Владата бара решение за проблемот со Бугарија и откочување на европските интеграции - Канал 5

Владата бара решение за проблемот со Бугарија и откочување на европските интеграции

Постои позитивен имплус за изнаоѓање механизам за деблокада на евроинтеграциите и земјава континуирано преговара и со европските претставници и со официјална Софија.

Владата бара решение за проблемот со Бугарија и откочување на европските интеграции

Постои позитивен имплус за изнаоѓање механизам за деблокада на евроинтеграциите и земјава континуирано преговара и со европските претставници и со официјална Софија, но конкретно решение засега нема, посочи шефот на дипломатијата Муцунски. Вели разговорите ќе продолжат и натаму и уште еднаш потенцираше дека Македонија нема да остапи од националните интереси – јазикот и идентитетот, а на сите досегашни средби се укажувало и на ризикот од билатерализација на процесот.

„Содржината на тие разговори и деталите не ги претставуваме поединечно пред јавноста, бидејќи тогаш би воделе преговори и разговори пред јавноста и тоа не би донело до никакво решение. Сум кажал дека ние немаме алтернатива освен да бараме решение, но тоа што ја уверувам македонската јавност е дека било кое решение ќе биде во рамките на принципите и постулатите коишто владата јавно ги има кажано. А дали работиме за решение, секако дека работиме и не сме престанале да работиме за изнаоѓање на праведливо и одржливо решение во изминатите две години“– Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи.

Ставот на Муцунски е дека протоколите потпишани со Бугарија не се дел од преговарачката рамка и дека во неа нема експлицитна одредба која се однесува на моментот на влегување во сила на уставните измени. Не прецизираше дали како опција на маса во разговорите повторно се и уставни измени со одложено дејство. Македонија вели ќе продолжи да инсисистира и на целосно и доследно спроведување на пресудите од Стразбур за непочитување на правата на Македонците во Бугарија.

„Согласно моето толкување како министер и како правник протоколите не се дел од преговарачката рамка. Преговарачката рамка нема ниту експлицитна, ниту имплицитна одредба според која влегувањето во сила на уставните измени претставува некаква одредница за одблокирање на преговарачкиот процес. “– Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи.

Во однос на евентуални можи закани од Иран поради поддршката која земјава ја дава на воените акции на САД во Заливот, Муцунски вели дека такви закани во моментот нема, а во случај да има безбедносните институции и НАТО ќе ги превенираат истите. Иран пред некој ден упати директно предупредување до Бугарија дека ќе ја смета за непријателска земја поради најавеното распоредување американски воени авиони на нејзина територија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Народот гледа што Муцунски договори во Софија

Народот гледа дека се работи под маса и „под радар“. Гледа што договарал Тимчо Муцунски на средбите во Софија.

СДСМ: Народот гледа што Муцунски договори во Софија

Гледаме дека едно се кажува пред граѓаните, а далеку од очите на јавноста, Ива Михаилова, обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, е пуштена преку граница. Иако судот ѝ ги одзел двата пасоша.

Самата вели дека ја поминала границата легално, со лична карта, и дека службениците на границата знаеле. МВР вели дека нема евидентиран излез.

Граѓаните не се наивни. Гледаат и знаат сè. Вака се договараат бегствата од правдата.

Со Мицкоски, Тошковски и ВМРО, границата е решето и за 5 тони дрога и за бегалци од правдата.

Класичен шаблон на ВМРО — организираната криминална група.

Оставка веднаш од Панче Тошковски. По сите скандали, тој прв треба да понесе одговорност.

СДСМ бара да се утврди кој сè е вмешан во ова договорено бегство и сите да понесат одговорност.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Асфалтиран крак на „Истарска“ во Ново Маало

Општина Центар го заврши асфалтирањето на крак на улицата „Истарска“ во населбата Ново Маало, на површина од 378 квадратни метри. 

Герасимовски: Асфалтиран крак на „Истарска“ во Ново Маало

Со овој зафат се подобрува пристапот до домовите и се овозможува полесно и побезбедно движење на жителите.

„Секој зафат што им го олеснува секојдневието на граѓаните е важен. Го асфалтиравме кракот на „Истарска” во Ново Маало и обезбедивме поуреден пристап до домовите на жителите. Продолжуваме да ги уредуваме улиците низ Центар, со внимание и на помалите улични краци“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Општина Центар продолжува со вложувања во локалната патна инфраструктура за подобри услови за живеење во населбите.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку Зеленски

Трамп изјави дека верува оти Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку украинскиот претседател  Зеленски, додека истовремено одби директно да ја обвини Москва за прекршување на прекинот на огнот.

Трамп: Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку Зеленски

Одговарајќи на новинарско прашање за руските напади врз украинската енергетска инфраструктура, и покрај најавениот прекин на огнот, Трамп рече дека ќе ги разгледа информациите, додавајќи дека прекршувања имало „од двете страни“. Запрашан како планира да го убеди Путин да го почитува договорот, американскиот претседател посочи дека, покрај Москва, и Киев треба да направи дополнителни чекори. „Мислам дека Путин сака да постигне договор, а ние мора да го натераме зеленски да побара да се направи договор“, рече Трамп.Тој додаде дека, според неговата проценка, рускиот претседател е повеќе заинтересиран за договор отколку украинскиот лидер. Зеленски нагласи дека Украина е подготвена да ги запре нападите врз руската енергетска инфраструктура доколку и Москва го направи истото. Како доказ за тоа, рече дека украинските сили не извршиле напади врз руски рафинерии во текот на ноќта, но дека руските беспилотни летала продолжиле со нападите врз Киев. Во изминатите денови Трамп предизвика бројни реакции по телефонскиот разговор со Путин, откако побара смена на Зеленски и најави договор за испорака на стотици илјади тони руски дизел во САД. Овој потег наиде на критики и во САД и во Европа. Повеќе американски сенатори, меѓу кои и републиканци, оценија дека таквиот договор би бил спротивен на забраната што конгресот ја усвои во 2022 година за увоз на руски енергенси, со цел да се ограничи финансирањето на руската воена машинерија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер