2СДСМ ја повикува власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
ФудбалГвардиола бара плата од 20 мил. евра на клупата на ИталијаСпоред дел од италијанските медиуми, еден од најтрофејните тренери во Европа во историјата, славниот Пеп Гвардиола бара нето-плата од 20 милиони евра по сезона од Италијанската фудбалска федерација за да ја преземе италијанската репрезентација.Според весникот *La Gazzetta dello Sport*, оваа сума веројатно би ги вклучувала и платите на дел од членовите на неговиот стручен штаб. Шпанскиот тренер во својата кариера која трае 17 сезони бил на чело на Барселона, Баерн Минхен и Манчестер Сити, правејќи пауза од само една година. Досега, во текот на својата тренерска кариера, тој заработил над 320 милиони евра бруто-плата, без да се сметаат бонусите за освоените трофеи. вардиола го презеде својот прв сениорски тим во 2008 година, преминувајќи од резервниот тим на Барселона во првиот тим. Во текот на првите две сезони, тој заработувал годишна нето-плата од 1,5 милиони евра. Бидејќи уште во таа прва сезона освоил шест трофеи, неговата реална заработка – зголемена со бонусите – веројатно била значително повисока. Со првото продолжување на договорот во 2010 година, неговата плата се зголеми на околу осум милиони евра нето, а една година подоцна – на 10 милиони. За време на четирите години во Барселона, тој заработи приближно 21 милион евра нето, односно околу 44 милиони евра бруто. По заминувањето од Барселона, Гвардиола помина една сезона без тренерски ангажман. Во летото 2013 година, тој го презеде Баерн Минхен и потпиша тригодишен договор. Баварскиот клуб му плаќаше 17 милиони евра бруто по сезона, што значи дека тој заработи вкупно 51 милион евра за време на трите години поминати во Германија. Најголемата заработка ја направи со трансферот во Манчестер Сити во 2016 година. Според првичниот договор, тој заработувал 19 милиони евра бруто по сезона. Подоцна, тој го продолжуваше договорот во 2018, 2020 и 2022 година, при што неговата годишна плата констатно се зголемуваше и достигна околу 23 милиони евра бруто. По новото продолжување на договорот во 2024 година, таа сума се искачи на 25 милиони евра. За време на десетте години на чело на Манчестер Сити, тој заработил приближно 226 милиони евра во бруто-плати. Вкупната заработка на Гвардиола од основните плати се проценува на над 320 милиони евра (бруто): 44 милиони евра во Барселона 51 милион евра во Баерн 226 милиони евра во Манчестер Сити. Во оваа сума не се вклучени бонусите за бројните освоени трофеи, што значи дека неговата реална заработка е многу поголема. Доколку ја прифати работата како селектор на италијанската репрезентација под наведените услови, тој би останал меѓу најплатените тренери во светот.Тагови: Пеп Гвардиола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСтрашен пожар на Халкидики, стигна до куќите (ВИДЕО)Страшниот пожар што избувна на Халкидики, на првиот крак, стигна до Сивири.Големиот пожар што беснее на Касандра од пладне, стигна до куќите во Сивири, а сцените од ова подрачје се драматични. View this post on Instagram A post shared by Nikana.gr🔹Letovanje u Grčkoj (@nikana.gr) Пожарот, кој започнал во ниска вегетација, а потоа се проширил на шумска површина, сега стигнал до населбата Сивири, каде што според информациите, горат куќи. Во исто време, ситуацијата на терен останува многу тешка, а силните ветрови го отежнуваат гаснењето, додека пожарникарите се борат да ја контролираат противпожарната линија. Ситуацијата најдобро ја опишува изјавата на поранешниот градоначалник на Касандра, Костас Папајанис, кој е на терен. „Пожарот стигна до Сивири. Голема катастрофа“, рече Папајанис, опишувајќи ја ситуацијата.Тагови: Халкидики Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ ја повикува власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатитеСДСМ ја повикува Владата веднаш да направи целосни анализи на водата во целата држава и јавно да ги објави резултатите, откако секојдневно излегуваат нови информации за небезбедна и загадена вода во различни населени места. Маја Борозан од СДСМ, на денешната прес-конференција, посочи дека случајот со Гостивар е показател за нефункционалноста на системот и за задоцнетото постапување на институциите во секој чекор од кризата. „Гостивар е показател за целосниот распад и нефункционалноста на системот. Се покажа Мицкоски и ВМРО не знаат и не се способни да менаџираат криза, не можат да го заштитат здравјето на граѓаните. Задоцнија во секој чекор. Од прогласување на епидемија, до преземање на превентивни мерки“, рече Борозан. Таа додаде дека Гостивар не е изолиран случај. Во над 50 населени места водата за пиење не е безбедна, а секојдневно излегуваат нови информации за општини каде што водата е загадена и повика власта да направи анализа на водата во цела држава. „Во над 50 населени места водата за пиење не е безбедна. Секојдневно излегуваат нови информации за општини кад е што водата е затруена.Цела држава е отруена.Во вакви услови, кога секојдневно излегуваат нови информации за загадена вода, власта на Мицкоски не прифаќа да се направи анализа на водата во цела држава и јавно да се објават резултатите. Зошто? Граѓаните од цела Македонија имаат право да знаат каква е водата што ја пијат“, рече Борозан. Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче за 25 години од Охридскиот договор: Соживот, а не поделби и омразаПо повод 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, порача дека договорот е темел на мирот, соживотот и демократската иднина на државата. Филипче нагласи дека Македонија е заеднички дом на сите граѓани и дека различностите треба да бидат наша сила, а не алатка за политички поделби и ширење омраза, но денес, наместо да се негуваат вредностите на мирот, дијалогот и меѓусебното почитување, власта на Мицкоски повторно ги разгорува поделбите и создава атмосфера на страв и омраза. „Денеска одбележуваме 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој беше ставен крај на вооружениот конфликт во 2001 година и се потврди територијалниот интегритет и демократската иднина на Македонија. Токму најголемата сила на нашата држава е во тоа што е заеднички дом на Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други наши граѓани. Различностите се дел од нашето општество и наша обврска е да ги негуваме како вредност, а не да ги користиме за политички поделби. Охридскиот рамковен договор е потсетник дека мирот, дијалогот и компромисот се секогаш посилни од конфликтот, поделбите и омразата. По 25 години, сите имаме должност да ја градиме иднината на Македонија низ соживот, еднаквост и меѓусебно почитување – а не со поделби, навреди и омраза. Но токму во овие денови го гледаме спротивното. Криминалната група ВМРО и Мицкоски ја водат класичната кампања на Ванчо Михајлов - кампања за ширење омраза и поделби. Народот го нарекуваат „талог“. Ги делат граѓаните. Создаваат непријател. Сеат страв. Додека зборуваат за мир и соживот, во пракса прават сè за да го уништат. Македонија заслужува да биде просперитетна, интегрирана држава - дел од Европа, каде секој граѓанин ќе се чувствува сигурен во сопствената земја. Не со поделби. Не со омраза. Не со етикети како „талог“. Со вистина, со правда и со достоинство“, посочи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00