикана полиција која го придружувала таткото до Клиниката за токсикологија, а докторот и медицинската сестра биле пренесени на Ургентен центар поради повредите, па во станица да дадат изјави. Од МВР го потврдија настанот, и велат дека синот е лишен од слобода. Татко му се уште е на Токсикологија, а иако навистина испил антифриз е надвор од животна опасност. -Пациентот е хоспитализиран и третиран по протокол како труење со антифриз, дијализиран и се очекува деновиве да го пуштиме од болница, точно кога ќе зависи од анализите. - д-р Иса Муса – Клиника за токсикологија Од Клиниката велат дека пред да биде пуштен од болница, МВР ќе биде информирано со цел да може на време да постапува. Лекарската комора но и од Здружението на медицински сестри „За нас“ најостро го осудија инцидентот со порака „Стоп за насилството во здравството. Оттаму упатија апел надлежните да го расчистат случајот, да ги утврдат сите околности и да преземат соодветни законски мерки кон сторителите, а Министерството за здравство иц раководствата на здравствените установи да преземат системски мерки за зголемување на безбедноста на здравствените работници на нивните работни места. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИзвештајот на ЕК на заедничката седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграцииМакедонија е меѓу државите со највисоко ниво на подготвеност и усогласеност со ЕУ во надворешната и безбедносната политика.Македонија е меѓу државите со највисоко ниво на подготвеност и усогласеност со ЕУ во надворешната и безбедносната политика, реформската агенда доби на динамика, но поптребно е уште работа во правосудството, борбата против корупцијата и администрацијата, порача евроамбасадорот Михалис Рокас за Извештајот на ЕК кој се најде пред пратениците на заедничката седница на собраниската Комисија за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции. Рокас ги повтори И клучните услови за отворање на преговорите со Еу. -Како што знаете, следната фаза на пристапните преговори зависи од чекори со коишто се договоривме заеднички во минатото. Прво, уставните измени, второ, договор за јавната администрација, но и реформите во правосудството како и акциските планови што доаѓаат со истите. Се заедно ќе овозможи отворање на поглавјето број 1. Штом преговорите се отворат целосно, С. Македонија ќе може да продолжи со својата работа и ќе може да го движи процесот побрзо, изјави Рокас. Според претседателката Гордана Сиљановска Давкова добро е што во извештајот нема констатирано уназадување, иако како што рече, напредокот оди бавно. Уставните измени според неа, се наметнат услов надвор од правото на ЕУ, а од Унијата очекува очекува поголема предвидливост. -Мора да сториме нешто сите заедно, и ние, и нашите соседи, и нашите европски партнери, за да излеземе од лавиринтот. Секој што ќе тврди дека се работи само за уставни измени, сметам дека не е искрен. Или има намера или нема желба да ја разбере заднината на нашата загриженост. Во оваа смисла сакам да посочам дека мојата порака кон сите наши соседи е дека добрососедските односи мора да бидат мост кон ЕУ, а не инструмент за неодредено одложување на европската перспектива на соседот, изјави претседателката. Сепак, власта и опозицијата остануваат со дијаметрално спротивставените позиции за европската перспектива на Македонија. Филипче го повика Рокас да помогне, како што рече против антиевропската пропаганда на власта, Милошоски му одговори дека самите презеле обврски што не можат да ги исполнат. Во годишениот извештај на ЕК најголем напредок беше забележан во дигитализаицјата, а најголемите критики беа за борбата против корупцијата, во која не нотирале никаков напредок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 158 км/час на место каде дозволената брзина е 80 км/часНа 22.11.2026 во 19:40 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ѓ.К.(59) од Србија. При проверка на патничко возило „ауди“ со српски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека преку системот „Безбеден град“ бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено, на 19.11.2026 на автопатот Демир Капија-Гевгелија тој го управувал возилото со брзина од 158 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. Тој бил спроведен во Полициска станица Неготино, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Тагови: Табановце Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28