Пристигнаа наодите од обдукцијата по смртта на фудбалерот на Тенерифе - Канал 5

Пристигнаа наодите од обдукцијата по смртта на фудбалерот на Тенерифе

Аутопсијата откри од што почина центарфорот на шпанскиот второлигаш Тенерифе, Хесус де Мигел!

Пристигнаа наодите од обдукцијата по смртта на фудбалерот на Тенерифе

30 годишниот напаѓач на Тенерифе починал како последица на трауматска повреда на градниот кош, здобиена при тежок судир со голманот на Андора, Хесус Овоно.

Првичните наоди дадоа одговор за причината за смртта на фудбалерот, кој го загуби животот еден ден по натпреварот, додека истрагата за сите околности на трагедијата сè уште трае.

Според информации од шпанските медиуми, повредата е оценета како причина што би можела да доведе до фатален исход.

Сепак, форензичките испитувања сè уште не се завршени, а конечниот извештај треба да даде поцелосна слика за тоа што се случило. Истрагата е сè уште во тек, а истражителите ги проверуваат сите околности на трагедијата, вклучително и медицинската помош што фудбалерот ја добил по судирот.

Шокатниот настан се случи на 2 ноември, за време на натпреварот меѓу Тенерифе и Андора во втората шпанска лига.

Натпреварот беше во самиот финиш се играше судиското надополнување, резултатот беше 2:2, а Де Мигел тргна во напад по долгата асистенцијата од своите дефанзивци, се обиде да стигне до топката, но скоро на половина терен се случи стратотниот судир со противничкиот голман.

Голманот на Андора, Хесус Овоно, беше излезен далеку од својот шеснаесетник за да интервенира. Во обидот да стигне до топката, тој го удри Де Мигел со нога во горниот дел од телото. Напаѓачот на Тенерифе веднаш падна на тревата и остана неподвижен.

Фудбалерите на двата тима веднаш почнаа да повикуваат лекарска екипа. Судијата му покажа директен црвен картон на Овоно, наведувајќи дека голманот го удрил противникот со подигната нога и со прекумерна сила, додека топката била во игра.

Лекарскиот тим пристигна брзо до повредениот фудбалер и започна со давање на медицинската помош. Потоа, Де Мигел беше изнесен од теренот на носила и пренесен во болница, каде што беше примен во тешка состојба.

За време на транспортот, тој доживеал срцев застој, но лекарите успеаја да му го вратат пулсот. Сепак, и покрај напорите на медицинскиот персонал, неговата состојба се влоши, а во вторникот наутро беше потврдена неговата смрт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: СДСМ не ја напаѓа Владата, туку ги оспорува и оценките на Светската банка и ММФ

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање како ги коментира обвинувањата од опозициската СДСМ дека Владата го фингира јавниот долг рече:

Мицкоски: СДСМ не ја напаѓа Владата, туку ги оспорува и оценките на Светската банка и ММФ

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање како ги коментира обвинувањата од опозициската СДСМ дека Владата го фингира јавниот долг рече:

„Го прочитав и тоа соопштение од опозициската СДСМ. Затоа е добро да јавното обвинителство се занимава со ова кривично дело саботажа, бидејќи ова што го зборуваат не е само дневна политика. Ова е многу подлабоко од тоа и навлегува во темелите на државата. Среќа што немаат кредибилитет кај граѓаните па тоа што го зборуваат, ретко кој верува, освен во тој круг во кој што тие се движат. Па така тоа што го зборуваат повеќе наидува на одбивање, отколку на одобрување. Па зарем вие ќе можете да препознаете, а сте дел од Светска Банка или Меѓународен Монетарен фонд подобри перформанси во македонската економија и да ги нивелирате вашите проценки за 2026та, ако Владата фингира? Не. Нормално дека не. Тие на тој начин ја обвинуваат Светска Банка и Меѓународниот Монетарен фонд, не Владата. Затоа велам кога испраќате таква порака, тоа не е само политичка порака, туку порака која што директно удира во темелите во државата. Ќе повторам, среќа е што немаат никаков политички кредибилитет лицата кои што испраќаат таква порака. Затоа повторно ќе се обратам до граѓаните, да бидат спокојни, точно знаеме што правиме и каде ја водиме државата, а резултатите се препознаени од сите наши партнери. Еве и денеска неговата екселенција амбасадорот тоа го кажа и сите кои што доаѓаат тука и за напредокот кој што го правиме и за економските резултати кои што оваа Влада ги прави.“, рече Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крави го „узурпираат“ центарот на Крива Паланка, општината бара кризна состојба

Повторно Крави се шетаат низ строгиот центар на Крива Паланка, покрај кејот на реката ,но и низ сообраќајниците.Граѓаните  алармираат за својата безбедност.

