Третата рунда директни разговори меѓу Москва и Киев се очекува да биде договорена идната недела - Канал 5

Третата рунда директни разговори меѓу Москва и Киев се очекува да биде договорена идната недела

Третата рунда директни разговори меѓу Москва и Киев се очекува да биде договорена идната недела, истакна Песков,

Третата рунда директни разговори меѓу Москва и Киев се очекува да биде договорена идната недела

Се очекува третата рунда директни руско-украински разговори да биде договорена идната недела, истакна денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Што се однесува до разговорите, се очекува да се постигне договор идната недела, а се претпоставува дека ќе го дознаеме и датумот на следната рунда“, рече портпаролот на Кремљ.

Песков нагласи дека се важни резултатите од претходните рунди.

„Го кажавме ова многу пати. Благодарение на работата што ја заврши нашата делегација, (помошникот на рускиот претседател Владимир Путин) Медински лично, многу од нашите момчиња успеаја да се вратат дома, во земјата“, истакна Песков.

Тој, исто така, потсети на хуманитарното значење на размената на телата на паднатите војници.

По две рунди преговори во Истанбул, Русија и Украина се согласија да разменуваат затвореници според формулата „илјада за илјада“, како и да вратат тешко болни и млади (под 25 години) затвореници според форматот „сите за сите“ - најмалку 1.000 луѓе од секоја страна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мбапе ја напушти репрезентацијата поради повреда, Зидан со лоша прогноза

Килијан Мбапе ја напушти француската репрезентација со повреда на коленото здобиена во победата од 1-0 против Турција во првото коло од Лигата на нации. 

Мбапе ја напушти репрезентацијата поради повреда, Зидан со лоша прогноза

Францускиот капитен го постигна единствениот гол на натпреварот, но се повреди и мораше да го напушти натпреварот во 58-та минута.

Мбапе веднаш побара медицинска помош по шутот што го постигна. Накратко се врати на теренот, но набрзо повторно заврши на тревникот и повеќе не можеше да го продолжи натпреварот. Францускиот штаб потоа објави дека има повреда на тетивата и ќе се врати во Мадрид на лекување.

„Нема да ризикуваме“

„Не изгледа добро. Мислам дека ќе мора да се врати. Нема да ризикуваме. Има хиперекстензија на коленото“, рече францускиот селектор Зинедин Зидан по натпреварот. Затоа, Франција ќе ги игра следните натпревари од Лигата на нации против Белгија и Италија без својот капитен.

Повредата се случи во многу незгодно време за Зидан. Натпреварот против Турција беше негов прв на француската клупа откако го наследи Дидие Дешан по Светското првенство. Неколку дена претходно, Мбапе изјави дека неговата соработка со Зидан изгледа „како филм“, а новиот тренер го остави во улогата на капитен на националниот тим.

Франција е во групата А1 со Турција, Белгија и Италија. По победата во Турција, ќе следи посета на Белгија, потоа домашни натпревари против Италија и Белгија, додека последните две кола ќе се играат во ноември против Италија и Турција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

Меѓународниот кривичен суд (МКС) презеде низа чекори за да се заштити од потенцијални сеопфатни санкции од страна на Соединетите Американски Држави, изјави денес заменик-обвинителката на МКС, Наџат Шамим Кан.

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT).

Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите системи во текот на изминатата година, вклучително и префрлање од канцеларискиот софтвер на „Мајкрософт“ на германскиот софтвер со отворен код „ОпенДеск“, како и алтернативни решенија за здравствено осигурување на вработените и банкарски услуги.

Фајненшл тајмс соопшти дека судот им исплаќал плати на вработените со месеци однапред за да ги ублажи сите потенцијални прекини во плаќањата.

Порано оваа недела, „Ројтерс“ објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвила санкции против целиот Меѓународен кривичен суд и планирала наскоро да ги објави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет се уште е член на Централниот одбор на СДС

На Венко Филипче и СДС не може да им се верува за ништо.

ВМРО-ДПМНЕ: Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет се уште е член на Централниот одбор на СДС

Рубин Земон кој беше член на Извршниот одбор на СДС пролетва излезе во јавност со тврдење дека Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и оти не е важен за македонскиот идентитет.

По критиките кон него како член во највисокиот партиски орган, а и критики кон претседателот на СДС Венко Филипче, Земон излезе во јавноста и рече дека се повлекува од ИО на СДС бидејќи не сака да и нанесе штета на партијата.

Сега истиот тој Земон беше на седницата на Централниот одбор на СДС која се одржа во четвртокот вечерта.

Очигледно се што прават Земон и Филипче е лажење на граѓаните и ништо повеќе. Со терање на ваква политика СДС само тоне, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер