УНХЦР: Зголемено насилството врз сириските бегалци во Либан поради недостиг на храна - Канал 5

УНХЦР: Зголемено насилството врз сириските бегалци во Либан поради недостиг на храна

УНХЦР: Зголемено насилството врз сириските бегалци во Либан поради недостиг на храна

Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНЦХР) денеска предупреди дека дискриминацијата и насилството врз сириските бегалци во Либан се зголемени во последните недели бидејќи земјата се соочува со недостиг и високи цени на храната.

„Видовме тензија меѓу Либанците и Сиријците во пекарниците низ земјата“, рече портпаролката на Високиот комесаријат за бегалци, Пола Барачин, додавајќи дека имало дури и пукање и дека бегалците биле тепани со палки.

Светската програма за храна на ОН наведува дека Либан се соочува со криза со безбедноста на храната и дека околу половина од населението не е обезбедено со храна. Населението се соочува и со висока инфлација на храната и пад на вредноста на локалната валута.

Во некои делови на Либан е воведен полициски час за бегалците или од пекарите се бара да им дадат приоритет на либанските граѓани, рече портпаролката на УНЦХР.

„Во некои делови на Либан е воведен полициски час за бегалците или од пекарите се бара да им дадат приоритет на либанските граѓани“, рече портпаролката на УНЦХР.

Либанските власти минатата недела најавија дека ќе формираат безбедносен комитет за да ги спречат судирите во пекарниците.

УНХЦР ги повика либанските власти да „обезбедат владеење на правото и заштита на сите лица во земјата“, апелирајќи до меѓународната заедница да му помогне на Либан.

Околу милион сириски бегалци кои ја напуштија својата земја поради граѓанската војна живеат во соседен Либан, повеќето од нив во екстремна сиромаштија.

„Хјуман рајтс воч“ и „Амнести интернешнел“ документираа случаи на притворање, тортура и кршење на човековите права на повратниците.

Либанската влада ги отфрли ваквите оценки и преговара со сириската влада во Дамаск за план за враќање до 15.000 бегалци секој месец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина

Општина Центар  ги повикува граѓаните активно да се вклучат во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за периодот 2026–2032 година.

Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина

Локалната самоуправа започна со подготовка на новиот стратешки плански документ од областа на животната средина, во кој ќе се идентификуваат актуелните еколошки предизвици и ќе се понудат решенија за нивно надминување.

„Општина Центар спроведува анкета со која граѓаните можат да ги дадат своите мислења за еколошките проблеми и предлозите за подобрување на животната средина. Вашите одговори се важни за да ги утврдиме приоритетите и да ги насочиме идните активности кон подобри услови за живеење во Општина Центар“, порача градоначалникот Герасимовски.

Анкетата е анонимна, а може да ја пополните на линк: Вклучи се во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за Општина Центар-Скопје | Општина Центар

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад

На маргините на Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, што се одржува во Црна Гора, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад.

Средба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад

Во фокусот на разговорите беа билатералната соработка, европската перспектива на нашата земја и поддршката од Франција на нашиот европски пат.

Министерот Муцунски ја истакна цврстата посветеност на Владата на реформските процеси и полноправното членство во Европската Унија, како и потребата од забрзување на процесот на европска интеграција.

На средбата беа разменети мислења и за актуелните регионални случувања и за улогата на нашата земја како одговорен и конструктивен партнер во регионот и пошироко во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “

Крајот на војната во Украина се приближува, „можеби поблиску од кога било досега“, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “

Одговарајќи на прашање од новинарите во Белата куќа за тоа како Русија го ослободила Американецот Стивен Хабард, Трамп изјави дека тоа е резултат на директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин.

„Побарав да го ослободат Стивен Хабард, и тој сега е на пат кон дома. Не дадов ништо за возврат“, рече Трамп.

На прашањето дали е соодветно што специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, го нарече Путин „хуманитарец“, Трамп одговори дека тоа било кажано „во тој конкретен контекст“ и додаде дека тој лично „не би зазел страна“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер