Украинец го тестирал најновото Ферари и не поминал добро (ВИДЕО) - Канал 5

Украинец го тестирал најновото Ферари и не поминал добро (ВИДЕО)

И покрај моќната електронска логистика, не секој може да контролира хиперспортски автомобил, особено ако му недостасува искуство.

Украинец го тестирал најновото Ферари и не поминал добро (ВИДЕО)

Токму тоа го почувствува на своја кожа украинскиот бизнисмен Алекс Слобоженко. Тој пристигнал во Дубаи, каде што добил можност накратко да го тестира црвеното Ferrari SF 90 Stradale. Неговото кратко патување со Ферари е снимено од сопатничката позиција, а видеото потоа е објавено на профилот на Алекс на Инстаграм.

По првичната фасцинација со Ферари, Украинецот го стисна гасот и поради недостаток на искуство набрзо изгуби контрола над болидот и удри во тротоар. Ненадејното забрзување предизвика преуправување. За среќа во несреќа нема повредени, но предниот дел на автомобилот претрпел одредени оштетувања. Поправката нема да биде тешка, но секако ќе биде скапа.

YouTube video

Украинецот објави и друго видео во кое, како што пишува бугарскиот сајт Аутомедиа, вината ја префрлил на автомобилот, спомнувајќи дефект во возилото. Слобоженко однел Ферари на тест за да види дали вреди неговото Lamborghini Huracan EVO да се замени со Ферари.

Да потсетиме, SF 90 Stradale има plug-in хибриден погон со 1000 КС. Достигнува 100 km/h за 2,5 секунди, 200 km/h за 6,7 секунди и максимална брзина од околу 340 km/h. Во зависност од перформансите, цената е околу половина милион евра, објави британски КарсКопс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Во градот недостасува комунална полиција не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата

Утринава од 10 часот, низ сите скопски општини  се одржува  голема еколошка акција за чистење на јавните површини, во која ќе учествуваат неколку илјади волонтери.

Ѓорѓиевски: Во градот недостасува комунална полиција не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата

Во акцијата се вклучаени општините и градоначалниците, амбасади, ученици,спортисти, јавни личности и голем број граѓани, со заедничка цел – почисто, поубаво и поздраво Скопје.

Градоналникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски вели дека ќе се чисти на 50 локации, а во акцијата ќе бидат вклучени 30 000 луѓе. Акцијата е замислена како почеток на континуирана иницијатива, која ќе продолжи да се организира двапати месечно, со цел грижата за јавниот простор да стане трајна навика и заедничка одговорност.

Градоначлникот предупреди дека во градот недостасува комунална полиција , и апелира до пратениците да го донесат законот за локална самоуправо. Зошто според него не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Посна торта со мармалад

Во среда (23.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Татјана Лазаревска.

„Гответе со Дракче“ - Посна торта со мармалад

Состојки за денешниот рецепт:

(мерките се со шолји за млеко)

2 шолји брашно

1 шолја шеќер

1 шолја вода

половина шолја масло

4 големи лажици мармалад од сливи

една рака сецкани ореви

1 лажиче сода бикарбона

1 лажиче цимет

1 ќесичка ванилин шеќер

шеќер во прав по потреба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешен НБА-шампион уапсен за семејно насилство

Поранешниот НБА-играч и двократен шампион Џеј-Ар Смит е уапсен во Тексас под сомнение за семејно насилство што резултирало со телесни повреди.

Поранешен НБА-шампион уапсен за семејно насилство

Според извештаите на „ТМЗ“ (TMZ), 41-годишниот Смит бил приведен откако автоматски систем за читање регистарски таблички го детектирал автомобилот што го управувал.

Полициските службеници го запреа возилото и открија активен налог за апсење на поранешниот кошаркар, издаден од локалната полиција. Смит веднаш беше однесен во притворскиот центар на округот Хант, додека автомобилот му беше предаден на неговиот брат, кој се наоѓаше во возилото со него.

Надлежните органи ја објавија и неговата полициска фотографија.

Деталите во врска со наводното насилство сè уште не се официјално соопштени; следствено на тоа, идентитетот на жртвата, сериозноста на евентуалните повреди и околностите под кои се случил инцидентот остануваат непознати.

Во текот на 16 сезони во најсилната светска кошаркарска лига, Смит настапуваше за Њу Орлеанс, Денвер, Њујорк, Кливленд и Лос Анџелес Лејкерс.

Тој ги освои двете шампионски титули играјќи покрај Леброн Џејмс – првата со „Кавалирс“ во 2016 година, а втората со „Лејкерс“ во 2020 година – а во 2013 година, додека настапуваше за „Никс“, беше прогласен и за „Шести играч на годината“ во лигата.

Ова не е негов прв судир со законот, со оглед на тоа што претходно отслужил 24-дневна затворска казна за несовесно возење по сообраќајна несреќа во 2007 година, во која загинал неговиот сопатник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер