3„Мис Бум-Бум“ вети дека, ако Аргентина го освои Светското првенство, ќе го истетовира Меси на посебно место!
МетеоУХМР: Викендов стабилно време, следнате недела повторно нестабилноОд УХМР најавуаат дека барем во викендов ќе имаме стабилизација на времето. Сепак, следната недела повторно не очекуваат летни бури, проследени со поројни дожќдови и грмотевици... Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБожиновска: Зелената транзиција е најсилното оружје за конкурентна македонска економијаЗелената транзиција е најсилното оружје за конкурентна македонска економија – одржливоста повеќе не е избор, туку предуслов за успех.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес учествуваше на панел-дискусијата „Институционална и правна рамка што поддржува одржливи корпоративни практики“, во рамки на Бизнис форумот „Претворање на одржливоста во конкурентност: Градење отпорни бизниси во неизвесен свет“, организиран од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Стопанската комора и Канцеларијата на постојаниот координатор на Обединетите нации. Во своето обраќање министерката порача дека одржливоста денес не е само еколошка цел, туку еден од најважните економски предуслови за развој, конкурентност и сигурност на домашните компании. „Пред само неколку години на зелената транзиција се гледаше како дополнителен трошок. Денес таа е најдобрата инвестиција што една компанија може да ја направи. Компаниите што вложуваат во енергетска ефикасност, обновливи извори и нови технологии ќе бидат компаниите што утре ќе извезуваат повеќе, ќе привлекуваат повеќе инвестиции и ќе отвораат нови работни места“, истакна Божиновска. Таа нагласи дека Министерството ја поставува зелената транзиција како двигател на економскиот развој, создавајќи стабилна, транспарентна и европски усогласена регулатива која ќе им овозможи на компаниите сигурно да инвестираат и да планираат долгорочно. „Нашата задача е да создадеме услови во кои зелената транзиција нема да биде товар за стопанството, туку негова најголема развојна можност. Затоа носиме модерни закони, ја поедноставуваме регулативата и обезбедуваме конкретна финансиска поддршка за инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија“, рече министерката. Во своето излагање Божиновска потсети дека новиот Закон за енергетика веќе воспоставува современа рамка усогласена со европското законодавство, додека Законот за обновливи извори на енергија, претставува една од најзначајните енергетски реформи во последните децении. Осврнувајќи се на развојот на обновливите извори, Божиновска истакна дека Министерството воспоставува нов, транспарентен систем за планирање на инвестициите во електроенергетската мрежа, со јасни правила што ќе обезбедат стабилност на системот и сигурност за инвеститорите. „Сакаме компаниите да бидат активни учесници во новата енергетска економија, не само потрошувачи. Нашата цел е да создадеме услови секој што инвестира во сопствено производство на енергија, складирање и модерни технологии да стане дел од енергетската трансформација на државата“, нагласи Божиновска. Таа додаде дека Министерството паралелно инвестира и во модернизација на електроенергетската инфраструктура, дигитализација на системот и поедноставување на процедурите за компаниите, со што ќе се забрза интеграцијата на новите капацитети за производство на електрична енергија. На крајот од своето обраќање министерката испрати јасна порака до бизнис заедницата. „ Намалувањето на емисиите, енергетската ефикасност и декарбонизацијата не се само исполнување на европските стандарди – тие се најпаметната деловна одлука за секоја компанија што сака да биде конкурентна и успешна на долг рок. Министерството ќе продолжи да биде силен партнер на стопанството во овој процес“, порача министерката Сања Божиновска. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00
МакедонијаЧетири пријави за семејно насилство во последното деноноќиеДве лица лишени од слобода, со едно извршен службен разговор, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќиеНа 03.07.2026 во 01:55 часот во гевгелиско село, полициски службеници од ОВР Гевгелија лишија од слобода 45 годишен жител на селото, кој според пријавеното околу 00:10 часот во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 02.07.2026 вo 19:00 часот во СВР Скопје 80-годишен маж пријави дека околу 14:00 часот во домот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неговата ќерка С.И.(54). Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 02.07.2026 во 23:55 часот полициски службеници од Полициско одделение Кривогаштани во с. Боротино, општина Кривогаштани го лишија од слобода Б.С.(29) с. Боротино, затоа што во семејниот дом упатувал закани кон неговиот татко. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок. На 02.07.2026 во 14:55 час во ОВР Кичево, 40-годишна жена пријави дека на 29.06.2026 нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзиниот поранешен свекор, а кон двете упатил закани. Се преземаат мерки за целосно документирање на случајот.Тагови: семејно насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦаринските управи на Македонија и Албанија ја продлабочуваат соработкатаЦаринските управи на Македонија и Албанија ја продлабочуваат соработката со нов Протокол за царински контроли на заедничките гранични преминиУнапредување на граничното управување на граничните премини со Албанија преку поефикасни контроли и олеснување на трговијата, ќе овозможи забрзување на регионалната интеграција во ЕУ и оттука во фокусот на Царинските управи ќе биде унапредување на царинските процедури што ќе бидат дефинирани со новиот Протокол за спроведување на меѓудржавниот Договор за заеднички гранични премини. Делегации од двете Царински управи предводени од директорот Бобан Николовски и директорот на Царинската управа на Албанија, Бесмир Беја, заедно со високи претставници на ОБСЕ извршија увид во начинот на управување со граничниот премин Ќафасан-Ќафтане, по што беше остварена и средба на која трите страни дискутираа за практична примена на Договорот и Протоколот кон истиот. - Соработката со Албанија прерасна во вистинско партнерство засновано на меѓусебна доверба, отворена комуникација и заедничко разбирање дека ефикасното управување со границите е од суштинско значење за економскиот развој, регионалната поврзаност и безбедноста на нашите држави и регионот, истакна Николовски и додаде дека потпишувањето на Протоколот треба да резултира со намалување на времето на чекање и забрзан проток на трговијата, зголемена доверба на бизнис заедницата и забрзан проток на патници и стока. Директорот на Царинската управа на Република Албанија, Беја, истакна дека ваквите средби се доказ дека напредокот е можен доколку двете страни работат заедно. - Соработката на Царинските управи е најдобар пример како да ги подобриме условите и за граѓаните и за бизнис заедницата во нашите држави. Царинската управа на Македонија има добра репутација на институција која има најголем напредок. Со Протоколот ќе ги координираме царинските процеси и заеднички ќе ги користиме ресурсите што ги имаме на располагање и ова е токму во насока на подобри контроли и олеснување на трговијата, вели Беја. Раководителот на Програмата за реформи во полицијата и кривично-правниот систем во Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Едвард Андерсон рече дека е привилегија да се биде на историски настан кој не само што го унапредува заедничкото делување туку и ја унапредува сигурноста на граѓаните на двете држави. Дарко Ангелов, шеф на Одделот за соработка во областа на безбедност во Мисијата на ОБСЕ во Тирана потенцира дека Протоколот е успешна кулминација на десетгодишна успешна соработка во делот на граничното управување која постојано се надоградуваше преку поддршка и на Мисиите на ОБСЕ во Македонија и Албанија. Тој притоа додаде дека е поминат долг пат од воспоставување на првиот полициски контактен центар за соработка, сега проширен и во делот на царината на граничниот премин Ќафасан-Ќафтане.Тагови: Царинска управа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook