2Проф. д-р Вера Георгиева добитничка на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2026 година
СветТрамп најавува договор за мир во Украина по средбата со пратеникот на ПутинТрамп се сретнал приватно со рускиот претставник Кирил Дмитриев во Белата куќа.По средбата, Трамп изјави дека наскоро би можел да биде постигнат договор за завршување на војната во Украина. Тој најави дека договорот би можел да има пошироки последици и да ја опфати цела Европа. Американска делегација ќе посредува во разговорите меѓу Русија и Украина во Абу Даби на 10 и 11 ноември. Пратеникот Џаред Кушнер соопшти дека во Брисел се одржале продуктивни разговори со Украина, НАТО и европските партнери. Во фокусот биле безбедносните гаранции за Украина и европската безбедност. Средбата со Дмитриев се одржа на настан организиран од првата дама Меланија Трамп.На него присуствуваа и украински претставници, кои ја повикаа да продолжи со мировните напори.Меланија Трамп им предаде писма на делегациите адресирани до Путин и Зеленски.Ова е првиот директен контакт меѓу руски и американски претставници по среднорочните избори во САД.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСудијка ја стопираше изградбата на триумфалната капија на Трамп во ВашингтонФедерален судија привремено – во траење од 14 дена – ја запре изградбата на монументален меморијален парк во Вашингтон, планирана од администрацијата на Доналд Трамп. Одлуката, донесена доцна во четвртокот, претставува значителен удар за еден од клучните проекти на претседателот Трамп, преку кој тој има за цел да го преобликува изгледот на главниот град на нацијата, пренесува „АП Њуз“ (AP News). Судијката Тања Чуткан издаде привремена судска забрана за изведување на работите, откако претходно во текот на четвртокот администрацијата доби клучна согласност и најави дека изградбата може веднаш да започне. Комисијата за планирање на главниот град (NCPC) претходно го поддржа проектот со осум гласа „за“ и четири „против“, а Министерството за внатрешни работи ја издаде конечната дозвола. Во својата одлука, судијката Чуткан наведе дека Комонвелтот Вирџинија и Дистриктот Колумбија – кои ја тужеа администрацијата – докажале оти итното започнување на изградбата би им нанело реална штета. Во тужбата, тие укажаа на очекуваните нарушувања во сообраќајот и компликациите за службите за итни интервенции. „Штетата е неизбежна“, напиша судијката. „Тужените првично го известија судот дека работите би можеле да започнат уште на 5 ноември 2026 година, под услов NCPC да го одобри проектот.“ Чуткан додаде дека тужителите исто така ќе претрпат значителни финансиски трошоци што не би можеле да се надоместат. „Штом ќе започне изградбата, градскиот оддел за транспорт ќе мора да ангажира персонал и ресурси за управување со пренасочувањата на сообраќајот, како и за справување со сообраќајни несреќи или дефекти на возилата“, се вели во одлуката. Одлуката на судот пристигна само еден час по завршувањето на состанокот на NCPC, кој траеше девет и пол часа. Сесијата, што се одржа преку телеконференција, беше проследена со технички проблеми и вклучуваше речиси исклучиво негативни коментари од јавноста, при што десетици сведоци се изјаснија против изградбата. Гласањето во комисијата откри поделба помеѓу членовите поврзани со федералната администрација и претставниците на локалната власт. Членовите кои работат за администрацијата или се блиски до претседателот Трамп гласаа „за“ проектот, додека претставниците на градот Вашингтон гласаа „против“. Многумина, во своите емотивни сведоштва, изнесоа аргументи дека лакот би го осквернавил блиското Национално гробиште „Арлингтон“, каде што се погребани стотици илјади американски војници и ветерани.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗбратимените општини го негуваат зелениот белег во КарпошПо повод одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, делегациите од збратимените општини го посетија зелениот појас на улицата „Бледски договор“.По повод одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, делегациите од збратимените општини го посетија зелениот појас на улицата „Бледски договор“, каде што пред три години засадија дрвја како симбол на пријателството, партнерството и заедничката грижа за животната средина. Овојпат, свој белег во зелената приказна на Карпош остави и Општина Живинице од Босна и Херцеговина, која како пријателска општина засади свое прво дрво, приклучувајќи се кон иницијативата за уредување и раззеленување на јавните површини. Дрворедот го сочинуваат 12 висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја, кои денес претставуваат жив потсетник на воспоставените пријателства и континуираната меѓуопштинска соработка. Оваа симболична иницијатива уште еднаш потврдува дека соработката меѓу општините не се гради само преку заеднички проекти и активности, туку и преку конкретни дела кои оставаат трајни вредности за идните генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Здравје116 заразени со грип, за 90% се зголемил бројот на болни со грип За 90 проценти се зголемил бројот на болни од грип во однос на претходната недела. Од 26 октомври до 1 ноември биле регистрирани 116 случаи на грип. Најмногу пријави има во Тетово, но според ИЈЗ, Македонија сè уште не го достигнала прагот за сезонска активност на грипот. Според официјалните податоци, во Тетово се регистрирани 48 случаи, во Куманово 26, а во Скопје 13. Следуваат Прилеп и Гостивар со по седум пријавени случаи. Најмногу заболени, вкупно 84, се на возраст од 15 до 64 години. Кај лицата постари од 65 години се регистрирани 25 случаи, додека седум случаи се пријавени кај деца од пет до 14 години. Бесплатната вакцинација се спроведува преку центрите за јавно здравје и здравствените домови, а пријавувањето се врши преку електронскиот систем за вакцинација. Досега се вакцинирани над десет илјади граѓани од наредната недела се очекува нова пратка на вакцина против грип.Тагови: грипот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter