Тетовци од психолозите бараат начини како да се оттргнат од анксиозноста поради коронавирусот

Како да се справат со чувствата на страв, загриженост, возбуденост и стрес поради неизвесноста дали ќе им се случи нешто непријатно во врска со коронавирусот. 

За ваквите психолошки проблеми се јавуваат поединци кај неколкуте психолози од здружението „Кортекс„ кои неколку недели даваат бесплатна стручна помош на граѓаните во насока на надминување на психолошките оптоварувања и стресната состојба што преовладува со ширењето на коронавирусот.

-Генерално, не може поединечно да се каже, главниот проблем за кој сакаат да зборуваат и да прашуваат луѓето е изолацијата и стравот да не се заболат. Ако случајно дојде до тоа, што понатаму. Втора работа е стресната ситуација што се јавува кај некои поради потребата да се биде во изолација. Тие што се јавуваат најчесто бараат решенија како да се справат со анксиозноста за време на овој период. Ние зборуваме советодавно – да се посвети внимание на себеси, да се завршат некои работи за кои искрено никогаш не сме ни помислеле дека можеме да ги направиме поради тоа што одиме на работа или пак се немало време за некои работи. Не е лошо да се посвети и на тоа внимание. Да се поминува врмето порелаксирано, да има повеќе дружење, да се воспостави повеќе блискост со своите дома, да им се посвети повеќе внимание на нив, објаснува Билјана Радичевска, психолог и членка на Здружението на психолози, советници и психотерапевти „Кортекс" од Тетово.

Според нејзиното искуство, оние кои побарале психолошка помош не се од некоја општествена група или со одредена карактеристика.

-Се јавуваат луѓе од секаква возраст, пол, професија. И постари лица и многу помлади, да не речам деца но има и тинејџери, има од 14 години па нагоре. Се јавуваат и родители кои сакаат да прашаат и да се консултираат во однос на тоа како да се справат со децата во оваа ситуација. Главно се интересираат како да им го привлечат вниманието на децата да останат дома. Сите објаснуваат дека деца како деца гледаат дека времето е убаво па сакаат да излезат надвор. Со нив разговараме што да прават, на кој начин да им помогнат, како поедноставно да ги изолираат и да не ги ставаат во ризик, објаснува Радичевска.

Таа потенцира дека кога разговара со луѓето забележала дека и информациите со кои располагаат може да претставуваат една потешкотија на поединецот околу справување со неизвесноста. -Кога ќе ми кажат одредени работи се забележува дека луѓето се во дилема за одредена работа поврзана со заболувањето со коронавирусот и се оптеретуваат со тие информации кои ги имаат слушнато или прочитано. Имаат премногу информации, од секаде и самите тие информации понекогаш создаваат проблем што не би требало да го има. Прво и основно треба да се селектираат информациите, да се види кои се валидни, а кои се невалидни. Така ќе се дознае што е тоа навистина штетно, што е тоа што може навистина да те зарази, што е тоа што ти можеш да направиш погрешно па да заразиш некого. Тоа се работи за кои ние треба детално да бидеме информирани, за правилно да размислуваме и носиме одлуки кои се поврзани околу справувањето со опасноста од коронавирусот, рече психологот.

Ја прашавме психологот, зошто луѓето прават несовесни постапки во време на пандемија со кои загрозуваат други луѓе. Пример за тоа е кога искористените заштитни маски и ракавици наместо во кантите за отпадоци поединци ги фрлаат на земја, па со тоа уште повеќе ја зголемуваат опасноста од зараза на отворен простор. Прашањето се поставува бидејќи глетка на фрлени искористени ракавици внесува страв кај луѓето од можна зараза.

-Ако некои препораки се дадени за да се заштити нашето здравје, јас сметам дека би требало да ги почитуваме за да се заштитиме себеси, а после и другите. Доколку постапуваме по правилото дека треба да се заштитиме себеси треба да бидеме свесни дека и другите треба да бидат заштитени, односно да не правиме нешто со што би првично би било опасност и за нас самите и за сите останати, вели Билјана Радичевска.

На крајот од разговорот Радичевска со совет-да се почитуваат препораките за заштита од коронавирусот и да се гледа позитивно околу состојбата.

-На изолацијата дома може да се гледа позитивно, да не се гледа стресно, да се искористи за нешто што е добро. Некогаш кукаме и плачеме за да одиме побрзо дома, а сега кога го имаме тоа време се жалиме зошто остануваме дома и како да не знаеме што да правиме. Главно прашање што секој треба да го постави – што можам да направам во тие три дена кога ќе седам дома позитивно за себе. Некои работи за кои сме сакале да ги направиме па сте немале време, еве сега шанса, порачува Билјана.

Четворицата психолози Билјана Радическа, Сема Халили, Небахат Имери и Мајлинда Абази од Здружението ги понудија своите услуги бесплатно со определени термини преку телефон, електронска пошта, Скајп или Фејсбук месинџер од профилот на Здружението. Граѓаните може да се обратат на e-mail [email protected]. Исто така, на профилите на социјалните мрежи на општина Тетово и Здружението „Кортекс" објавени се термините и броевите на кои може да се добијат./МИА

Беќаровски чека извинување од Демири:Инпутирање на било какви национални навреди е дегутантно

Рок од 48 часа за министерот за здравство Демири јавно да му се извини на докторот од токсикологија Нико Беќаровски.

Рок од 48 часа за министерот за здравство Демири јавно да му се извини на докторот од токсикологија Нико Беќаровски, кој вчера преку статус на министертвото за здравство беше обвинет за албанофобија, во спротивно ќе следува тужба за клевета и нарушување на угледот, напиша Беќаровски под самата објава.. Тој демантира дека во било која ситуација покажал албанофобија во било каква форма, а документот со 14те потпишани лица кои воопшто и не се вработени на клиниката го нарече незаконски...

-За вакви Лаги и Клевети, инструирани од само еден лекар, ќе биде покрената кривична пријава против сите потписници. Ви благодарам што го објавивте писмото, кое ќе може да биде релевантен судски документ. Искрено се надевам дека објавата е без ваше знаење и одобрени, бидејќи со истата ми нанесовте несогледлива штета на мојот углед, базирана на лажни изјави, на незаконски архивиран документ, на кој не стои ниту едно име, за која ќе следува соодветна судска тужба кон инволвираните. Инпутирање на било какви национални навреди е најблаго наречено дегутантно,- ФБ Статус – Д-р Нико Беќаровски.

Поддршка за докторот Беќеровски стигна и од 30-тина вработени на токсикологија..

Д-р Беќаровски е врвен професионалец кој повеќе од 30 години работи ургентна медицина и спасува човечки животи без разликана етничка припадност или припадност со политичка партија, па поврзувањето на неговото име со вакви невистини за остварување на политички цели е скандалозно и некоректмно и поттикнува нетрпение по национална основа.

Само вработените и раководството знаат што се случувало и што во моментов се случува на оваа клиника, разрешувањето на директорот продолжи да ги разгорува страстите.

Канал 5 стапи во контакт и со разрешениот директор Данил Петровски. Тој вели дека е разрешен затоа што не сакал да го прекрши законот и да вработува во предизборие, што му било укажано и од страна на антикорупциска.

Во непотпишувањето на договорорите, здравство виде анти-албанство, и тврдат дека на 18-те лица ќе им бидат продолжени договорите.. Кој ќе ги потпише нивните решенија, информација нема..

Ѓурчиновски на редовната конференција на Воениот комитет на НАТО

Началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на редовната конференција на Воениот комитет на НАТО

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски од денеска престојува во работна посета во Брисел каде што во седиштето на НАТO ќе учествува на втората годишна конференција на Воениот комитет на Алијансата во формат на началници на генералштабови, на која ќе се дискутира за повеќе стратешки прашања од значење за НАТО.

Како што информираат од неговиот кабинет, за време на престојот во Брисел, генерал Ѓурчиновски ќе има билатерални средби со командантот на силите на САД за Европа и Сојузничката команда на НАТО за операции, генерал Кристофер Каволи, со началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Италија, адмирал Џузепе Каво Драгоне и со началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Турција, генерал Метин Гурак.

Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови одржува два редовни состанока во текот на годината, а еднаш годишно се среќаваат во една од сојузничките земји членки.

Закани кон претседателката на уставен Кацарска–оставен нож и кревет на нејзиното гаражно место

Импровизиран кревет и кујнски нож до своето гаражно место во близина на нејзиниот дом каде што го паркира своето приватно возило пронашла претседателката на Устевн суд Добрила Кацарска. 

Случајот го пријавила во полиција од каде ја потврдуваат информацијата и за настанот го известиле јавното обвинителство.

-На 14.5.2024 г. во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека во подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло. Известен е надлежен јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот,- -МВР.

Од Уставниот суд велат дека Кацарска и претходно имала непријатности и во континуитет добивала закани на социјалните мрежи. Дали се работи за сериозна закана или шега, очекуваат истражните органи да спроведат истрага.

-Точно е дека претседателката на Уставен суд пријави во полиција. Има се уште закани на социјалните мрежи,- изјави – Христина Беловска – Портпарол на Уставен суд.

Добрила Кацарска беше избрана за претседател на Уставен суд во 2021, една година откако стана уставна судијка. Претходно беше судија во скопскиот кривичен суд каде судеше низа предмети кои јавноста ги следеше со голем интерес како оние кои ги отвори некогашното СЈО, но најобемниот случај што го водеше е за настаните од 27 април 2017 чија пресуда предизвика големи реакции во јавност.

притисни ентер