Крави го „узурпираат“ центарот на Крива Паланка, општината бара кризна состојба

Според жителите станува збор за над илјада грла, но бројката не е официјално потврдена.

Проблемот со неконтролираното движење на стада крави низ кривопаланечко трае со години. Иако уште во 2024 година бил извршен инспекциски надзор и биле утврдени неправилности во одгледувањето, состојбата останала нерешена. Од Општината велат дека досегашните барања до надлежните институции не дале резултат, додека штетите врз земјоделските насади и имотите продолжуваат да растат.

„ Во 2024 година во месец фебруари токму АХВ има извршено вонреден инспекциски надзор на овие стада добиток пришто е константирано несовесно одгледување на самиот добиток и изречена мерка прекршочна. Овој проблем од 2024 година до ден денеска сеуште не е решен. Ние како Општина немаме надлежност за прогласување на кризна остојба и две години веќе мака мачиме со АХВ да постапат ... како краен механизам моравме да го Општинскиот Кризниот штаб.Верувајте штетите што секојдневно ги трпат нашите сограѓани односно нивните приватни земјоделски насади и култури, општинските штети што ние ги имаме како Општина се навистина од еден сериозен обем и карактер и финансиски, но и по самата површина што ја прават со самото неконтролирано движење на ниво на цела Општина“-– градоначалник на Крива Паланка.

Од друга страна новиот директор на АХВ вели дека на негова иницијатива побарал средба со градоначалникот во понеделник, на која како што изјави за Канал 5, треба да се разговара за надминување на проблемот како и за чекорите кои ќе бидат превземени..

Во меѓувреме, за проблемот со кравите Општината побара Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба, но проблемот се влече веќе десеттина години.

Случајот се актуелизираше и мината година кога мештаните реагираа за неконтролираното движење во реонот на Крива Паланка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЗР: Железницата во загуби и со застарена инфраструктура

Застарени пруги, неисправни локомотиви и милионски загуби. 

ДЗР: Железницата во загуби и со застарена инфраструктура

Државниот завод за ревизија откри сериозни слабости во работењето на Македонски железници, кои со години се соочуваат со финансиски проблеми и недоволни инвестиции.

Според ревизорскиот извештај за 2024 година, Железници Инфраструктура работеле со загуба од над три милиони евра, додека вкупната акумулирана загуба од претходните години достигнала дури 76,6 милиони евра. Ревизорите предупредуваат дека дотраените пруги и застарената сигнализација го отежнуваат железничкиот сообраќај. На дел од главните коридори возовите се движат со намалена брзина, а одредени делници се целосно затворени.

„На дел од главните коридори се вози со намалени брзини поради бројни дефекти, застарени системи и опожарени прагови.“ – Државен завод за ревизија.

Ништо подобра не е состојбата ниту во Железници Транспорт. Од вкупно 62 локомотиви, функционални биле само девет, додека акумулираната загуба на претпријатието достигнала над 109 милиони евра.

Од Железници Инфраструктура одговараат дека станува збор за децениски наталожени проблеми и дека веќе преземаат мерки за надминување на забелешките на ревизорите. Информираат дека е донесен петгодишен план за одржување на железничката инфраструктура и дека се работи на кадровско зајакнување. Признаваат дека дел од проблемите сè уште не се решени, но уверуваат дека ќе продолжат со спроведување на препораките на ДЗР.

На ревизорските извештаи реагираше и Министерството за транспорт, од каде што за лошите состојби во железницата ги обвинија поранешните раководства поставени од СДСМ и ДУИ и побараа постапување од Јавното обвинителство.

„Како министерство апелираме Јавното обвинителство и надлежните институции да ги проверат наодите на Државниот завод за ревизија. Државниот завод за ревизија по службена должност треба да ги испрати извештаите до надлежните институции, а истите во целост да бидат испратени до Јавното обвинителство и апелираме да постапи по овие извештаи“, велат од Министерството.

Ревизијата за 2024 мегудругото отркила и неоправдани вложувања во материјални средства и кои не биле користени 15 години, а регистрирале и неправилности со платите и имотот

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер