Рок од 48 часа за министерот за здравство Демири јавно да му се извини на докторот од токсикологија Нико Беќаровски, кој вчера преку статус на министертвото за здравство беше обвинет за албанофобија, во спротивно ќе следува тужба за клевета и нарушување на угледот, напиша Беќаровски под самата објава.. Тој демантира дека во било која ситуација покажал албанофобија во било каква форма, а документот со 14те потпишани лица кои воопшто и не се вработени на клиниката го нарече незаконски...
-За вакви Лаги и Клевети, инструирани од само еден лекар, ќе биде покрената кривична пријава против сите потписници. Ви благодарам што го објавивте писмото, кое ќе може да биде релевантен судски документ. Искрено се надевам дека објавата е без ваше знаење и одобрени, бидејќи со истата ми нанесовте несогледлива штета на мојот углед, базирана на лажни изјави, на незаконски архивиран документ, на кој не стои ниту едно име, за која ќе следува соодветна судска тужба кон инволвираните. Инпутирање на било какви национални навреди е најблаго наречено дегутантно. – Д-р Нико Беќаровски
Поддршка за докторот Беќеровски стигна и од 30-тина вработени на токсикологија..
-Д-р Беќаровски е врвен професионалец кој повеќе од 30 години работи ургентна медицина и спасува човечки животи без разликана етничка припадност или припадност со политичка партија, па поврзувањето на неговото име со вакви невистини за остварување на политички цели е скандалозно и некоректмно и поттикнува нетрпение по национална основа.
-Само вработените и раководството знаат што се случувало и што во моментов се случува на оваа клиника, разрешувањето на директорот продолжи да ги разгорува страстите.
Канал 5 стапи во контакт и со разрешениот директор Данил Петровски. Тој вели дека е разрешен затоа што не сакал да го прекрши законот и да вработува во предизборие, што му било укажано и од страна на антикорупциска.
Во непотпишувањето на договорорите, здравство виде анти-албанство, и тврдат дека на 18-те лица ќе им бидат продолжени договорите.. Во недостакот на медицински директор, од министерството велат, дека договорите ќе бидат потпишани од организацискиот – Бесија Илази