Вечерни Вести на Канал 5, 04.05.2026 - Канал 5

Вечерни Вести на Канал 5, 04.05.2026

Вечерни Вести на Канал 5, 04.05.2026
Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фатен е на дело измамник од Кавадарци, кај него се пронајдени 2.000 евра

Фатен е на дело измамник од Кавадарци, кај него се пронајдени 2.000 евра, претходно криминалистичко - технички обработени.

Фатен е на дело измамник од Кавадарци, кај него се пронајдени 2.000 евра

Фатен на дело измамник од Кавадарци, кај него се пронајдени 2.000 евра, претходно криминалистичко - технички обработени

На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски плоштад во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци во соработка со полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(32) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од 50-годишна кумановка дека ја измамил за сума од 9 000 евра. Според пријавеното, тој и ветил дека ќе и посредува за добивање на странски пасош за 400 евра, а потоа и барал повеќе парични средства и за кратко време му дала вкупно 9.000 евра и се уште продолжил со побарувањата.

По преземените мерки, кај него биле пронајдени 2 000 евра, кои ги земал од пријавителката, а кои претходно биле криминалистичко - технички обработени од полициски службеници од ОВР Кавадарци. Тој бил задржан во полициска станица, а потоа и изведен пред јавен обвинител, каде го признал делото. По документирање на настанот против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „измама“ по член 247 став 1 од Кривичниот законик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во понеделник наутро штрајк на грчките царински службеници на граничните премини

На 27.07.2026 (понеделник) е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија).

Во понеделник наутро штрајк на грчките царински службеници на граничните премини

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, на 27.07.2026 (понеделник) е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија).

Во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време), на наведените гранични премини патничките возила ќе се пропуштаат на секои 10 минути додека товарниот сообраќај ќе биде целосно во прекин за влез и излез од Република Грција.

Од страна на МВР ќе се преземат сите мерки и во функција ќе бидат ставени сите човечки и технички капацитети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димовски во работна посета на ТИРЗ Штип: остануваме целосно посветени на поддршката на постојните компании

Директорот Гоце Димовски денес оствари  посета на ТИРЗ Штип, при што беа реализирани работни средби со менаџментот на компаниите Адиент, Кондево и Техникал Текстајлс. 

Димовски во работна посета на ТИРЗ Штип: остануваме целосно посветени на поддршката на постојните компании

За време на посетата беа разгледани тековните активности на компаниите, нивните развојни планови, како и можностите за понатамошно унапредување на деловното опкружување и условите за работа во рамки на зоната. Во разговорите беше потенцирана важноста од континуираната комуникација помеѓу институциите и инвеститорите, со цел навремено адресирање на сите предизвици и создавање услови за нови инвестиции, технолошки развој и отворање нови работни места.

Директорот Димовски ја истакна посветеноста на Владата кон обезбедување стабилна и предвидлива деловна средина, нагласувајќи дека директната комуникација со компаниите претставува клучен елемент во креирањето политики кои ќе придонесат за натамошен економски раст и зголемување на конкурентноста на македонската економија. Тој посочи дека покрај привлекувањето нови инвеститори, Дирекцијата останува целосно посветена на поддршката на постојните компании, преку навремено препознавање и надминување на предизвиците со кои се соочуваат.

Од страна на менаџментот на компаниите беа презентирани тековните активности, остварените резултати и плановите за понатамошен развој и инвестиции. Воедно, беше изразено задоволство од досегашната соработка со Дирекцијата за ТИРЗ, како и подготвеност истата да продолжи и дополнително да се интензивира во наредниот период.

Во рамки на посетата беше реализирана и обиколка на производствените капацитети на компаниите. Посетата претставува дел од континуираните активности на Дирекцијата за ТИРЗ насочени кон одржување редовна комуникација со инвеститорите, унапредување на деловната клима и создавање поволни услови за понатамошен развој, нови инвестиции и отворање квалитетни работни места.

Дирекција за ТИРЗ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер