Урбаните моторџии во недела низ скопските улици за да ја подигнат свеста за машкото здравје - Канал 5

Урбаните моторџии во недела низ скопските улици за да ја подигнат свеста за машкото здравје

 Во недела низ скопските улици повторно ќе продефилираат урбаните моторџии како дел од глобалното хуманитарно движење „The Distinguished Gentleman's Ride" во обид да ја подигнат свеста за машкото здравје и машките болести.

Урбаните моторџии во недела низ скопските улици за да ја подигнат свеста за машкото здравје

За разлика од лани кога поради пандемијата имаше индивидуално возење под слоганот „Ride solo together", годинава организацијата предвидува т.н. „нова нормална" изведба со почитување на сите протоколи за заштита од Ковид-19.

Годинава, ќе бидат вклучени околу 100 моторџии облечени во фини костими со своите класични мотоцикли.

– Блескавоста на прекрасните мотоцикли и шармот на „дотераните" моторџии и оваа година ќе бидат задолжителен фолклор на Скопската парада, овојпат се разбира затскриени под задолжителните заштитни маски, со цел да се одржат добропознатите тематски постулати на овој настан – ширење на свеста кај машката популација и собирање на средства за борба против ракот на простата и машките самоубиства. И овојпат остануваме посветени на хуманитарната цел, заедно со сиот сјај кој го носи настанот, вели во изјава за МИА Игор Стефановски, еден од организаторите.

Додава дека е чест и обврска да се биде дел од едно вакво глобално хуманитарно движење чија цел е да се соберат средства за борба против ракот на простатата.

– Вреди да се спомене достигнувањето на глобално ниво, кое во изминативе 10 години за борба против ракот на простата собра повеќе од 27.5 милиони долари со над 340.000 учесници во повеќе од 107 држави во светот. Секако, и Скопското издание има свој придонес во овие бројки од 2016 година, вели Стефановски.

Новина е и новиот датум за одржување на настанот, кој од вообичаениот септемвриски термин е поместен на 23 мај.

„The Distinguished Gentleman's Ride" годинава одбележува 10-годишен јубилеј, а Скопје е дел од ова движење веќе шест години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Холивудски пар воодушеви во Торонто

Холивудската ѕвезда, актерката Пенелопе Круз во кожа и тантела, нејзиниот сопруг, шпанската актерска ведета Хавиер Бардем не го трга погледот од неа, холивудски пар воодушеви во Торонто.

Фото: Холивудски пар воодушеви во Торонто

Шпанските актерски ѕвезди Пенелопе Круз и Хавиер Бардем блеснаа на премиерата на филмот „Бункер“ на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, каде што ги толкуваат главните улоги.

Двојката, која важи за еден од најхармоничните парови во Холивуд, повторно привлече внимание на црвениот тепих, само неколку дена откако заедно блеснаа на Филмскиот фестивал во Венеција.

Пенелопе и Хавиер ги толкуваат главните улоги во филмот „Бункер“, поради што публиката со нетрпение го очекува неговото пристигнување во кината.

Нивното заедничко појавување во Венеција, а потоа и во Торонто, дополнително го поттикна интересот за филмот, кој веќе се вбројува меѓу најочекуваните остварувања во кои славните сопружници играат заедно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европскиот парламент гласаше за укинување на имунитетот на грчката пратеничка Афродити Латинопулу

Европскиот парламент гласаше за укинување на имунитетот на грчката пратеничка во Европскиот парламент и лидерка на партијата „Гласот на разумот“, Афродити Латинопулу.

Европскиот парламент гласаше за укинување на имунитетот на грчката пратеничка Афродити Латинопулу

На 15 септември 2026 година, Европскиот парламент гласаше за укинување на имунитетот на грчката пратеничка во Европскиот парламент и лидерка на партијата „Гласот на разумот“, Афродити Латинопулу, со што се овозможува продолжување на правната постапка во Грција во врска со наводите поврзани со потписите за основање на нејзината партија.

Со оваа одлука се укинува парламентарната заштита во однос на постапката опфатена со барањето. Таа не претставува утврдување вина и не го прекинува автоматски нејзиниот мандат како пратеник во Европскиот парламент.

За што се работи во случајот со потписите

Случајот се однесува на поплаки во врска со потписите поднесени при основањето на политичката партија на Латинопулу, „Гласот на разумот“ (на грчки: „Foni Logikis“). Во поплаките се тврди дека дел од потписите во документите за основање биле фиктивни или фалсификувани. Прашањето дали овие наводи се основани е во надлежност на грчките правосудни органи, а не на Европскиот парламент.

Латинопулу јавно побара укинување на нејзиниот имунитет уште неколку месеци пред гласањето. Во писмото од 15 јануари 2026 година упатено до претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола – кое беше објавено на веб-страницата на нејзината партија – таа изрази уверување дека непристрасната судска постапка ќе ја потврди нејзината невиност. Таа исто така изјави дека не сака парламентарниот имунитет да биде пречка за судската проверка.

Извор: Greekreporter

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мал авион падна во Хрватска

 Мал авион со едно лице се урна нешто по 10 часот претпладне во Роковци, во близина на Винковци, Хрватска.

Мал авион падна во Хрватска

Според неофицијални информации, пилотот е повреден, а авионот завршил во поле со пченка покрај пистата. На местото на несреќата се упатени сите служби за итни интервенции. Испратен е и хеликоптер за итна медицинска помош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер