Том Круз купил корона-роботи, за да ги опоменува колегите да држат дистанца

Познатиот актер Том Круз воопшто не штедел да набави два роботи за да спречи ширење на корона за сетот во Велика Британија, каде што се снима седмиот дел од „Невозможна мисија“, но и да осигура дека филмската екипа се придржува до мерките.

Наводно, пишува The Sun, софистицирани роботи патролираат за време на снимањето, а тие можат и да тестираат кој било од екипата за коронавирус во секое време.

58-годишната холивудска sвезда се решил на оваа идеја откако два пати им се развикал на сетот на луѓето кои ја прекршиле физичката дистанца. Круз скапо платил за двата роботи, според извор на „Сан“, за да се обезбеди снимање и покрај пандемијата, додавајќи дека сетот од Велика Британија наскоро ќе се пресели во Дубаи.

"Роботите се многу софистицирани и малку застрашувачки. Тие изгледаат како Терминатор, но не толку насилни. Од друга страна, Том има среќа што воопшто снима и целиот тим се обидува да го заврши филмот", велат од сетот. Според „Сан“, Круз инвестирал милиони за изградба на студио во поранешната воена база со сите мерки за заштита од короната, за да се осигури дека остатокот од снимањето на филмскиот хит ќе се одвива непречено.

Целиот тим, наводно, се сели од Сари до Хертфордшир кон поранешната тенковска база. Сето ова било решено откако пет члена на филмската екипа поднеле оставка затоа што Круз, викајќи, по втор пат им прочитал писмо за кршење на мерките, притоа не штедејќи воопшто на навреди на сметка на веќе нервозните членови на продукцијата. Откако американскиот актер ги видел членовите на тимот на компјутерскиот екран како стојат на растојание од помалку од еден метар, им се заканил со зборовите: „Ако те фатам повторно, тоа е ... готово си“.

Пред да пристигне во Велика Британија, Круз веќе го снимал седмиот дел од оваа популарна филмска франшиза во Рим. Дел од снимањето било направено во Венеција, Норвешка и, се разбира, Велика Британија. Но, филмот веќе претрпе бројни одложувања и доцнења со снимањето токму поради пандемијата на коронавирусот. Многу од најзначајните сцени требало да бидат веќе снимени во Италија, која во еден момент беше центарот на светската пандемија.

Во средината на октомври, тој дури имал тешки разговори со режисерот Кристофер МекКвари, откако наводно 12 лица на сетот биле позитивни на корона. Здравствените власти потоа се обиделе да дојдат до сите заразени контакти откако снимањето било откажано, надевајќи се дека се работи за изолиран случај. Круз, според „Сан“, искеширал дури 500 000 фунти од сопствениот џеб за крстарење, каде што актерите и филмската екипа можеле да поминат време во изолација. „Невозможна мисија 7“ треба да пристигне во кината на 19 ноември.

Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права

 Кралот на Маорите на Нов Зеланд денеска повика на китовите да им се дадат основни човекови права за да се заштитат ранливите видови.

Кралот Тухеитија Паки рече дека величествените морски цицачи треба да ги имаат основните човекови права како што е правото на здрава животна средина за да се овозможи обнова на нивната популација.

- Звукот на песната на нашите предци ослабна, а живеалиштето е загрозено. Затоа мора да дејствуваме сега, рече Тухеитија во редок јавен настап.

Во 2017 година, Нов Зеланд донесе закон со кој се дава правен субјективитет на планината Таранаки и реката Вангануи, кои се важни за Маорите, домородни луѓе кои сочинуваат околу 17 отсто од населението на Нов Зеланд, или околу 900.000.

Тухеитија смета дека давање ист статус на китовите би делувало како „наметка на заштита“.

Тој се обрати заедно со високиот поглавица на соседните острови Кук, Травело Ту Арики.

Тие се залагаат домородните знаења да се комбинираат со науката за да се обезбеди „похолистички пристап“ за зачувување на китовите.

- Китовите играат витална улога во здравјето на целиот наш океански екосистем, рече Травел Ту Арики. „Мораме итно да дејствуваме за да ги заштитиме овие прекрасни суштества пред да биде предоцна“, додаде тој.

Сините китови можат да пораснат до 30,5 метри и да тежат до 200 тони.

Но, големината не ги штити. Шест од 13-те големи видови китови се загрозени или ранливи, според WWF, светската организација за заштита на природата.

Откажани летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк

Откажани летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк на вработените во „Аустријан ерлајнс“.

Откажани се летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк на вработените во авиокомпанијата „Аустријан ерлајнс“.

На официјалната веб страница на Меѓународниот аеродром Скопје не се ставени ниту полетувањата, ниту слетувањата со оваа авиокомпанија.

Поради штрајкот, којшто според најавите треба да трае денеска и утре, глобално откажани се околу 400 лета и засегнати се околу 50.000 патници.

Во текот на овие два дена оваа авиокомпанија требаше да реализира 24 лета од Виена до градовите во поранешна Југославија вклучувајќи летови до Белград, Сараево, Загреб, Приштина, Скопје, Подгорица, Дубровник и Сплит.

Царинските службеници во Грција ќе одржат 48-часовен штрајк следната седмица

Од Федерацијата на царински службеници на Грција соопштија дека цариниците од Независната управа за јавни приходи како и од Министерството за финансии ќе одржат 48-часовен штрајк.

Дводневен штрајк за 2 и 3 април закажаа грчките царинските службеници, што ќе влијае и на сообраќајот на граничните премини од Грција кон соседните земји, меѓу кои и Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Федерацијата на царински службеници на Грција соопштија дека цариниците од Независната управа за јавни приходи како и од Министерството за финансии ќе одржат 48-часовен штрајк, а од Синдикатот на вработени во јавниот сектор преку соопштение изразија поддршка за штрајкот.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, поради 48-часовниот штрајк на цариниците целосно ќе биде во прекин сообраќајот на граничните премини од и кон Грција за товарните возила и секаков вид пратки, додека пак во однос на автомобилите, не е исклучена можноста возилата повремено да се пропуштаат, нешто што ќе се дефинира и појасни непосредно пред почетокот на штрајкот.

притисни ентер