МетеоУтре променливо облачно и топлоВремето утре ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди.Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени. Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена. Ќе преовладува топло време. Во среда на повеќе места се очекува развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и услови за ретка појава на град. Од четврток времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНа пленарна седница помина предлог-законот за соодветна и правична застапеност во прво читањеНа пленарна седница попладнево помина предлог-законот за соодветна и правична застапеност во прво читање.Од говорница можеа да се слушнат спротивставени мислења, меѓусебни обвинувања, различни толкувања на законските одредби. Пратениците од власта со пофалби, а пратениците од опозицијата со критики на законското решение, кое треба да го замени укинатиот балансер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: За првпат откако е изграден, го реконструираме мостот „Естакада“Најфрекфентниот мост во градот добива нов живот, градиме инфраструктура што ќе служи на генерациите, напиша градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.Целосно го реконструираме мостот „Естакада“ - важна сообраќајна врска за Гази Баба и за цело Скопје! „📍 Денес, заедно со мојот колега Бобан Стефковски, го означивме почетокот на санацијата на мостот „Естакада“ во Гази Баба, проект кој со години беше барање на илјадници жители и една од најважните сообраќајни точки во овој дел од градот. ✔️ Овој мост има особено значење, затоа што се наоѓа на еден од најфреквентните излези од Скопје и претставува важна врска за граѓаните кои секојдневно се движат кон и од општините што гравитираат во овој дел. Тука минуваат работници, ученици, семејства, компании, транспорт и затоа нашата обврска е оваа сообраќајна артерија да биде безбедна, функционална и достоинствена. 👷♀️ Санацијата опфаќа пристапни рампи на вкупна површина од 10.000 м², од кои 3.800 м² ќе бидат целосно обработени со гребење и вградување два нови слоја асфалт, додека на делот од мостот ќе се постави нов асфалтен слој. 🫵 Дополнително, ќе се изврши замена на рабници, изработка на асфалтни тротоари, чистење, санација и бојадисување на заштитната пешачка ограда, како и замена на постоечките капаци за шахти. Вкупната должина на делот што се санира изнесува 1,5 километри коловоз. 📍Ова е вложување во безбедноста, во подобрата поврзаност и во секојдневието на илјадници граѓани. ♥️ Скопје заслужува модерна, безбедна и функционална инфраструктура. Затоа најавувам дека ќе продолжиме со санација на сите мостови во градот каде што има потреба. 🫡 Продолжуваме да го градиме Скопје - чекор по чекор, проект по проект, со дела што се гледаат.“- стои во објавата. Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканОгромен пожар избувна во близина на Мостар; Паника (ВИДЕО)Голем пожар избувна денес во областа на Мостар, а пожарот би можел да го блокира главниот пат, бидејќи пожарот сè уште не е ставен под контрола, ниту пак е утврдена неговата причина, објавија локалните медиуми.Пожарот избувнал на Буна, спроти Намекс, во правец на реката Неретва, а Професионалната противпожарна служба на Мостар потврди дека екипи се на терен и работат на гаснење на пожарот, објави веб-страницата на Требињеданас. Сè уште не е познато што го предизвикало пожарот или колку површина е зафатена од пожарот, но фотографиите од терен покажуваат дека пожарот се заканува да го блокира главниот пат Мостар-Сараево, додека целата област е покриена со густ чад. Požar na Buni, vatrogasci na terenu. Opširnije pročitajte na portalu https://t.co/ulFqWb6hu6 pic.twitter.com/F07QflzkyJ — Bljesak.info (@Bljesak) June 15, 2026 Извор:Б92Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter