Тинејџери биле однесени 40 километри во морето, ноќта ја преспале на даските за сурфање - Канал 5

Тинејџери биле однесени 40 километри во морето, ноќта ја преспале на даските за сурфање

Четворица тинејџери го преживеале невозможното.

Тинејџери биле однесени 40 километри во морето, ноќта ја преспале на даските за сурфање

Тие останале целосно неповредени откако ја поминале ноќта на даски за сурфање на 40 километри од брегот, плутајќи во немирните води во близина на полуостровот Викторија Морнингтон во Австралија. Бидејќи се случи во деновите пред новогодишните и божиќните празници, полицијата овој настан го нарече „Божиќно чудо“.

Имено, две 18-годишни момчиња и две девојчиња (на возраст од 18 и 19 години) биле пронајдени на Лебедовиот остров околу девет часот во средата, откако биле однесени од силните источни ветришта, пренесува Гардијан.

Групата тргнала на две штици за сурфање во понеделникот вечерта од плажата Розебад пред да отпловат кон средината на заливот Порт Филип, и на крајот завршија на околу 30 километри од брегот.

Околу два часот наутро стигнале на островот и бидејќи биле дезориентирани и смрзнати, се засолниле во колиба.

Кога изгреало сонцето, тие талкале по островот додека не биле пронајдени од безбедносните сили. Всушност, работите на тинејџерите, меѓу кои телефоните и личните карти, ги пронашол случаен минувач на плажата во понеделникот околу 20 часот, по што била започната потрага.

Тие биле пренесени во болница во стабилна состојба и без повреди.

Безбедносниот и воениот персонал на островот на крајот ја известиле полицијата.

„Ваквите работи обично завршуваат трагично. Ова е божиќно чудо“, изјавил инспекторот Иан Прегнел.

Инаку, Лебедовото острово е воена база за обука од една страна, а Квинсклиф голф клуб од другата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Белиот стап не е доволен“ - Лицата со оштетен вид бараат подобри услови и еднакви права

Непристапни тротоари и бројни пречки во секојдневието – слепите лица и лицата со оштетен вид сè уште се соочуваат со секојдневните предизвици .

„Белиот стап не е доволен“ - Лицата со оштетен вид бараат подобри услови и еднакви права

Не е доволно само да се обезбеди бел стап, туку и обука за безбедно и самостојно движење, вели директорката на „Димитар Влахов“, Александра Јаковчевска.

„ Затоа обуката за ориентација и мобилност ја сметаме за еден од основните предуслови за самостојност во таа насока веќе имаме поднесе Иницијатива до Бирото за образованието и заеднички работиме на создавање услови оваа обука системски да стане достапна за учениците со оштетен вид во редовните училишта“, --Александра Јаковчевска.

Беира Салифоска од училиштето „Димитар Влахов“ ја потенцира важноста токму на стручната обука:

„Правилната употреба на белиот стап се учи со стручна обука, таа вклучува препознавање пречки, користење ориентири, процена на безбедност и совладување на познати и нови маршути. Потребите се менуваат со возраста, па подршката треба да продолжи и кога ученикот преминува во средното образование и почнува почесто да се движи надвор од училиштет“– Беира Салифоска, државно училиште „Димитар Влахов“.

Од Сојузот на слепи лица предупредуваат дека и по децении постоење, правата на овие граѓани сè уште не се остваруваат според меѓународните стандарди. Кети Петреска бара законско признавање на факсимилот како начин на потпишување, но и поголема пристапност на јавниот простор, со тактилни патеки, безбедни премини и достапен јавен превоз.

Министерката за образование, Весна Јаневска, посочи дека годинава е зголемен бројот на образовни асистенти, што според неа е важен чекор кон поинклузивно образование.

„Меѓународниот ден на белиот стап е можност да се потсетиме до каде сме и до каде сме стигнале како општество, во нашата обврска на секое дете да му увозможиме да ги реализира своите соништа, таленти и потенцијали. Оваа учебна година ја почнавме со најголем број на образовни асистенти до сега, ангажиравме 1602 образовни асистенти во основното и 176 во средното образование“- Весна Јаневска.

На дебатата во Собранието, по повод Меѓународниот ден на белиот стап, министерот Ѓоко Велковски порача дека Министерството ќе продолжи да работи на подобрување на социјалната заштита, поголема достапност на услугите и создавање еднакви можности за лицата со попреченост.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ревизорите откриле сериозни неправилности во работата на Општина Кичево

Сомнителен договор од над шест милиони евра за јавно осветлување, речиси еден милион евра за капитални проекти кои воопшто не биле предвидени од годишната програма

Ревизорите откриле сериозни неправилности во работата на Општина Кичево

Сомнителен договор од над шест милиони евра за јавно осветлување, речиси еден милион евра за капитални проекти кои воопшто не биле предвидени од годишната програма, како и побарувања од до граѓани и фирми што останале неплатени со години, дел од нив повеќе од деценија – извештајот на ревизорите за работата на опшитина Кичево за 2024 година, кога со нејзе стопанисуваше Фатмир Дехари, утврди сериозен законски и финансиски хаос. Покрај договорот за осветлувањето, со кој општината била обврзана да плаќа 34 илјади евра месечно во период од 15 години за модернизација и одржување, се истакнува и паркот во с. Зајас од речиси половина милион евра без соодветна документација, а денеска и запуштен.

-Јавното приватно партнерство за модернизација на јавното осветлување, кој поради својата значајна финансиска вредност и долгорочно обврски претставува прашање од висок ризик за буџетот. Утврдени се значајни отстапувања во сите фази на постапката, вклучително недостиг на целосна подготвителна документација исто така и слабости во реализација на договорт, што создава финансиски и правни ризици во текот на целиот период на реализацијата на договорот. Одржувањето на системот опфаќа замена на светилки со лед, поставување на дополнителни илјада светилки и поставување на 234 ормарчиња за контрола на истите,- -Марина Блажеска – Пом. главен државен ревизор.

Фрапиран од договорот за осветлување бил и актуелниот градоначалник Александар Јовановски, кој вели секој месец стигала фактура за плаќање на нешто што воопшто не соодвествувало со фактичката состојба и без никаков извештај за што и каде се потрошени тие средства. Општината го раскинала договорот.

Според тој фамозен договор се наведени илјадници, илјадници сијалици кои треба да се менуваат, се менувале или не се менувале со различни спецификации, искрено не можам да ви кажам што точно е сработено, само можам да кажам дека ништо од тоа што е договорено не соодвествува со фактичката состојба.Презедовме чекори за расчистување на случајот и раскинување на договорот, и на почетокот на овој месец успеавме конечно да го раскинеме и го известивме конзорциумот од четири фирми, едната со седиште во Гостивар, носителот.

Во Кичево не била направена ниту ре-проценка на недвижните имоти од 2008 година, па 1340 лица плаќале данок на имот само по 200 денари. Јовановски вели дека процесот на ре-проценка е во полн ек ќе ја опфати целата општина. Дополнително, за 100 телефонски броеви од договор во 2023 година нема никаква документација дека се распределени на вработени и не функционираат, а за тоа се плаќа 10.000 евра годишно.

Од скопското обвинителството за Канал 5 посочија дека ревизорскиот извештај е веќе кај нив и дека по истиот ќе се постапува за проверка на наводите. Неофицијално, според информации на Канал 5 и МВР веќе го чешла извештајот. Екс-градоначалникот на Кичево – Фатмир Дехари веќе се соочува со повеќе кривични пријави за злоупотреби во работењето во општината.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пред Европскиот Совет предлогот за квалификувано мнозинство

Предлогот за квалификувано мнозинство при одлучувањето во пристапниот процес на прв тест пред Европскиот Совет. 

Пред Европскиот Совет предлогот за квалификувано мнозинство

И покрај евидентата поделеност околу прашањето кое треба во иднина драстично да го ограничи ветото, европските лидери во Брисел имаат два дена да ги доближат ставовите. Основната цел, како што најави шефицата на европската дипломатија е билатералните прашања да останат на страна.

-Ќе дискутираме и за процесот на проширување. Навистина е важно да не го билатерализираме процесот на проширување. Ако го гледаме процесот на проширување како таков, Европа е многу мал континент. Всушност, треба да бидеме посилни заедно со оние земји што се во Европа. , изјави Каја Калас, висока претставничка за европска и безбедносна политика.

Но, билатералните прашања во Брисел не останаа на страна. Хрватскиот премиер Пленковиќ излезе со список од осум услови за Црна Гора, кои Подгорица треба да ги исполни пред да стане полноправна членка, а се поврзани со хрватските бранители, со имотно-правниот статус на Хрватите во Црна гора и со процесуирање на воени злосторства. Пленковиќ вели досега Хрватска ja имала толеранцијата, што на пример, ја немале Грција и Бугарија кон Македонија.

-Го имате примерот со Македонија, која во времето на Самитот во Загреб во 2000 година беше пред Хрватска од институционалниот аспект, пред Хрватска. Тие се уште не ги отвориле преговорите. Постојат две држави, кои од 2005-та до 2026-та ѝ зедоа 21 година иституционално приближување на Македонија во ЕУ. Хрватска не зазеде таков пристап. , изјави Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска.

Црна Гора и денеска во Брисел беше посочена за најнапредна меѓу земјите – кандидатки, а по неа Албанија, Украина и Молдавија, кои наскоро ќе треба да добијат таканаречени патокази за забрзано членство. Унгарскиот премиер Маѓар порача Украина да не се става на брза лента.

-Не постои таков датум (за Украина). Ако го погледнеме Западен Балкан, каде што земји чекаат по 15 години да ѝ се придужат на Унијата, така што, таа не е многу блиску до приклучување. Не веруваме во послаби или посилни членства, во пасивни или паралелни членства. Веруваме само во вистинско членство, кое (за Украина) може да потрае 15 или 20 години. , изјави Петер Маѓар, премиер на Унгарија.

Еврокомесарката Марта Кос, која неодамна го презентираше предлогот за ограничување на ветото, пред два дена призна дека предлогот не е прифатен подеднакво од сите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер