ТехнологијаСателитскиот интернет „Starlink“ стана профитабиленНема официјални податоци, но според информациите на аналитичка компанија специјализирана за сателитската индустрија, „Starlink“ е во плус.Поминаа речиси десет години откако „SpaceX“ ги објави своите планови да испрати бројни сателити во вселената кои ќе им овозможат на луѓето од секој дел на Земјата можност за брз и стабилен Интернет. На почетокот, поради сложеноста и големите предизвици на еден ваков проект, многумина беа прилично скептични за плановите на Маск, особено што во тоа време најголемата констелација на сателити беше сателитската мрежа Иридиум со само 66 сателити. Но, екипажот од „SpaceX“ беше упорен во она што го зацртаа и во мај 2019 година ги лансираа првите сателити во вселената и продолжија постојано да испраќаат нови сателити во последните пет години. Според податоците на аналитичката компанија специјализирана за пазарот на сателити, „Quilty Space“, таков успех каков што постигна „SpaceX“ со „Starlink“ не го очекуваа ниту најоптимистите, па затоа повеќето луѓе во индустријата се вчудоневидени. Во моментов има околу 5.200 сателити „Starlink“ во ниската орбита на Земјата, кои обезбедуваат услуги во 57 земји во светот, додека бројот на корисници на сателити е околу 2,7 милиони. Иако цената на сателитски интернет е многу повисока во споредба со класичната оптика и мобилниот интернет, сепак има места во светот, вклучувајќи ги и руралните области во развиените земји, каде што сè уште не е достапен брз интернет. Во такви области, „Starlink“ делува како идеален начин за пристап до Интернет. „Starlink“ е дел од „SpaceX“ и оваа компанија не ги објавува своите финансиски резултати, така што можеме да се потпреме само на неофицијални податоци од аналитички компании. Според податоците кои ги објави „Quilty“, „Starlink“ веќе е профитабилен и годинава очекуваат профит од речиси 3,8 милијарди долари (пред даноци и амортизација). Според проекциите на експертите на оваа компанија, приходите би требало да изнесуваат 6,6 милијарди долари, што е сосема неверојатно за компанија која пред четири години немала речиси никакви приходи. Покрај големиот раст на приходите, аналитичарите го фалат и начинот на кој „SpaceX“ управува со трошоците, што резултираше со профит. Имено, компанијата развива и произведува сопствени сателити, па соработката со добавувачите и трети страни во производството е сведена на минимум. Исто така, успеале да направат нешто што досегашните производители на сателити никогаш не успеале, односно веројатно немале ниту потреба од тоа, а тоа е воспоставување производна линија за производство на голем број сателити. Трошоците за производство на еден таков сателит, верзијата 1.0, се околу 200 илјади долари, но оваа година компанијата веќе ја планира верзијата 3.0 на сателитот, која нуди подобрени можности, вклучувајќи поголема брзина на Интернет и можност за поврзување на мрежата без потреба од специјални терминали. И покрај тоа што оваа вест е охрабрувачка за „SpaceX“, треба да се нагласи дека ниту конкуренцијата не спие, а иднината носи и конкурентни сателитски мрежи, што веројатно треба да се одрази на намалувањето на цените на сателитски пристап до интернет и соодветно на намалувањето на профитните маржи на „Starlink“. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаПосебен сообраќаен режим денеска низ Скопје поради концертот на Дејвид ГетаПосетителите на музичкиот настан што денеска ќе се одржи во Националната арена „Тодор Проески“ треба да очекуваат отежнато одвивање на сообраќајот во околината на објектот.Концертот е закажан за 19 часот, а поради очекуваниот зголемен број посетители, полициските служби ќе воведат посебен режим на сообраќај на улиците и приодите кон Арената, како и на дел од булеварот „Илинден“. Од СВР Скопје информираат дека сообраќајните мерки се преземаат со цел да се обезбеди безбедно пристигнување и заминување на посетителите, но и непречено одвивање на сообраќајот за останатите учесници. На граѓаните кои планираат да се движат во овој дел од Скопје им се препорачува навреме да ја испланираат својата маршрута и да предвидат дополнително време за патување. Возачите се повикуваат да ги почитуваат насоките на полициските службеници, поставената сообраќајна сигнализација и да покажат дополнителна внимателност и трпение за време на траењето на посебниот режим.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!Премиерот Христијан Мицкоски со видео од убавините на нашата земја им го честита на граѓаните големиот празник, Денот на независноста на Македонија. „Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!“ На својот ФБ профил премиерот објави видео со убаините на Македонија по повод 35 години независност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаЗНАМ: Честит 8-ми Септември – Денот на независноста на МакедонијаПо повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија и 35 години од независноста, Движењето ЗНАМ за наша Македонија упатува искрени честитки до сите граѓани на Македонија.Пред 35 години, со референдумот на 8-ми Септември 1991 година, народот ја потврди својата историска одлука – да живее во суверена, самостојна и независна држава. Денес, 35 години подоцна, независноста е наша чест, но и наша обврска. Обврска да ја чуваме државноста, да го браниме достоинството и да создадеме Македонија во која секој граѓанин ќе има сигурна иднина и еднаква можност за успех. Македонија е наша татковина. Независноста е наше наследство. Иднината е наша заедничка обврска. Да продолжиме заеднички да ја градиме силна, стабилна, достоинствена и европска Македонија. Честит 8-ми Септември! Честити 35 години независна Македонија! Движење ЗНАМ за наша МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12