ЖивотУчителка отпуштена поради тоа што била „премногу секси“ за работа со малолетнициУчителката Патриша Браун од Атланта наишла на критики од колегите и надредените поради нејзината непримерност во училиштето во кое предавала.Имено, нејзините фотографии објавени уште во 2016 г. на нејзините профили на социјалните мрежи, покренале лавина проблеми 6 г. подоцна, со оглед на тоа што наместо нејзиното знаење и достигнувања, во фокусот се нашле нејзините облини и провокативната облека. Таа толку редовно позирала што му пречело на директорот на училиштето во кое била вработена. И покрај објаснувањето дека фотографиите се објавени многу порано, тој младата наставничка ја отпуштил без многу објаснување. View this post on Instagram A post shared by djdiddat (@djdiddat) Патриша, пак, тврди дека не гледа ништо непристојно во облекувањето и дека си ја сака професијата и работата со деца. Како што вели, сака да се дотерува, и дека објаснувањето за отказот, според кое е „премногу секси“ за да работи со малолетници, е крајно бизарно. Иако добила отказ, брзо нашла нова работа и преминала во друго училиште. Приказната на Патриша го обиколи светот откако професорката по уметност Роксана Дијаз од Њу Џерси беше мета на напад поради начинот на облекување и позирање на социјалните мрежи. View this post on Instagram A post shared by SR Magazine Online (@srmagonline) Таа на своите фотографии се појавила и во тесни фармерки и фустани кои ги истакнуваат нејзините облини, а поради тоа наишла на вербални напади од своите придружници, но и од родителите на децата кои го посетуваат училиштето во кое била вработена. изворКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУтре референдумски ден „Д“ за Исланд – ќе тргне ли островската држава повторно кон ЕУ?Исланд утре пред одлука – за или против обновување на преговорите за членство во ЕУ. По повеќе од деценија откако ги напушти амбициите, граѓаните на референдум ќе се изјаснат дали земјата да го продолжи европскиот пат. Ова според проценките е првиот чекор на тамошната Влада која сака да го приближи Исланд кон Брисел. Но пред клучниот ден нацијата е поделена. Според последната анкета резултатот засега е неизвесен. 46 отсто од граѓаните се за продолжување на преговорите, исто толку се против, а околу осум отсто сè уште немаат одлучено. За Исланд едно од најчусвствителните политички прашања е контролата врз сопствените води и рибните ресурси, а граѓаните се поделени и околу воведувањето на еврото како валута наместо исландската круна, како и за трансферот на моќта за донесување одлуки на Брисел. -Според мене мислам дека најважно е дали имаме нешто да кажеме за нашите ресурси и колкава моќ и даваме на ЕУ. Мислам дека е важно да сме свесни што губиме, а што добиваме. - Мислам дека е многу важно што размислуваме, јас барем размислувам, за иднината, за моите деца и внуци. Сакам да имаат можности, помали такси, полесна валута како што е еврото наместо круна. Мислам дека е постабилно за нас. Ние сме мала нација и повеќето од поголемите компании користат евра. Па, зошто да не и јавноста? -Мислам светската клима се менува. Мислам дека вреди барем да се погледне што друго се нуди таму, бидејќи ние сме мала нација, дали може да стоиме сами во менувањето на климата на светот, се дел од ставовите на Исланѓани. Најтешкото прашање во јавноста, сепак, останува рибарството. Рибарската индустрија, столб на економијата на Исланд и симбол на националниот идентитет, се плаши дека Заедничката политика за рибарство на ЕУ ќе ги отвори исландските води за странски флоти. -Имаме 100 посто од профитот во Исланд и сакаме така и да остане. Тоа се нашите загрижености, ако се придружиме во заедничката рибарска политика со ЕУ овој синџир на вредности, кој го генерира целиот овој профит за исландската популација, дека тоа ќе биде растргнато, велат дел од експертите.- Хеидрун Мартејнсдотер – експерт за рибарски сектор Исланд е специфичен кандидат бидејќи веќе е силно интегриран со Унијата. Земјата е дел од Европската економска област, учествува на единствениот европски пазар и е членка на Шенген. Исланд ги напушти преговорите со ЕУ во 2013-та година откако тогашните власти по финансискиот колапс пет години претходно оценија дека економијата закрепнала и островската држава може да се потпре на сопствените сили.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСедум активни пожари во МакедонијаДо 13 часот регистрирани се седум активни пожари, информираат од ЦУК. Гори во општина Сарај кај село Копаница, кај гостиварско Трново, како и во општина Македонски Брод кон селата Битово, Заград и Страјане. Активни пожари има и над село Нежилово во Чашка, во општина Јегуновце кај село Копанце, над касарната во Прилеп и кај старите гробишта каде горат дива депонија и ниска вегетација. Пожар има и во околината на охридските села Велмеј и Брежани.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПравославните верници денеска го празнуваат Успението на Пресвета БогородицаВо време на болести од неа се барало здравје, во војни се барал мир, а во очај се барала надеж, скопјани со векови најмногу клекнувале пред својата заштитничка Богородица – шепотејќи и ги своите молитви. Празникот Голема Богородица не е само црковна прослава, туку празник на духовноста, традицијата и едно од најстарите наследства на Скопје – а за тоа сведочат и бројните храмови кои со векови се издигале во нејзино име во градот кој ја смета за своја покровителка. Онаа на која денеска дојдовме молитвено да и се поклониме е избраната девојка од Назарет, скромната и понизна Марија која светот не ја знаел, но небото ја знаело, која немала круна, над неа се поклонувале ангелите – порача во своето обраќање Австралиско – новозеландскиот митрополит Никола кој ја водеше литуригијата. -Денеска земјата го испраќа своето најчисто чедо кон небото, а небото ја прима мајката на животот, денес не плачеме зошто Богородица заминува од нас и се радуваме затоа што гледаме каде води патот на оној кој што целосно му се предал на Бога. Прими ги денес нашите молитви, ти која го носеше Христа во своите раце, научи не како да го примиме во нашите срца. - Никола – Митрополит Австралиско – новозеландски Илјадници верници денеска се упатија во храмовите низ Скопје, а добар дел од нив традиционално го посетија еден од најзначајните споменици во околината на градот – средновековниот манастир кој го носи името на денешниот празник – Успение на пресвета Богородица, издигнат во кањонот Матка пред повеќе од седум векови. -Секојдневните грижи и брзање, по минувањето на оваа капија остануваат надвор – верниците ги препуштаат мислите на Бога и молитвите во целосен духовен мир Здравје, спасение и простување на гревовите беа најчестите молитви меѓу верниците, кои запалија свеќи и се поклонија пред мајка Богородица. Дел од нив денеска го завршија и 14-дневниот пост и се причестија. -Секоја година доаѓам овде, на тие што не биле им препорачувам да дојдат во овој прекрасен манастир и ова прекрасно место. Духовен и телесен е постот, се чистиш од тие телесни грешки, гревови ги правиме. Секогаш доаѓаме во овој манастир и секогаш сме тука, помагаме, се трудиме да биде се во ред и така. Целта на постот е за духовно да се изградиме себеси, ако можеме да речеме „НЕ“ на некои основни работи, понатаму во животот ќе можеме и за други. Да запалиме свеќа, да се посветиме на бога. Сите да се добронамерни, добри, со добри мисли. Празникот не е само ден на молитва и духовност, во чест на Голема Богородица со децении трае хуманата, крводарителска традицијата. Димче Филипов, кој во својот живот 83 пати донирал од својата крв, веќе 5та година по ред тоа го прави и во Манастирот на Матка. -Сум имал можност да видам работи кои не треба да се видат, да кажеме сообраќајки и слично, на некој некаде можеби му треба, спасување живот едноставно. - Димче Филипов – Крводарител Додека се кажуваат молитвите, не можат а да не се забележат и фреските во овој историски манастир, кои биле нацртани од охридската сликарска школа уште во 1497 година, а денеска живописот стои на забот на времето. Во Јуни министерството за култура испрати ургенција за итно постапување до конзерваторски, но два месеци подоцна, сликата останува иста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40