3Фудбалската федерација на Македонија и селекторот на македонската А репрезентација, Гоце Седлоски, спогодбено го раскинаа договорот
МакедонијаУставниот суд ќе одлучува дали Џафери го дискриминирал Апасиев Уставниот суд денеска на седница треба да одлучи по барањето за слободи и права поднесено од лидерот на Левица Димитар Апасиев, против поранешниот претседател на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.На 3 октомври 2024 година, Уставниот суд одржа јавна седница со присуство на подносителот и поранешниот претседател на Собранието, Талат Џафери, кој во барањето е наведен дека со дејствие ја сторил повредата врз подносителот Апасиев. Подносителот на барањето наведува дека претседателот на Собранието со неговото дејствие сторил повреда на правото на политичко дејствување на подносителот на начин што не бил прифатен Предлог за граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување на дополнителен референдум. Подносителот наведува дека му се повредени уставно загарантираните права, бидејќи претседателот на Собранието одбил да ја проследи иницијативата до надлежните собраниски работни тела за прибавување мислење за уредноста на иницијатива и ја прогласил за неуредна. Во барањето се наведува дека претседателот на Собранието го повредува и правото на забрана на дискриминација по основ на политичка припадност, па така подносителот бил доведен во нееднаква и понеповолна положба споредено со останатите политички субјекти. Станува збор за Предлог-барање за покренување граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување задолжителен дополнителен референдум кој требало да овозможи понатамошно непречено собирање на уставно предвидените 150.000 граѓански потписи за распишување референдум со следното прашање: Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци бр. 08-3238/1 од 16 јули 2022 година. На дневен ред на денешната седница покрај барањето за заштита на слободи и права се уште осум иницијативи за оценување на уставност/законитост и еден предлог за донесување на конечна одлука. Уставниот суд ќе расправа по иницијативата на Државна комисија за спречување на корупцијата со која е оспорен Законот за преземање на административни службеници вработени преку К-5 програма во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. Во иницијативата се наведува дека административните службеници вработени преку К-5 програмата за правична и соодветна застапеност не се дефинирани како посебна категорија на административни службеници и како такви ги имаат истите права и обврски како сите останати административни службеници. -Со примената и донесувањето на оспорениот закон, законодавецот ги ставил овие лица во повластена нееднаква положба над другите граѓани/административни службеници што претставува повреда на начелото на владеење на правото, начелото на еднаквост, правото на работа и ограничување на уставно загарантираните слободи и права, се наведува во иницијативата. Тагови: Собранието Уставниот суд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалПеп Гвардиола го откри својот следен чекорЕден од најтрофејниот фудбалски тренери во историјата Пеп Гвардиола во интервју ги откри плановите за иднината. Тој потврди дека бил во преговори со Италија, но дека во тој момент не бил подготвен да го преземе Азуре. Сепак, тој не ја исклучува можноста еден ден да седне на клупата на некоја репрезентација. Кога - не прецизираше. „Не знам каде би можел да ја продолжам кариерата, но ако има тим што никогаш не сум го водел и што би сакал да го преземам, тогаш тоа дефинитивно е еден од националните тимови. Тоа би бил мојот следен чекор.“ Уште во јули, кога Италија се обидуваше да го убеди да ја преземе репрезентацијата, извори на ESPN потврдија дека Гвардиола е заинтересиран за соработка со репрезентација, но не можеа да прецизираат за кои селекции станува збор. Според тогашните извештаи, интерес покажала Холандија, која потоа го ангажирала Чави, како и Англија, предводена од Томас Тухел. Гвардиола засега не размислува премногу за враќање... „Искрено, не знам. Навистина не знам. Во моментов, добро ми е вака. Ако се вратам еден ден, тоа ќе биде затоа што мојата интуиција ми кажува така и затоа што некој силно ме сака. Само во тој случај ќе се вратам. Имам многу години работа и огромен број натпревари зад мене. Само одморот ме исполнува.“Тагови: Пеп Гвардиола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДекларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
ЖивотМаск вети по две акции од „Спејс-икс“ (SpaceX) за секое дете во САДНајбогатиот човек во светот, Илон Маск, објави дека секое дете во Соединетите Држави ќе добие по две акции од неговата компанија „SpaceX“ .Најбогатиот човек во светот, Илон Маск, објави дека секое дете во Соединетите Држави ќе добие по две акции од неговата компанија „SpaceX“ – која се фокусира на вселенска технологија и вештачка интелигенција – во рамките на донација проценета на приближно 18 милијарди долари. Маск и конкурентската компанија за вештачка интелигенција „Anthropic“ неодамна претставија посебни планови за распределба на дел од придобивките што произлегуваат од брзиот развој на вештачката интелигенција, во време кога расте интересот за оваа индустрија, како кај јавноста, така и кај креаторите на политики. -Две акции за секое дете Децата ќе добијат една акција од компанијата и уште една од самиот Маск, објави тој на социјалната мрежа X. Во посебна објава, тој наведе дека акциите донирани од „SpaceX“ ќе им бидат префрлени на примателите следниот месец, додека неговите лични акции ќе бидат префрлени во јуни следната година, откако ќе истече задолжителниот период на задржување, во текот на кој тие не смеат да се продаваат. Претходно во средата, SpaceX објави дека ќе додели по една новоиздадена обична акција од класа А на секоја моментално активна сметка во рамките на програмата позната како „Трамп сметки“ (Trump Accounts), додавајќи дека Маск лично ќе донира еднаков број акции. Програмата е осмислена за да им овозможи на Американците помлади од 18 години да учествуваат на берзата и да почнат да создаваат капитал уште од рана возраст. Во октомври, Белата куќа соопшти дека се отворени речиси 70 милиони вакви сметки. На крајот од тргувањето во средата, цената на една акција на SpaceX изнесуваше 127,44 долари, со што вкупната вредност на најавената донација достигна речиси 18 милијарди долари. Богатството на Маск и порака до јавноста Маск, чие богатство се проценува на приближно 824 милијарди долари, минатиот месец најави дека ќе подари по една акција од SpaceX на секое дете во Соединетите Држави. „Подарувањето акции – кои претставуваат удел во економијата на иднината – директно на луѓето, е вистинскиот пат напред“, изјави тогаш Маск.Тагови: Илон Маск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата насочени кон граѓаните продолжуваат и со Буџетот за 2027Политиките на Владата насочени кон граѓаните продолжуваат и со Буџетот за 2027, рекордни средства за повисоки пензии, подобро здравство, поквалитетно образование.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики насочени кон граѓаните со инвестиции кои треба да обезбедат подобар животен стандард и посигурна иднина и тоа најдобро може да се види проекцијата на Буџетот за 2027 година. Рекордни 123,8 милијарди денари се предвидени за исплата на пензии за следната година, односно 5,6 милијарди денари повеќе во споредба со 2026 година, додека за социјални надоместоци се планирани 14,3 милијарди денари. Здравството, пак, останува една од клучните области во Буџетот за 2027 година, при што за здравствена заштита се предвидени 58,7 милијарди денари, што е зголемување за 2,8 милијарди денари во однос на претходната година. За медицинска опрема се издвоени 198 милиони денари, што претставува зголемување од речиси 54%, а од нив, 115 милиони денари се наменети за набавка на нови медицински возила, додека 65 милиони денари се предвидени за проектот за новите клинички центри во Скопје и Штип. За Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестициите во образованието претставуваат инвестиции во иднината на државата, затоа во Буџетот за 2027 година предвидува повеќе средства за подобрување на образовниот процес, ученичкиот и студентскиот стандард, како и за модернизација на образовната инфраструктура. Средствата за основното образование се зголемуваат за 20 проценти и достигнуваат 2,4 милијарди денари, додека за средното образование се предвидени 2,5 милијарди денари, што е раст од над 12%, додека за ученичкиот стандард се планирани 696 милиони денари, а за студентскиот стандард 1,9 милијарди денари. Паралелно продолжуваат и инвестициите во високообразовната инфраструктура, меѓу кои довршувањето на објектите на ФИНКИ и изградбата на нов објект за Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. Особено значајно е зголемувањето на средствата за изградба, опремување и одржување на градинките, за што во 2027 година се предвидени 83,2 милиони денари, што е зголемување од 380% во однос на 2026 година. Овие бројки покажуваат дека и со Буџетот за 2027 година Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политиките насочени кон потребите на граѓаните и создавање услови за подобар животен стандард, за пензионерите да имаат сигурност и достоинствен живот, семејствата да добиваат поголема поддршка, пациентите поквалитетна здравствена заштита, учениците и студентите подобри услови за образование, а младите повеќе можности својата иднина. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДекларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37