Борците во рингот, браќата Нурмагомедов се пуштени од затвор Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилно однесување.
2Борците во рингот, браќата Нурмагомедов се пуштени од затвор Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилно однесување.
СудбинаЛажни полицајци намамиле старица да остави 45.000 евра и накит во контејнер пред нејзината куќа во ЛарисаЛажни полицајци ја измамиле 75-годишната жена од Лариса, централна Грција, да остави 45.000 евра и накит во контејнер за ѓубре .Лажни полицајци ја измамиле 75-годишната жена од Лариса, централна Грција, да остави 45.000 евра и накит во контејнер за ѓубре откако прво ја контактирало лице кое се претставило како роднина на која ѝ биле потребни пари поради сообраќајна несреќа. Во првиот телефонски повик, непознатата жена тврдела дека е помладата роднина на 75-годишната жена која била повредена во сообраќајна несреќа и била во болница, поради што ѝ биле потребни пари, објави Прототема. Тој се претставил со своето име и презиме Набргу потоа, маж кој зборувал лош грчки ѝ се јавил и ѝ се заканил дека ќе ја убие ако не ги предаде парите. Потоа следел трет повик, овој пат од маж кој се претставил како полицаец од одделот за сајбер криминал. За да изгледа поубедливо, лажниот полицаец го дал своето име и презиме и ѝ рекол на жената дека тој и нејзиниот сопруг се обидуваат да ги пронајдат луѓето кои претходно ѝ се заканувале и се обиделе да ја измамат. Убедувајќи ја да соработува со полицијата, измамниците ја стекнале нејзината доверба и ја убедиле да собере пари и вредни предмети од куќата. Таа добила инструкции преку телефон Жената извадила 45.000 евра и повеќе парчиња накит, вклучувајќи медалјон, ѓердан и венчални прстени, ги ставила во кеса и ги оставила во контејнер за ѓубре пред нејзината куќа, како што измамниците ѝ наложиле. Потоа нивните соучесници отишле до контејнерот и ја одзеле кесата со пари и накит, додека жената останала во куќата и ги следела инструкциите што ги добила преку телефон. Во друг случај, исто така во областа Лариса, жртвата бил 84-годишен маж кого го повикало непознато лице кое се претставило како негов внук. Лажниот внук рекол дека има долгови кон даночните власти и итно му требаат пари за да ги плати. Полицијата ги истражува двата случаи Верувајќи дека му помага на својот внук, 84-годишникот собрал 5.200 евра и осум скапи часовници, ги ставил во торба и ги оставил на мало светилиште на плоштадот во селото каде што живее, во близина на неговиот дом, според упатствата од телефонскиот повик. Соработникот на измамникот набрзо пристигнал во светилиштето и ја зел торбата со парите и часовниците. Полицијата ги истражува двата случаи и ги бара луѓето кои учествувале во телефонските измами. Полицијата во Лариса предупредува дека во последно време има зголемување на телефонските измами, особено насочени кон постари лица, при што измамниците користат различни методи и се претставуваат како роднини, вработени во дистрибуција на електрична енергија, даночни службеници или полицајци.Тагови: Лариса полицајци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваГвардиола одмора во Дубаи и гледа кошаркаЕден од најтрофејните тренери во светскиот фудбал, екс предводникот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по напорните сезони на клупата на граѓаните е на заслужен одмор. Пеп во моментов одмора во Дубаи каде ја следи и кошаркарската Евролига. Шест месеци по заминувањето од Манчестер Сити – со кој освои 20 трофеи – тој денеска беше забележан во Дубаи, на натпреварот од Евролигата меѓу домашниот клуб Дубаи и Анадолу Ефес. Пред почетокот на натпреварот во „Кока-Кола Арена“, генералниот менаџер на клубот од Дубаи, Дејан Камењашевиќ, му врачи на Гвардиола клупски дрес на самиот терен со неоговото презиме и бројот четири – истиот број што прославениот тренер го носеше како фудбалер на Барселона во текот на 1990-тите години. На овој меч Пеп се сретна и со свoјот пријател и сонародник од Каталонија, стратегот на домаќините Чави Пасквал, тренерот кој со Барселона ја освои Евролигата во 2010 година – токму во периодот кога фудбалскиот тим на Гвардиола доминираше во Европа. Страста на Гвардиола кон врвната кошарка не е ништо ново. Ова е веќе негов втор натпревар во Евролигата во последниот месец, откако кон средината на октомври во Барселона го следеше дуелот Барселона и Олимпијакос, кој отиде во продолжение. Тој, исто така, беше на трибините во „Палау Блауграна“ во 2022 година на натпреварот против АСВЕЛ, а во 2015 година, како тренер на Баерн, го гледаше натпреварот меѓу минхенскиот клуб и Химки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМексиканската претседателка му порача на Си дека сака поголема соработка со КинаМексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум, во разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, изјави дека Мексико сака да ја зајакне соработката со Кина. Како области од посебен интерес таа ги издвои технологијата, земјоделството, управувањето со водните ресурси, здравството и туризмот, пренесува Ројтерс. Средбата се одржа во Шенжен – центар за технологија и производство во јужна Кина – во пресрет на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC). #SheinbaumLiderMundial 🚨 LLEGA LA NUEVA ERA MEXICO-CHINA Nuestra PresidentA @Claudiashein y toda la delegación Mexicana fueron recibidas en la Sala de Honor por el Presidente de China, Xi Jinping y su gabinete, en la que acordaron una nueva era de cooperación para impulsar el Desarrollo y el Comercio entre ambos países... — La Catrina Norteña (@catrina_nortena) November 17, 2026 Кинески предлози за соработка Кинеските државни медиуми објавија дека Си Џинпинг повикал на искрени односи и продлабочување на меѓусебната политичка доверба. Тој нагласи дека двете земји треба да промовираат пријателска соработка и да го зајакнат стратешкото усогласување. Reunión con el presidente Xi Jinping y su gabinete. Hablamos de una nueva era de cooperación para el desarrollo en las relaciones México-China. https://t.co/ucrYYb7BSe — Claudia Sheinbaum Pardo (@Claudiashein) November 17, 2026 Си додаде дека соработката треба да се продлабочи и во областите на инфраструктурата, технологијата, чистата енергија, културата и туризмот. Извор: Индекс.хрТагови: Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотБорците во рингот, браќата Нурмагомедов се пуштени од затвор Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилно однесување.Борците во рингот,браќата Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилничкото однесување во елитен хотел во Абу даби. Грузискиот УФЦ-борец и шампион, Мераб Двалишвили, бил физички нападнат од браќата Нурмагомедов, Усман и Умар. Тој тврди дека напаѓачите го изненадиле од зад грб додека тој и еден негов пријател извршувале медиумски обврски пред меч. Како што подоцна беше објавено, едно од лицата било осудено на шест месеци затвор поради тепачка во хотелско лоби во Абу Даби, во која учествувале непоразениот ПФЛ-шампион Усман Нурмагомедов и ММА-борецот Мераб Двалишвили. Властите во Абу Даби потврдија дека казната за осумтемина обвинети е променета – тие нема да издржуваат затворска казна, туку ќе треба да платат парична казна од 150.000 дирхами, односно 41.000 долари. Според информациите објавени во ММА медиумите и од извори блиски до случувањата, дошло до помирување меѓу грузиските и руските борци, бидејќи Мераб Двалишвили и неговиот пријател Саба Лазишвили не побарале кривично гонење на семејството Нурмагомедов. Целиот случај се одрази врз спортските планови на Умар Нурмагомедов, кој требаше да се бори против живата легенда на УФЦ, Јураја Фејбер. Full footage of Merab Dvalishvili and Usman Nurmagomedov brawling just dropped DAAAAMN 🤯 (via @RedCorner_MMA) https://t.co/fQhGhUH6Ws — Happy Punch (@HappyPunch) November 11, 2026 Неговиот настап беше откажан, а на негово место настапи Лазишвили. Браќата Нурмагомедов сега се на слобода, а останува да се види какви ќе бидат понатамошните последици од овој инцидент.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter