Трејси Кис била подложена на трансплантација на коса во Турција, откако пред 10 години ненадејно почнала да ја губи својата коса во прамени.
Нејзината агонија траела речиси една деценија. Поради тоа ја изгубила самодовербата, се срамела од својот изглед, била депресивна и не гледала излез од ситуацијата во која се нашла. Трансплантацијата ја доживеала како голем животен дар и нов почеток.
- Постојаното губење на косата е како да гледате како некој умира и се чувствувате целосно беспомошно да го спречите тоа. Гледав и знаев како ќе заврши. Мислев дека ќе бидам ќелава без ниту едно влакно на главата – ја започнува Трејси својата исповед за Дејли Стар.
Таа открива дека не наишла на разбирање од околината за својата ситуација, никој не го разбирал ставот и немоќта со кои со години се соочувала.
- На луѓето им е многу тешко да разберат колку косата влијае на вашиот живот. Тоа е како некој да ви ги одземе рацете, нешто што отсекогаш сте го имале и сте се навикнале на тоа. Потоа одеднаш почнувате да го губите и чувствувате како да губите дел од себе – објаснува Трејси.
Минатиот месец решила да се справи со проблемот и од Лондон заминала во Турција на операција.
- Ми беше вратено нешто поради кое со години страдав. Се чувствувам како да сум освоила милиони на лотарија. Сета тага и несигурност исчезнаа, сега повторно можам да живеам среќно – воодушевено коментира Трејси по извршениот зафат.
Процесот низ кој поминала Трејси го објавила на своите профили на социјалните мрежи, каде добила голема поддршка од своите фанови.
Инаку, според истражувањето на Клиниката во Кливленд, повеќе од 50 отсто од жените во САД доживуваат забележително опаѓање на косата, иако општо прифатено е мислењето дека тоа им се случува само на мажите.