Тешка несреќа во Египет: Најмалку 31 загинат и 21 повреден во пожар од експлозија на цистерна - Канал 5

Тешка несреќа во Египет: Најмалку 31 загинат и 21 повреден во пожар од експлозија на цистерна

Најмалку 31 лице загинаа, а 21 се повредени во голем пожар во египетската област Гиза, откако цистерна со нафтени производи излетала од патот и експлодирала. 

Тешка несреќа во Египет: Најмалку 31 загинат и 21 повреден во пожар од експлозија на цистерна

Несреќата се случила во населба во Каиро.

По експлозијата избувнал голем пожар, кој зафатил и околни возила.На местото на несреќата биле испратени 39 амбулантни возила, а повредените биле пренесени во три болници според обвинителството, во пожарот биле уништени 27 возила, меѓу кои автомобили и мотоцикли.

Надлежните отворија истрага за утврдување на причините за несреќата, а се вршат и идентификации на загинатите.египетската црвена полумесечина испрати тимови за итна помош на местото на настанот.

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фудбалската федерација на Македонија и селекторот на македонската А репрезентација, Гоце Седлоски, спогодбено го раскинаа договорот

ФФМ и Седлоски спогодбено ја завршуваат соработката. - Сметаме дека во овој момент е најдобро разделбата да биде во интерес на репрезентацијата, но и на Гоце Седлоски,објави на својот сајт Фудбалската федерација на Македонија. 

Фудбалската федерација на Македонија и селекторот на македонската А репрезентација, Гоце Седлоски, спогодбено го раскинаа договорот

Понекогаш во фудбалот, без оглед на искуството, посветеноста и добрите намери, работите едноставно не се одвиваат онака како што сите посакуваат. Сметаме дека во овој момент е најдобро разделбата да биде во интерес на репрезентацијата, но и на Гоце Седлоски, без дополнителен притисок и негативни коментари кои не треба да бидат товар за човек кој оставил длабока трага во македонскиот фудбал.

Гоце не е само селектор кој ја предводеше репрезентацијата во еден период. Тој е еден од најтрофејните македонски тренери, легендарен капитен и човек кој со години е дел од историјата и развојот на нашиот фудбал.

Можеби моментот во кој ја презеде репрезентацијата не беше идеален. Можеби високите очекувања, наспроти реалноста, околностите и резултатите не се поклопија со она што сите го посакувавме. Но, тоа не ја менува неговата заслуга, ниту придонесот што го има дадено за македонскиот фудбал.

ФФМ му се заблагодарува на Гоце Седлоски за досегашната работа, посветеноста и професионалниот однос. Веруваме дека неговото искуство, знаење и љубов кон македонскиот фудбал и во иднина ќе бидат ставени во служба на нашиот фудбал, клупски или репрезентативен.

Резултатите се дел од фудбалот. Почитта кон луѓето кои го задолжиле треба да остане и по последниот натпревар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пратенички прашања на дневен ред во Собранието

На пленарна седница во собранието денеска ќе се поставуваат пратенички прашања до премиерот, министрите и другите членови на владата, а претходно спикерот гаши ќе оддржи неформална средба со медиумите.

Пратенички прашања на дневен ред во Собранието

Во законодавно-правната комисија ќе се разгледува предлог законот за изменување и дополнување на законот за семејството. Според предлагачите – група пратници од ЗНАМ, согласно постојното законско решение, податоците за посвојувањата претставуваат службена тајна и не се предвидува постапка според која полнолетен посвоеник би можел да оствари пристап до податоците за неговото посвојување.

Со новото законско решение, доколку биде изгласано, би се воспоставил механизам за пристап до податоците под одредени услови и со формирање на стручна комисија која би одлучувала за пристапот.

Воедно, со предложените измени се предвидува можност за пристап до податоци на посвоителите на малолетен посвоеник кога за тоа постојат оправдани медицински причини поврзани со здравјето на посвоеното дете.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер