Уапсен поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини - Канал 5

Уапсен поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини

Уапсен поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини
Под сомнение за проневера и злоупотреба уапесн е поренешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Две години Влада на Мицкоски - две години бајки

Навршуваат две години од владеењето на Христијан Мицкоски и Организираната криминална група ВМРО, составена од тендер коалиција и остатоци од распаднатото здружение ЗНАМ.

СДСМ: Две години Влада на Мицкоски - две години бајки

Две години во кои Македонија се движи наназад на секое поле.

Две години во кои наместо напредок и европска интеграција, добивме економски колапс, институционален распад и политичка изолација.

Економијата е во тешка криза. Буџетскиот дефицит е потрошен за шест месеци, јавниот долг е зголемен за над 2,5 милијарди евра, а инвестициите се намалени за 60%.

Граѓаните секојдневно ја чувствуваат реалноста - празни паричници и поскап живот.

Додека власта зборува за „трета економија во Европа“, реалноста е дека младите масовно ја напуштаат земјата, а премиерот веќе најавува увоз на работници од трети земји наместо да создаде услови за задржување на домашната работна сила.

Европскиот пат е целосно блокиран. Македонија е изолирана. Наместо да се приближуваме кон ЕУ, се отвораме кон авторитарни влијанија.

Европските извештаи јасно укажуваат на странско мешање од Србија, Русија и Кина. Владата промовира авторитарна пропаганда и учествува во мрежи спротивни на македонските национални и безбедносни интереси.

Со ваквите политики се загрозува кредибилитетот на Македонија во НАТО и целосно се блокира патот кон Европската Унија.

Дел од медиумите се под контрола на ВМРО преку мрежата на Виктор Орбан.

Институциите се целосно партизирани.

Министерството за внатрешни работи е ставено во функција на политичка контрола, а правосудството и обвинителството се под директна партиска контрола.

Реконструкцијата на Владата, која ја најави Мицкоски, е само продолжување на претставата - нема резултати, туку само нова шминка и нови криминални тендери.

По две години јасно е дека ВМРО нема ниту идеја, ниту план за развој на Македонија. Имаат само план за задолжување, трошење и одржување на власт по секоја цена. Со лаги дојдоа на власт, со лаги владеат.

Бајките за „горда Македонија“ завршија.

Реалноста е дека државата забрзано се движи кон економски и институционален колапс.

Македонија не смее да продолжи по овој пат. Курсот мора да се промени - враќање на европскиот пат, одговорна економска политика и враќање на институциите во служба на граѓаните, а не на партиските и криминални интереси.

Две години се доволни за да се види вистината.

Со Мицкоски, држава забрзува - во пропаст!

Македонија и нејзините граѓани заслужува подобро.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали Ферари ги принудува клиентите да купат електричен модел? Пристигна одговор од Маранело

Лусе е развиен за различен профил на клиенти и не е наменет исклучиво за долгогодишни сопственици на Ферари. Секако, тие можат да го купат, но никој не е принуден да го стори тоа.

Дали Ферари ги принудува клиентите да купат електричен модел? Пристигна одговор од Маранело

Ферари цврсто ги негираше гласините дека клиентите мора да го нарачаат новиот електричен модел Лусе за да го задржат својот статус на важни клиенти или да добијат пристап до идни ограничени серии автомобили.

Маркетинг директорот на Ферари, Енрико Галиера, изјави дека ваквите тврдења се неточни и дека таквата практика би му наштетила на самиот бренд.

„Лусе е развиен за различен профил на клиенти и не е наменет исклучиво за долгогодишни сопственици на Ферари. Секако, тие можат да го купат, но никој не е принуден да го стори тоа“, рече Галиера.

Тој верува дека незадоволните клиенти би влијаеле негативно на угледот на компанијата, додека брзата препродажба на возилото би можела да ја намали вредноста на користените копии и да предизвика дополнителни проблеми на пазарот.

Иако не сакаше да го открие точниот број на нарачки за „Ferrari Luce“, Галиера нагласи дека продажбата ги исполнува очекувањата на компанијата. Според него, нарачките во моментов се распределуваат приближно рамномерно помеѓу новите и постојните клиенти на Ферари.

Гласините се појавија по извештајот на Блумберг, во кој анонимни извори тврдеа дека купувањето модел Лусе би можело да ги зголеми шансите за добивање идни ограничени и специјални модели на Ферари.

Сепак, Маранело вели дека таква политика не постои и дека пристапот до ексклузивни автомобили не е условен со купување електричен модел.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти

Премиерот Мицкоски информираше дека владата вчера водела разговори со сопствениците на маркетите со цел да се спречи дополнителен раст на цените и да се задржи инфлацијата на ниско ниво.

Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи  да биде под 3 проценти

Како што соопшти Мицкоски, во текот на вчерашниот ден била одржана работна средба со претставници на најголемите маркети во државата, на која главна тема биле инфлацијата и движењето на цените на основните прехранбени производи.рече дека се договориле во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер