Уапсен маж одговорен за авионската несреќа во која загина Емилијано Сала

Попладнево е уапсен 64- годишен маж од северен Јоркшир , осмничен за смртта на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала.

Истрагата , која со месеци се водеше за причините за падот на авионот над каналот Ла Манш доведе до човекот од Дорсет. На 21. јануари Сала со пилотот Дејвид Ајботсон биле на пат кон Кардиф од Нант , каде фудбалерот се простуваше од колегите по трансферот во велшкиот клуб.

Пилотот загубил контрола над авионот кој падна во Ла Манш.

Телото на 59- годишниот пилот не е најдено во остатоците од трупот на авионот , најдени на 3. февруари. Телото на Сала е најдено и идентификувано преку отисоци на прстите.

УНРВА: Од Рафа досега избегаа 450.000 Палестинци

 Агенцијата на ОН за помош на палестински бегалци (УНРВА) денеска соопшти дека речиси 450.000 луѓе избегале од градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа откако израелската армија навлегла во градското подрачје минатата недела.

„Луѓето се соочени со постојана исцрпеност, глад и страв. Итен прекин на огнот е единствената надеж“, објави УНРВА на платформата Икс.

ОН вчера соопшти дека уште 100.000 луѓе се раселени во северниот дел на Газа.

Израел нареди нови евакуации на северот додека се бори со Хамас, чии борци повторно се појавија во областите кои жестоко ги бомбардираше и во кои е водена копнена офанзива уште на почетокот на војната. /МИА

Најдобрата ракометна судиска двојка, Начевски -Николов кај градоначалникот Ѓорѓиевски

Пред Олимпијадата во Париз, најдобрата ракометна судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов кај градоначалникот Ѓорѓиевски  .

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со најдобрата македонска и светска ракометна судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. По бројните врвни натпреварувања од кои ќе ги спомнеме последните- Светското првенство во Шведска во 2022 година, финалето на СП во 2023 год. во Унгарија, Шведска и Австрија, како и полуфиналето на ЕП во 2024 година во Германија, своевремено најдобра судиска двојка во светот во избор на Светската ракометна федерација (ИХФ), летово ќе ја дели правдата на Олимписките игри во Париз. За Начевски и Николов ова ќе биде четврта Олимпијада, по Лондон, Рио и Токио. Градоначалникот Ѓорѓиевски им го честиташе големиот успех за кој тие недамна од Општина Кисела Вода добија статуетката во форма на клуч која се доделува на сите заслужни жители.

- Големо е моето задоволството што и денес прославуваме уште еден успех на оваа светски призната ракометна судиска двојка. Да се суди на Олимпијада и тоа по четврти пат говори за континуиран квалитет со кој сме горди сите ние, пред се жители на Општина Кисела Вода, но и цела Македонија. Од неодамна и официјално ги прогласивме за наши почесни граѓани и се надевам дека листата со успеси ќе продолжат да ја збогатуваат со уште вакви значајни натпреварувања. Како градоначалник на Општина Кисела Вода, вложувам големи заложби за достоен третман на големите спортски ѕвезди и по официјалното завршување на нивните натпреварувања. Како локална самоуправа се трудиме да го искористиме нивниот потенцијал и тоа најмногу за младите таленти, па така нашите ученици во своите училишта спортуваат со ракометарот Аце Станковски, судијата Славе Николов, како и со поранешниот репрезентативец, ракометарот Кирил Атанасовски-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Администрацијата на Бајден најави високи нови царини за увоз од Кина

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден денеска соопшти дека СAД ќе воведат високи нови царини за широк спектар на производи увезени од Кина, како што се полупроводници, батерии, соларни ќелии или критични минерали.

Вашингтон, исто така, ќе ги зголеми тарифите за медицински производи или пристанишни кранови покрај претходно најавените зголемувања на тарифите за кинескиот челик, алуминиум и електрични возила, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Белата куќа соопшти дека промените ќе влијаат на околу 18 милијарди долари во тековниот годишен увоз и дека зголемувањето на царините е неопходно за да се заштити американската индустрија од нелојална конкуренција.

притисни ентер