Пратенички прашања на дневен ред во Собранието - Канал 5

Пратенички прашања на дневен ред во Собранието

На пленарна седница во собранието денеска ќе се поставуваат пратенички прашања до премиерот, министрите и другите членови на владата, а претходно спикерот гаши ќе оддржи неформална средба со медиумите.

Пратенички прашања на дневен ред во Собранието

Во законодавно-правната комисија ќе се разгледува предлог законот за изменување и дополнување на законот за семејството. Според предлагачите – група пратници од ЗНАМ, согласно постојното законско решение, податоците за посвојувањата претставуваат службена тајна и не се предвидува постапка според која полнолетен посвоеник би можел да оствари пристап до податоците за неговото посвојување.

Со новото законско решение, доколку биде изгласано, би се воспоставил механизам за пристап до податоците под одредени услови и со формирање на стручна комисија која би одлучувала за пристапот.

Воедно, со предложените измени се предвидува можност за пристап до податоци на посвоителите на малолетен посвоеник кога за тоа постојат оправдани медицински причини поврзани со здравјето на посвоеното дете.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешка несреќа во Египет: Најмалку 31 загинат и 21 повреден во пожар од експлозија на цистерна

Најмалку 31 лице загинаа, а 21 се повредени во голем пожар во египетската област Гиза, откако цистерна со нафтени производи излетала од патот и експлодирала. 

Тешка несреќа во Египет: Најмалку 31 загинат и 21 повреден во пожар од експлозија на цистерна

Несреќата се случила во населба во Каиро.

По експлозијата избувнал голем пожар, кој зафатил и околни возила.На местото на несреќата биле испратени 39 амбулантни возила, а повредените биле пренесени во три болници според обвинителството, во пожарот биле уништени 27 возила, меѓу кои автомобили и мотоцикли.

Надлежните отворија истрага за утврдување на причините за несреќата, а се вршат и идентификации на загинатите.египетската црвена полумесечина испрати тимови за итна помош на местото на настанот.

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска се распишуваат претседателски избори во Србија

Денеска, во 12 часот, претседателот на Народното собрание на Република Србија, Александар Чупиќ, , во централната сала на домот на народното собрание, ќе ги распише изборите за претседател на Република Србија.

Денеска се распишуваат претседателски избори во Србија

Од денот на распишување на изборите до денот на гласањето не може да поминат помалку од 30, ниту повеќе од 60 дена. Со изборот за претседател на парламентот, чупиќ, во согласност со уставот на Србија, ја презеде должноста вршител на должноста претседател на републиката, откако Александар Вучиќ поднесе оставка од таа позиција на 27 септември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер