Закани кон претседателката на уставен Кацарска–оставен нож и кревет на нејзиното гаражно место

Импровизиран кревет и кујнски нож до своето гаражно место во близина на нејзиниот дом каде што го паркира своето приватно возило пронашла претседателката на Устевн суд Добрила Кацарска. 

Случајот го пријавила во полиција од каде ја потврдуваат информацијата и за настанот го известиле јавното обвинителство.

-На 14.5.2024 г. во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека во подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло. Известен е надлежен јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот,- -МВР.

Од Уставниот суд велат дека Кацарска и претходно имала непријатности и во континуитет добивала закани на социјалните мрежи. Дали се работи за сериозна закана или шега, очекуваат истражните органи да спроведат истрага.

-Точно е дека претседателката на Уставен суд пријави во полиција. Има се уште закани на социјалните мрежи,- изјави – Христина Беловска – Портпарол на Уставен суд.

Добрила Кацарска беше избрана за претседател на Уставен суд во 2021, една година откако стана уставна судијка. Претходно беше судија во скопскиот кривичен суд каде судеше низа предмети кои јавноста ги следеше со голем интерес како оние кои ги отвори некогашното СЈО, но најобемниот случај што го водеше е за настаните од 27 април 2017 чија пресуда предизвика големи реакции во јавност.

„Операција саксија“ е во тек во Амстердам, жителите во тешка меѓусебна кавга

Властите во холандската престолнина Амстердам ја почнаа „операција саксии“, бидејќи, како што истакнаа, прекумерното поставување саксии околу зградите го загрозува пристапот до објектите.

Жителите со вознемиреност реагираа на плановите на властите во Амстердам да ги отстранат, според нив, непромислено поставените саксии, објави Гардијан.

Во пристапот што локалните медиуми го нарекоа „операција саксии“, централниот кварт на холандската престолнина ги ограничува жителите да постават два саксии со дијаметар од 50 сантиметри, направени од „одржлив“ материјал и поставени на предниот ѕид на зградата.

Ќе се отстранат цели „градини“ со саксии на паркинзи и под дрвја, се вели во меморандумот на градските власти.

На состанокот на градскиот совет во вторникот, претседателката на Централниот извршен комитет на Амстердам, Амели Стренс, рече дека напуштените саксии со цвеќиња се непривлечни, лоши за биолошката разновидност и ги прават објектите помалку достапни за оние кои користат помагала за мобилност и инвалидски колички.

Некои жители на Амстердам се задоволни што градот реагира на загриженоста на луѓето за преполните тротоари, додека други посочуваат дека напуштените или паркирани велосипеди и тераси во баровите зафаќаат голем дел од јавните површини, како и отпадот, наведувајќи дека преголем број туристи го посетуваат градот.

Банда во Индонезија продавала бебиња преку Фејсбук- богати туристи на Бали ги купувале

Во Индонезија е откриен синџир за трговија со бебиња кој „оперирал“ преку социјалната мрежа Фејсбук.

Децата биле продавани на Бали, а добро организирана група дејствувала во градот Депок во Западна Јава, на околу 27 километри од главниот град Џакарта, објави Индипендент.

Новороденчињата биле купени од нивните родители за помалку од 950 евра и продавани на странци на Бали по четири пати повисока цена, соопшти полицијата.

Тие истакнаа дека се случувало и некој однапред да се договори и да ја плати договорената сума пред да се роди бебето.

Досега се уапсени осум лица под обвинение за трговија со луѓе и кршење на законите за заштита на децата. Меѓу фатените има два пара родители, две лица кои дејствувале како извидници и купувачи, посредник и брокер кој управувал со трансакциите, пишува Independent.

Шефот на полицијата на Депок, Арија Пердана, рече дека децата биле рекламирани на Фејсбук по цени од 580 до 870 евра. Трговците потоа ги превезувале бебињата во туристичкиот центар на Бали каде ги продавале на странци за 2.630 евра.

Ланецот за трговија со бебиња бил откриен откако властите добиле дојава од јавноста.

Арија Пердана рече дека успеале да ја спречат продажбата на две новородени бебиња, девојче и момче. Криминалната група веќе извршила пет такви наредби на Бали, додаде тој.

„Тие се договорија со идните родители пред да се родат бебињата, ветувајќи итен транспорт до Бали веднаш по раѓањето. Така, ако на странец му требало бебе, тие ќе им го продадат“, изјави началникот на полицијата за весникот „Компас“.

Полицијата открила дека жена го продала своето бебе за 10 милиони рупии (околу 580 евра) откако нејзиниот сопруг одбил заедно да го одгледуваат детето.

Тие исто така се сомневаат дека незаконските активности на групата се прошириле многу подалеку од Бали, па истрагата ќе ја прошират и на други области.

„Она што досега го откривме е ограничено на Бали, но меѓународниот организиран криминал може да се случи насекаде, а сторителите можат да бидат насекаде“, рече Пердана.

Во Индонезија, лице осудено за трговија со луѓе може да биде осудено на 15 години затвор и парична казна од 600 милиони рупии. Прекршувањето на Законот за заштита на децата носи иста максимална затворска казна, заедно со парична казна од 300 милиони рупии.

Американец три часа пукал и убил 81 животно, во куќата му нашле арсенал со оружје (ФОТО)

Маж од Калифорнија е уапсен откако, наводно, случајно пукал и убил повеќе од 80 животни во лозје.

Канцеларијата на шерифот на округот Монтереј почнал да прима повици за истрели, непосредно пред 3:30 часот во вторникот во областа на Ејвери Лејн. Полицајците притрчале на местото и ги слушнале истрелите, но поради темнината и густата вегетација не успеале веднаш да го пронајдат напаѓачот. Издадена е наредба на луѓето кои живеат во близина да останат на место, а со помош на дрон биле лоцирани осомничениот и очигледно удреното возило, пренесува Law&Crime.

Специјалната единица SWAT на округот Монтереј му пришле на осомничениот со оклопно возило и го уапсиле 39-годишниот Висенте Џозеф Аројо од Салинас.

Полицијата ја пребарала областа и пронашла 81 мртво или смртно рането животно, вклучувајќи минијатурни коњчиња, кози, зајаци, заморчиња, кокошки, патки и други видови птици. Животните кои преживеале биле пренесени во ветеринарна клиника, но поради тешките повреди морале да бидат евтанизирани, изјавија замениците на шерифот.

Властите пронашле и неколку пушки и пиштоли, вклучително и нелегално автоматско оружје, како и празни и наполнети чаури со муниција, соопшти полицијата.

Аројо првично беше обвинет за намерно користење огнено оружје со груба небрежност, суровост кон животните, нелегално поседување автоматско оружје и поседување огнено оружје како претходно осуден престапник, меѓу другите обвиненија. Неговата кауција првично беше одредена на 50.000 долари.

Меѓутоа, кога детективите го пребарале неговиот дом, наводно пронашле уште седум парчиња оружје, вклучително и огнено оружје без сериски број, познато како „пиштол дух“, како и околу 2.000 парчиња муниција. Затоа, кауцијата била зголемена на милион долари.

„Нема сомневање дека налогот што го извршија нашите заменици и детективи, што резултираше со заплена на ова дополнително оружје, ја направи нашата заедница побезбедна“, рече шерифот на округот Монтереј, Тина Нието.

„Убедена сум дека спречивме да се случи уште една трагедија во иднина“, заклучи таа.

притисни ентер