Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
1Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
2НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)
1Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)
АвтомобилизамVauxhall ја открива целосно новата Astra Sports TourerПрактична, современа и просторна: Vauxhall ја открива целосно новата Astra Sports Tourer• Премиера: целосно новата Astra Tourer е првиот караван на Opel што ја содржи новата смела и елегантан дизајнерска филозофија на Opel • Електрифициранa: Веднаш достапна од почеток на продажбата со plug-in хибриден погон • Пространа: Практичниот багажник овозможува складирање до 1634 литри • Паметна: подвижен под „Intelli-Space“ кој ги оптимизира волуменот и практичноста на багажникот • Карактеристика: лицето на брендот Opel визирот и дигиталниот cockpit Pure Panel • Комфор: ергономските седишта сертифицирани од AGR* (Кампања за поздрав грб) обезбедуваат оптимална удобност и поддршка По светската премиера на најновата генерација на хечбегот Astra во септември, Opel денеска го претстави караван моделот, целосно новата Astra Sports Tourer. Најновиот модел ќе биде достапен со plug-in хибриден погон уште од самото лансирање, што ќе го направи првиот електрифициран караван на британскиот производител. Првиот смел и елегантен караван: целосно новaта Astra Sports Tourer со Vauxhall визирот и Pure Panel Заедно со Astra хечбегот со пет врати, современата Astra Sports Tourer е вистинско дизајнерско остварување и првиот караван на Opel што ја носи новата смела и елегантна дизајнерска филозофија на брендот. Opel визирот во предниот дел има единствена, елегантна плоча во која се сместени новото лого на Griffin и различните системи за помош на возачот при возење и безбедност, овозможувајќи и на Astra Sports Tourer да постигне елегантен и остар преден изглед. На предниот дел на визирот се сместени и LED предните светла и предната камера. Позади, во центарот на задната врата се наоѓа Opel Griffin. Задниот дел ги има истите вертикално порамнети, високо монтирани стоп светла како кај Astra хечбегот - дополнително зајакнувајќи ги семејните врски на Astra. Дизајнерската револуција продолжува во внатрешноста. Целосно дигиталниот интерфејс човек-машина Pure Panel (HMI) им нуди на клиентите возбудливо, интуитивно искуство и се одликува со 10” инструмент табла и 10” дигитален екран на допир. Важните поставки како што е контролата за клима уредот сè уште може да се изберат директно преку физичките прекинувачи под централната конзола за полесен пристап. Astra Sports Tourer им обезбедува на возачите и патниците најново поврзување со паметните телефони, со безжичните Apple CarPlay™ и Android Auto како стандардни во сите модели. Со должина од 4.642 mm, ширина 1.860 mm и висина 1.480 mm и со висина на товарење од 600 mm, практичната Astra Sports Tourer дополнително ја зајакнува водечката репутација на Opel во сегментот на каравани и е уште еден приказ на познатиот талент на Opel за ефикасно пакување. Целокупната должина е 60 mm пократка во споредба со претходната генерација на Astra Tourer, благодарение на краткиот преден испуст и се одликува со 57 mm подолго меѓуоскино растојание во споредба со целосно новата Astra хечбег, од 2.732 mm. Практичен и разноврсен: подвижен под „Intelli-Space“. Багажникот на Astra Sports Tourer обезбедува до 608 литри корисен простор за складирање со исправени задни седишта и до 1.634 литри кога се преклопени. Дополнително, кога се преклопуваат поделените задни седишта 40:20:40, подот е целосно рамен – што го олеснува товарењето на долгите и гломазни предмети. Дури и со својата подна литиум-јонска батерија, plug-in хибридната верзија нуди волумен од 548 литри и 1.574 литри. Бензин и дизел верзиите на Astra Sports Tourer може да се опремат со опционалната функција „Intelli-Space“. Овој подвижен под за товар може лесно да се прилагоди со една рака во висока и ниска позиција и да се навалува под агол од 45 степени. Дополнително, за уште поголема удобност, капакот за складирање во багажникот што се извлекува може да се складира кога подвижниот под е и во горна и во долна положба - за разлика од конкурентите кои дозволуваат складирање на капакот само кога подот е во горна позиција. Astra Sports Tourer со „Intelli-Space“ исто така може да го олесни животот во случај на дупнат пневматик. Комплетите за поправка на пневматици и прва помош се чуваат во паметни подни прегради до кои може да се пристапи од багажниот простор или од задните седиштата. Ова значи дека комплетите може да се дофатат без да треба целосно да се отпакува багажникот. Извонреден комфор Astra Tourer, исто така, обезбедува незаменлива удобност за возачите, типична за Opel. Развиени од компанијата, предните седишта кај Astra Sports Tourer се сертифицирани од Aktion Gesunder Rücken е.V. / Кампања за поздрав грб (AGR)*. Ултра-ергономските седишта се најдоброто што може да го понуди компактната класа и се исклучително удобни, особено за долги патувања. Погони Astra Sports Tourer ќе биде достапна со plug-in хибридна технологија која произведува моќност до 225 КС. Покрај plug-in хибридните верзии, Astra Sports Tourer ќе биде достапна и со високоефикасни бензински и дизел мотори. Моќноста се движи од 110 КС до 130 КС кај бензинските и дизел верзиите. Шест-степениот менувач е стандарден кај бензинските и дизел погонските единици, додека plug-in хибридните верзиите се стандардно со осумстепената автоматика на Opel. Забелешка * AGR (Кампања за поздрави грбови) е независен центар за извонредна ергономија, со седиште во Германија. Дознајте повеќе овде: https://www.agr-ev.de/en/back-friendly-products/the-agr-seal-of-approvalКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
ЖивотТркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)Едноставна прошетка се претвори во драматичен инцидент за 19-годишник од Сантијаго, главниот град на Чиле.Младиот човек безгрижно одел по тротоарот кога, од никаде, пред него се појавило тркало од автомобил и со голема брзина излетало од правец на улицата. Тој поминал со полесни повреди Снимка од надзорна камера го забележала драматичниот момент во кој момчето било соборено на земја од силата на ударот, по што загрижените сограѓани му се приближиле. И покрај сè, 19-годишникот преживеал и бил пренесен во клиниката Санта Марија, каде што добил прва помош за повреди на челото, лицето и градите. Надлежните органи го идентификувале возилото од кое се откинало тркалото, како и возачот, а започната е истрага за да се утврдат околностите на бизарниот инцидент. ⚠️ CCTV footage captures the moment a rogue wheel came flying, seemingly out of nowhere, before striking a 19-year-old pedestrian in Santiago, Chile. https://t.co/SRBU6fODCV — TMZ (@TMZ) November 5, 2026 Тркалото удрило и во два автомобила Според изјавата на возачот, автомобилот бил паркиран во гаражата непосредно пред несреќата. Додека возел, едно од тркалата одеднаш се откинало, објавува Иефимерида. Прво удри во два автомобила, потоа се одби и со голема брзина летна на широкиот тротоар на авенијата Лос Леонес. Во следниот момент, силно го удри 19-годишникот одзади, соборувајќи го на земја.Тагови: момче тркало Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаАпокалиптични снимки од Нов Зеланд: Десетици китови умираат на плажа (ВИДЕО)Десетици китови-пилоти се пронајдени насукани на плажа на Северниот остров на Нов Зеланд, а спасувачите се обидуваат да ги вратат малкуте преживеани во морето, соопшти Одделот за заштита на природата.Најмалку 20 китови-пилоти се насукани по должината на брегот на Нгави, во близина на ’ртот Палисер, најјужната точка на Северниот остров, според „The Straits Times“. Одделот соопшти дека соработува со локалното племе Маори и Проектот Џона, организација специјализирана за спасување на насукани китови. Досега, две животни се успешно вратени во морето. Според локалните жители, дури 50 китови се насукале на брегот преку ноќ, објави Радио Нов Зеланд. Повеќето од животните им подлегнале на повредите, додека волонтерите се обидуваат да ги одржат преживеаните китови во живот и да спречат нивно дехидрирање користејќи кофи со вода и крпи. „Ужасно е. Оние што се уште се живи едвај дишат“, изјави жителот на Нгави, Роб Барг, за Радио Нов Зеланд. در پی بهگلنشستن گروهی از نهنگهای پایلوت (Pilot Whales) در سواحل منطقه ویراراپا، در نزدیکی دماغه پالیزر در جزیره شمالی نیوزیلند، گروهی از داوطلبان و نیروهای امداد حیاتوحش برای نجات این پستانداران دریایی وارد عمل شدند. بر اساس تصاویر منتشرشده از سوی خبرگزاری فرانسه (AFP)، داوطلبان برای بازگرداندن دستکم ۱۴ نهنگ به آبهای عمیقتر تلاش کردهاند. با این حال، گزارشهای منتشرشده از ابعاد گستردهتر این حادثه و تلفات سنگین آن حکایت دارند. وزارت حفاظت محیطزیست نیوزیلند اعلام کرده است که دو گروه از نهنگها در محدوده ساحلی نگاوی گرفتار شدهاند. بر اساس گزارش اولیه این وزارتخانه، در گروه نخست تنها چهار نهنگ زنده باقی مانده بودند و امدادگران در حال آمادهسازی برای تلاش مجدد جهت بازگرداندن آنها به دریا، همزمان با بالا آمدن آب بودند. گروه دوم نیز در نقطهای دیگر از ساحل تحت ارزیابی قرار داشت. شبکه «وان نیوز» نیوزیلند در گزارشی بهروزشده اعلام کرد که گمان میرود دستکم ۳۰ نهنگ در جریان این حادثه جان باخته باشند. در همین حال، برخی ساکنان محلی تعداد نهنگهای گرفتار را حدود ۵۰ رأس برآورد کردهاند. نهنگهای پایلوت حیواناتی اجتماعی هستند و اعضای یک گروه پیوندهای محکمی با یکدیگر دارند، به همین دلیل، هنگامی که یک نهنگ به سمت آبهای کمعمق حرکت میکند، سایر اعضای گروه نیز ممکن است از آن پیروی کنند و در نتیجه تعداد زیادی از آنها همزمان گرفتار شوند. — independentpersian (@indypersian) November 5, 2026 Проектот Џона објави на Фејсбук на 5 ноември дека четири од китовите се уште се живи и дека спасувачите ќе се обидат да ги вратат во морето при плима. Насукувањето на китови е релативно честа појава во Нов Зеланд и соседна Австралија, поради големиот број китови-пилоти кои ги населуваат длабоките води околу двете островски земји. Причината за феноменот е сè уште непозната.Тагови: китови Нов Зеланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
СветЛидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе Кенискиот суд денеска го осуди водачот на сектата Пол Мекензи на 200 години затвор за убиство на 190 деца кои биле изгладнети до смрт и закопани во шумата по негова наредба. Тие се меѓу околу 500 лица осомничени дека се поврзани со едно од најлошите масовни ритуални злосторства во модерната историја. Казната се состои од 100 години затвор за убиствата од глад и уште 100 години за директните убиства, изјави судијката Дијана Кавеџа читајќи ја пресудата, објави Ројтерс. Обвинителството изјави дека Мекензи, кој водел апокалиптична христијанска црква во шума во близина на брегот на Индискиот Океан во источна Кенија, им рекол на своите следбеници да се изгладнат себеси и своите деца до смрт за да стигнат до рајот пред крајот на светот. Неговите соучесници им се заканувале и ги тепале жртвите за да ги принудат да ги следат неговите наредби. Изгладнетите тела биле пронајдени расфрлани во плитки гробови и фрлени во тоалети. Некои жртви биле закопани живи. Макензи, облечен во сива поло маица и црни панталони, се насмевна додека влегуваше во шатор поставен пред судот каде што се одржуваше рочиштето. Тој ги негираше обвиненијата за убиство, велејќи дека не ги принудил жртвите да гладуваат. Судот ја отфрли неговата одбрана. Татко загубил шест деца Случајот ја шокираше Кенија во април 2023 година, кога полицијата почна да открива тела во шумата Шакахола, во близина на крајбрежниот град Малинди. Иако судењето ги опфаќа само случаите на 190 деца и една возрасна жртва, Националната комисија за човекови права на Кенија вели дека вкупно 448 тела се пронајдени во шумата. Макензи е обвинет и за наредба за убиства на 52 лица пронајдени на друга локација, во село оддалечено 30 километри, со што бројот на потенцијални жртви се зголеми на 500. Во тој случај, тој се изјасни за невин. Размерот на убиствата е споредлив со апокалиптичниот култен злостор во кој загинаа повеќе од 700 луѓе во Уганда во 2000 година, како и масакрот во Џонстаун во Гвајана во 1978 година, кога американски водач на секта им наредил на повеќе од 900 луѓе да пијат отров. Стивен Мвити, 48, татко на шесте деца на Мекензи кои биле жртви и сопруг на еден од неговите осудени соучесници, рече дека неговата сопруга ги однела децата во Шакахоле, каде што умреле од глад. Дури и ако возрасните се согласат да постат, „што е со децата?“, праша Мвити за Ројтерс пред пресудата. „Ги изгубив моите деца и нема да можам да ги вратам, без разлика што ќе се случи со Мекензи и неговите соучесници“, рече Мвити. „Очекувам да биде осуден на смрт или доживотен затвор, за да не излезе никогаш и да предизвика повеќе смртни случаи.“ Ден Мекензи, еден од синовите на Пол, рече дека неговиот татко не го поштедил своето семејство. „Не завршив во Шакахола затоа што повеќе не верував дека ќе одиме во рајот. Затоа ја напуштив црквата и почнав да си го правам своето“, изјави тој за Ројтерс. „Исто така, изгубив пријатели, како и помлад брат. Ова е правда за луѓето што ги изгубивме таму во Шакахола.“ Важен чекор, но потребна е поголема одговорност Макензи е на радарот на властите од 2017 година, кога полицијата изврши рација во неговите простории. Властите ја затворија неговата црква во Малинди во 2019 година, по што тој се пресели во блиската шума Шакахола. Откритијата доведоа до повици за построги контроли врз религиозните групи Кенискиот претседател Вилијам Руто назначи работна група во мај 2023 година за да ја разгледа законската и регулаторната рамка. Одделни предлози поддржани од владата и Сенатот беа објавени во 2024 година, но сè уште не се усвоени. Оџиро Одиамбо, раководител на единицата за брза реакција во Комисијата за човекови права на Кенија, рече дека пресудата е важен чекор, но дека одговорноста мора да се прошири, бидејќи локалните администратори, полицијата, разузнавачките службеници и верските водачи се сметаат за одговорни за тоа што не постапиле по повторените предупредувања. „Сите овие луѓе ги изневериле граѓаните“, рече тој. Руто во 2023 година изјави дека како претседател ја преземал одговорноста за неуспехот на владата да спречи умирање на луѓе.Тагови: затвор секта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter