ТHE 2 Active Tourer - прогресивен кросовер за модерен животен стил - Канал 5

ТHE 2 Active Tourer - прогресивен кросовер за модерен животен стил

Функционалност, технологија, препознатливо BMW задоволство при возењето и неверојатно прогресивeн пристап во дизјанот, го карактеризираат новиот BMW Серија 2 Аctive Tourer. 

ТHE 2 Active Tourer - прогресивен кросовер за модерен животен стил

Компанијата М Кар го претстави овој модерен кросовер кој зрачи со авторитативен дизајн, простор и го нуди најновото BMW дигитално искуство.

„Новиот BMW Серија 2 Active Tourer е одговор на предизвиците на секојдневното урбано живеење: спој помеѓу потребите за урбани активности и активности во природа, индивидуалниот и фамилијарниот живот, градските и далечните патувања. Тој им нуди на патниците сместени на неговите пет седишта, забележително подобра удобност на подолги растојанија отколку неговиот претходник. Со совршен спој на префинетост и практичност, тој е се што и треба на современата фамилија“, изјави Билјана Колемишвска, одговорна за маркетинг комуникации и ПР во компанијата М Кар.

Втората генерација на спортскиот сестран автомобил од премиум компактниот сегмент изобилува со визуелна динамика, нов дизајнерски јазик за надворешноста и внатрешноста, кои пак му даваат динамичен изглед и современ амбиент. Неговата суштински редизајнирана внатрешност комбинира разновидни новитети од полуксузните BMW автомобили. Геометријатата на кабината и многуте детали се инспирирани од концептот на внатрешноста на импозантната BMW iX технологија, Ова создава прогресивен премиум амбиент, чии најважни елементи ги вклучуваат тенката инструмент табла, BMW Curved Display, заснован на новиот BMW Operating System 8 „лебдечкиот“ потпирач за раце со интегрирана контролна табла и сеопфатно намалување на бројот на физички контролни елементи. Внатрешната камера е еден корисен и забавен новитет кој им овозможува на патниците да си направат селфи фотографија за време на патувањето и да си ги испратат фотографиите на својот смарт телефон.

Прогресивниот премиум карактер на новиот BMW Серија 2 Active Tourer е нагласен и со обемната стандардна спецификација. Неговата едноставна функционалност и опсегот на стандардна опрема – која значително ја надминува опремата на неговиот претходник – го прават новиот BMW Серија 2 Active Tourer особено атрактивен за активните луѓе со динамичен стил на живеење.

Згора на тоа, новиот BMW Серија 2 Active Tourer е предводник во компактниот сегмент кога станува збор за системи за помош на возачот, контрола/работење и комуникациски иновации. Стандардната спецификација вклучува: BMW Maps систем за навигација, спортски кожен волан, двозонски автоматски клима уред, Parking Assistant заедно со Reversing Assist Camera и Reversing Assistant, Cruise Control со brake function, Lane Departure Warning, сензор за дожд со контрола на бришачи и автоматско активирање на предните светла и многу други системи кои го олеснуваат возењето и го зголемуваат уживањето.

Јасниот дизајн, впечатливот преден дел и динамично издолжените пропорции се заслужни за неговиот спортски изглед и самоуверена појава. На предниот дел на автомобилот, овие квалитети се највидливо изразени преку впечатливата BMW бубрежна решетка, која има зголемени димензии, и тенките контури на предните светла. Новиот BMW Серија 2 Active Tourer има целосно LED предни светла како стандардни.

Овој автомобил е веќе во продажба и достапни се четири варијанти на моделот: со преден погон и моќност од 100 kW/136 кс до160 kW/218 кс. Новиот модел се произведува во фабриката на групацијата BMW во Лајпциг и ќе се нуди со мотори со внатрешно согорување, како и plug-in hybrid. Две нови plug-in hybrid верзии ќе се приклучат на серијата неколку месеци по претставувањето. Кај нив за првпат ќе биде вклучена BMW eDrive технологија од петтата генерација, која ја зајакнува динамиката и им дава значително подолг електричен опсег.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да постапат за скандалот со објектот во Влае за кој Пендаровски призна дека е на Муслиу

Случајот со изградбата на објектот во Влае за кој Пендаровски призна дека е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу заслужува конкретни одговори.

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да постапат за скандалот со објектот во Влае за кој Пендаровски призна дека е на Муслиу

Стево Пендаровски треба јавно да објасни што точно знае за овој објект, каква е неговата поврзаност со Муслиу и зошто овој случај отвора сомнежи за можен судир на интереси.

Прашањето е од каде потекнуваат средствата за ваква инвестиција?

Дали имотната состојба и пријавените приходи на Муслиу соодветствуваат со вредноста на инвестицијата? Дали се пријавени сите деловни интереси и дали постојат евентуални недозволени поврзаности од времето кога ја извршувал јавната функција?

Муслиу да каже дали може да го објасни потеклото на средствата за изградбата. Да се провери имотна состојба и пријавените приходи.

Неопходно е да се испита дали постои судир на интереси или поврзаност со неговото претходно службено работење.

Надлежните институции да извршат проверка на документацијата, финансирањето и законитоста на инвестицијата.

Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата не смеат да останат неми набљудувачи.

Граѓаните имаат право да знаат дали луѓето кои извршувале високи јавни функции можат да го оправдаат своето богатство со законски стекнати приходи.

Нема недопирливи. Нема привилегирани. Законите мора да важат подеднакво за сите.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голден Стејт подготвува максимален договор за Никола Јокиќ

Поранешниот НБА шампион, Голден Стејт Вориорс би можеле значително да го променат тимот за следната сезона, бидејќи планираат да доведат многу кошаркари, а еден од нив би можел да биде Никола Јокиќ.

Голден Стејт подготвува максимален договор за Никола Јокиќ

Голден Стејт ја следи ситуацијата околу најдобриот светски центар, Никола Јокиќ и се надева дека српскиот ас би можел да биде достапен следното лето, тврди НБА новинарот Џејк Фишер.

„Вориорси се меѓу тимовите што прашуваат: ’Дали сме сигурни дека Никола Јокиќ нема да биде достапен следното лето?‘. Тие се надеваат дека ќе имаат доволно простор во буџетот за максимален договор, а го имаат и Стеф Кари“, изјави Фишер.

Тој се повика на лице запознаено со ситуацијата во клубот, според кое „Вориорс“ сè уште веруваат дека можат да доведат голема ѕвезда. Како пример го наведе Џими Батлер, чие доаѓање – според него – било на добар пат пред тој да се повреди.

„Не успеаја да го доведат Јанис Адетокунмбо, а Кевин Дурант не сакаше да се врати кога се разговараше за тоа кон крајот на еден од претходните преодни рокови. Сепак, тие сè уште веруваат дека следното лето можат да доведат големо име, било преку размена или на пазарот на слободни играчи“, додаде Фишер. Фишер не спомна никаква понуда или преговори во врска со Јокиќ. Засега, станува збор само за тоа дека „Голден Стејт“ ја следи можноста за отворање на таква прилика.

„Голден Стејт Вориорс“ сериозно сметаат на можноста трикратниот МВП да го напушти Денвер, а во Сан Франциско веруваат дека присуството на Стеф Кари би можело да биде одлучувачки адут во нивниот обид да го доведат најдобриот центар на денешницата. Србинот во повеќе наврати изјави дека сака да остане во Колорадо, но прашање е колку долго ќе има трпение доколку „Нагетс“ не состават тим способен да се бори за титулата!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судијка ја стопираше изградбата на триумфалната капија на Трамп во Вашингтон

Федерален судија привремено – во траење од 14 дена – ја запре изградбата на монументален меморијален парк во Вашингтон, планирана од администрацијата на Доналд Трамп. 

Судијка ја стопираше изградбата на триумфалната капија на Трамп во Вашингтон

Одлуката, донесена доцна во четвртокот, претставува значителен удар за еден од клучните проекти на претседателот Трамп, преку кој тој има за цел да го преобликува изгледот на главниот град на нацијата, пренесува „АП Њуз“ (AP News).

Судијката Тања Чуткан издаде привремена судска забрана за изведување на работите, откако претходно во текот на четвртокот администрацијата доби клучна согласност и најави дека изградбата може веднаш да започне. Комисијата за планирање на главниот град (NCPC) претходно го поддржа проектот со осум гласа „за“ и четири „против“, а Министерството за внатрешни работи ја издаде конечната дозвола.

Во својата одлука, судијката Чуткан наведе дека Комонвелтот Вирџинија и Дистриктот Колумбија – кои ја тужеа администрацијата – докажале оти итното започнување на изградбата би им нанело реална штета. Во тужбата, тие укажаа на очекуваните нарушувања во сообраќајот и компликациите за службите за итни интервенции. „Штетата е неизбежна“, напиша судијката.

„Тужените првично го известија судот дека работите би можеле да започнат уште на 5 ноември 2026 година, под услов NCPC да го одобри проектот.“

Чуткан додаде дека тужителите исто така ќе претрпат значителни финансиски трошоци што не би можеле да се надоместат.

„Штом ќе започне изградбата, градскиот оддел за транспорт ќе мора да ангажира персонал и ресурси за управување со пренасочувањата на сообраќајот, како и за справување со сообраќајни несреќи или дефекти на возилата“, се вели во одлуката.

Одлуката на судот пристигна само еден час по завршувањето на состанокот на NCPC, кој траеше девет и пол часа. Сесијата, што се одржа преку телеконференција, беше проследена со технички проблеми и вклучуваше речиси исклучиво негативни коментари од јавноста, при што десетици сведоци се изјаснија против изградбата.

Гласањето во комисијата откри поделба помеѓу членовите поврзани со федералната администрација и претставниците на локалната власт. Членовите кои работат за администрацијата или се блиски до претседателот Трамп гласаа „за“ проектот, додека претставниците на градот Вашингтон гласаа „против“. Многумина, во своите емотивни сведоштва, изнесоа аргументи дека лакот би го осквернавил блиското Национално гробиште „Арлингтон“, каде што се погребани стотици илјади американски војници и ветерани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер