ЖивотТурист седнал да јаде покрај фонтана во Рим- добил казна од 450 евра Турист од САД е казнет со 450 евра при посетата на Рим затоа што јадел и пиел додека седел на раб на фонтана.55-годишникот во саботата околу 1 часот по полноќ седнал на работ од фонтаната и почнал да јаде, по што бил запрен од полицијата и казнет поради законите за заштита на спомениците, кои се наменети за одржување на пристоен изглед на градот, пишува CNN. Фонтаната била изградена помеѓу 1588 и 1589 година од страна на архитектот и скулптор Џакомо дела Порта, а била обновена во 1997 година. Заштитена е со правила кои првпат биле воведени во 1970-тите за да се зачуваат историските фонтани, статуи и други споменици. Ажурираните закони со фокус на одржување на „еколошкиот дизајн“ на градот се во сила од 2019 година. Правилата, покрај забраната за јадење, вклучуваат и забрана за консумирање алкохолни пијалоци на улица, организирање обиколка и посета на локали со алкохолни пијалоци и капење во градските фонтани. Локалната полиција соопштила дека извршила повеќе од 300 претреси минатиот викенд. Полицајците можат да изрекуваат казни, па дури и да отстранат луѓе од одредена област во период од 48 часа. Повторените престапници може да добијат забрана до 60 дена. Кога биле воведени овие правила, градскиот совет соопштил дека тие „се занимаваат со многу аспекти од градскиот живот, со посебно внимание на почитувањето на уметничкото и културното наследство на главниот град“. Правилата се во служба и на борбата против прекумерниот туризам, бидејќи Рим има проблем со премногу посетители. Пред пандемијата на коронавирус, околу 10 милиони туристи пристигнувале секоја годсина во Рим.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Кочани, лишени од слобода две лицаНа 27.08.2026 полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода Д.С.(42) и В.З.(26) двајцата од Кочани, по претходни оперативни сознанија дека се сторители на повеќе тешки кражби на подрачјето на ОВР Кочани. Извршен е претрес во нивните домови, со претходно издадена судска наредба, при што биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривично дело по член 236 од Кривичниот законик на РМ. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.Тагови: кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаЛишен од слобода возач од Шведска, на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволенатаНа 27.08.2026 околу 16:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „фолксваген“ со српски национални ознаки, управувано од М.С.(39) од Шведска. При извршена проверка преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.С. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно на автопатот А-1, во близина на Демир Капија, управувал со возилото со брзина од 175 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час. М.С. е лишен од слобода и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Тагови: поголема брзина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГаши: Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлинаПретседателот на собранието Африм Гаши упати честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упатувам искрени честитки до сите православни верници и до сите граѓани кои го одбележуваат овој значаен празник. Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина и нека нè потсети на вредностите што нè обединуваат како општество. Во духот на соживотот и почитувањето на различностите, да продолжиме заеднички да градиме општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува почитуван и еднаков. На сите кои го празнуваат, им посакувам добро здравје, благосостојба и пријатни празнични мигови со своите најблиски. Со почит, Африм ГашиТагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook