УЕФА го објасни новиот формат на европските турнири

 УЕФА објави појаснувања во врска со новиот формат во европските клупски натпреварувања, кој ќе стапи на сила од сезоната 2024/25.

По промените во главниот дел на секое од трите натпреварувања - Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига, учество ќе земат 36 екипи. Во моментов на почетокот на трите турнири има по 32 екипи кои се поделени во осум групи по четири.

Во новиот формат, пак, нема да има групна фаза, а селекциите ќе играат за севкупен пласман, слично како на националните првенства. Сепак, екипите ќе бидат поделени во урни - по четири во Лигата на шампионите и Лигата на Европа и шест во Конференциската лига.

Екипите во Лигата на шампионите и Лигата на Европа ќе одиграат по осум натпревари против осум различни екипи, со по два натпревари - еден дома и еден на гости, против претставници од секоја од четирите урни. Во меѓувреме, во Конференциската лига, екипите учеснички ќе имаат по еден натпревар против тим од секоја од шесте урни.

Најдобрите 24 екипи на секој од трите турнири ќе се пласираат во елиминациската фаза. Најдобрите осум на табелата ќе добијат загарантиран пласман во осминафиналето, додека оние од деветтото до 24. место ќе играат во плеј-оф рунда за преостанатите осум квоти.

Тимовите кои ќе завршат на позициите од 25 до 36 ќе испаднат од европските клупски турнири. Така, нема да има прелевање на тимови од еден турнир во друг, како што е во моментов случај по завршувањето на есенската фаза во натпреварувањата на УЕФА.

Од осминафиналето до финалето, турнирите ќе бидат целосно идентични со сегашните правила - наизменични гостински натпревари во осминафиналето, четвртфинале и полуфинале и финале со една нога.

Натпреварите од лигашката фаза од Лигата на шампионите и Лигата на Европа ќе се играат од септември до јануари, додека оние во Конференциската лига ќе се играат од септември до декември. Сепак, секој турнир ќе има своја ексклузивна недела каде нема да има натпревари од другите два турнири. Ексклузивната недела на Лигата на шампионите ќе ги следи натпреварите во вторник, среда и четврток. Во Лига Европа натпреварите ќе се играат во среда и четврток, додека во неделата од Конференциската лига натпревари ќе има само во четврток.

За остатокот од распоредот на натпреварите, се одржува сегашниот аранжман - Лигата на шампионите се игра во вторник и среда, додека натпреварите од Лига Европа и Конференциската лига се во четврток. /МИА

Бугарија прати авион со кој во бугарските болници ќе се превезат петмина тешко повредени

По наредба на премиерот Росен Жељазков, авион Спартан на бугарското воено воздухопловство отпатува за Република Македонија кој во бугарските болници ќе превезе пет лица тешко повредени во пожарот во градот Кочани, соопшти бугарската Влада.

Во авионот патуваат бугарски медицински тимови, составени од лекари на интензивна нега и специјалисти за изгореници.

Повредените ќе бидат примени на специјализирани одделенија за изгореници во болниците во Софија и Варна.

Дополнително, итно е ставена во готовност клиничката база во болниците во Софија, Варна и Благоевград за да се примат повредени лица доколку има потреба. Бугарските болници се подготвени да примат уште повредени по координација со властите на Република Македонија, информира Владата во Софија.

Сочувство од Советот на амбасадори до родителите и блиските на загинатите во пожарот

Советот на амбасадори изрази сочувство до семејствата и блиските на загинатите во трагедијата во Кочани. 

-По повод големата трагедија, којашто се случи утрово, по избувнувањето пожар во дискотека во Кочани, во која животот го загубија 59 младинци, членовите на Советот на амбасадори на Македонија обземени со тага изразуваме длабоко сочуство до родителите, роднините, другарите и пријателите на жртвите. Останавме неми пред оваа трагедија што се случи кај нашите сограѓани од Кочани и целата држава. Се молиме за душите на починатите и побрзо оздравување на повредените, стои во соопштението од Советот на Амбасадори на Македонија.

Папата Франциск испрати сочуство по повод трагедијата во Кочани

Папата Франциск, преку телеграма потпишана од кардиналот државен секретар Пјетро Паролин упати порака на сочувство по пожарот во ноќен клуб во Македонија, во кој животот го загубија речиси 60 лица, претежно млади луѓе.

Папата изрази „длабоко сочувство до семејствата на жртвите“, како и „својата духовна блискост со повредените“, се наведува во телеграмата упатена до скопскиот бискуп Киро Стојанов.

Тој исто така увери дека сеќавањето на жртвите ќе го задржи во своите молитви.

притисни ентер