Утре сончево со мала до умерена облачност - Канал 5

Утре сончево со мала до умерена облачност

Утре не очекува сончево време со мала до умерена локална облачност. 

Утре сончево со мала до умерена облачност

Попладне во крајните југозападни региони ќе има услови за слаб дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Од вторник до крајот на седмицата следува период на променливо облачно време со повремен локален дожд. Во вторник ќе има изолирана, а во среда на повеќе места појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Од четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе биде во позначително опаѓање. Во петок и во деновите од викендот се очекува утринската температура наместа да се спушти под нула степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран нападна цели во Бахреин и Кувајт по новите американски удари и поморската блокада

САД го напаѓа Иран петти ден по ред, насочувајќи се кон крајбрежната одбрана и ракетни бази  откако повторно воведоа поморска блокада на иранските пристаништа.

Иран нападна цели во Бахреин и Кувајт по новите американски удари и поморската блокада

До рано утрово во четврток на Блискиот исток, сирените се огласија во Бахреин, а Кувајт соопшти дека реагира на „непријателски закани со беспилотни летала“ откако Иран вети дека ќе одговори на американските напади.

Главниот преговарач на Иран, Мохамед Бакер Калибаф, изјави дека Техеран е во „егзистенцијална војна“ против САД и дека неговата безбедност зависи од контролата на Ормутскиот теснец.

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Иран сака да се смири и дека наскоро ќе биде поразен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Истече крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор

Истече рокот за носење на измените на Изборниот законик, кој е дел од реформите за ЕУ.

Истече крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор

Кај власта нема оптимизам дека воопшто е возможен консензус со опозицијата за дијаспората...

Премиерот Мицкоски не очекува дека нешто ќе се смени и во следниот период, иако за важноста на ова прашање вели дека потврда добивме и од еврокомесарката Марта Кос неодамна во Скопје.

Опозициските партии пак се обвинуваат за договор со власта и меѓусебно ја префрлаат топката за тоа кој ги закочил преговорите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска ќе се одржи нова седница на Социјално економскиот совет

Веќе од следната недела владата најверојатно ќе интервенира со намалување на акцизите за нафтените деривати, за да се ублажат последиците од блиско источната криза.. Економско-социјалниот совет денеска треба да одржи седница.

Денеска ќе се одржи нова седница на Социјално економскиот совет

Заменик-министерот за економија Марјан Ристески вчера најави дека ќе бидат разгледувани неколку точки, меѓу кои годишната програма за работата на советот, а министерството за образование ќе го презентира новиот закон за високо образование.

На дневен ред не се мерките за амортизирање на состојбата со цените на храната и горивата, но, сепак, како што рече, не е исклучено да се разговара и за тоа. Економско-социјалниот совет го сочинуваат 12 членови, по четири од владата, од репрезентативниот синдикат и од репрезентативното здружение на работодавачи на национално ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер