Општина Кисела Вода: Игралиштето на улица „Ѓорѓи Сугаре“ кое беше вандализирано, е санирано и повторно безбедно за игра
1Општина Кисела Вода: Игралиштето на улица „Ѓорѓи Сугаре“ кое беше вандализирано, е санирано и повторно безбедно за игра
3Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
ЕкономијаГраѓаните за 2025 година имале пријавен доход од речиси 10 милијарди евра9,95 милијарди евра даночив доход бил пријавен од страна на граѓаните изминатата 2025 година. Речиси 10 милијарди евра даночив доход пријавиле граѓаните изминатата 2025 година – покажуваат податоците н управата за јавни приходи од каде велат дека годишното одданочување завршило. Минатата година споредбено со преттходната 2024 бележи раст од нешто над 1,21 милијарда евра, што се одразило и врз зголемената наплата на данокот на личен доход кој е зголемен за околу 79 милиони евра... Според податоците на управата од вкупниот данок, најмногу или нешто повеќе од 7,44 милијарди евра е е доход од работен однос, за што бројките покажуваат дека платите остануваат доминантен извор на приход кај граѓаните... По доходот од работен однос, втора категорија се приходите од капитал или околу 398 милиони евра, а значителен удел има и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи кој изнесува околу 360 милиони евра. Понатаму следуваат добивките од игри на среќа каде граѓаните имаа пријавено околу 180 милиони евра, по што следува доходот од закуп и подзакуп или околу 160 милиони евра. Истовремено податоците на УЈП покажуваат и дека голем дел од граѓаните и натаму не ја користат можноста сами да си ги проверат и потврдат даночните пријави, иако тој увид може да утврди доколку се направи евенутална грешка во годишната пријава. За една година генерирани биле 863 100 годишни даночни пријави, од нив 704 443 се дел од системот е даноци но само околу 26 илјади лично ги потврдиле. Тагови: УЈП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Кисела Вода: Игралиштето на улица „Ѓорѓи Сугаре“ кое беше вандализирано, е санирано и повторно безбедно за играДетското игралиште на улицата „Ѓорѓи Сугаре“ од денес е повторно целосно уредено и безбедно за игра на најмладите.По неодамнешниот вандалски чин, во кој реквизитите беа намерно уништени со полевање со моторно масло, екипите на Општина Кисела Вода веднаш излегоа на терен и го санираа оштетувањето. -Детското игралиште на ул. „Ѓорѓи Сугаре“ е повторно безбедно и подготвено за игра. Нашите екипи веднаш по пријавата излегоа на терен и ја завршија санацијата на реквизитите кои минатата седмица беа цел на намерно уништување и полевање со моторно масло. Најостро го осудувам овој чин на намерно уништување. Недозволиво е просторот каде што нашите деца треба да се радуваат и да се дружат, да биде цел на ваков срамен вандализам. Како општина, континуирано вложуваме сериозни средства за изградба на нови и обнова на постоечките игралишта, со цел да овозможиме подобри услови за сите. За жал, кога неодговорни поединци намерно ги оштетуваат овие капацитети, средствата кои треба да се инвестираат во нови проекти, мораме да ги пренасочуваме за поправки и чистење на веќе изграденото. Со цел да се спречат вакви инциденти во иднина, Општина Кисела Вода воведува засилен инспекциски надзор на јавните површини. Воедно, испраќам силен апел до сите граѓани дека чувањето на јавните добра е наша заедничка граѓанска должност. Доколку забележите какво било деструктивно однесување, веднаш пријавете кај надлежните институции, за сторителите да бидат соодветно санкционирани. Да бидеме совесни и заедно да го чуваме просторот каде што растат нашите деца-истакна градоначалничакта Бети Стаменковска Трајковска.Тагови: Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Карпош: Целосно реконструирано детско игралиште во У.З. Кузман Јосифовски ПитуОпштина Карпош ја заврши комплетната реконструкција на детското игралиште кое се наоѓа во у.з. Кузман Јосифовски Питу, помеѓу зградите на улицата „Јуриј Гагарин“ бр.25 и 35.Во рамки на реконструкцијата беа обновени сите детски реквизити и пропратната урбана опрема со што игралиштето доби нов, побезбеден и пофункционален изглед. Со оваа инвестиција значително ги подобруваме условите за игра, рекреација и дружење на намладите жители на овој дел од општината. Општина Карпош и во наредниот период ќе продолжи со реконструкција и обновување на останатите детски игралишта на целата своја територија. Алепираме до сите граѓани совесно и одговорно да ги користат и чуваат детските реквизити и урбаната опрема, бидејќи нивното зачувување е заедничка одговорност и придонесува за побезбедна и поуредна средина за сите. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаВаланчунас се врати во Европа Литванската кошаркарска ѕвезда Јонас Валанчунас (34) ќе потпише двегодишен договор со Жалгирис.Според локалните медиуми, едногодишната сага е завршена и Валанчунас се враќа во својата татковина. Валанчунас се врати во Европа, по 14 години поминати „преку барата“. Изминатата сезона ја помина во Денвер, каде што пристигна откако неговиот трансфер во Панатинаикос не успеа. Валанчунас ја започна својата кариера во Лиетвос Ритас, најголемиот ривал на Жалгирис. Во НБА, тој ги носеше дресовите на Торонто, Мемфис, Њу Орлеанс, Вашингтон, Сакраменто и Денвер.Тагови: Евролигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter