Други спортовиШаховско првенство: Панчевски се приклучи кон водечката група Во 5. коло од Отвореното првенство на Македонија во шах продолжува неизвесноста во борбата за врвот, откако на првите 10 табли дури пет меча завршија со реми.Може да се истакне победата на ИМ Филип Панчевски (2432) над ФМ Љубомир Илиќ (2051), со која играчот на ШК Алкалоид стигна до 4 бода и фати приклучок кон водечката група, која сега е уште поголема. Имено, ИМ Емил Ристески има тесна предност на врвот со 4,5 поени, а зад него е група од седум шахисти со по 4 поени, во која се уште и ИМ Тони Лазов (2358) и шампионот од 2021 година Филип Михов (2225), кои ремизираа во вчерашниот меѓусебен дуел. Во шестото коло овие шахисти играат меѓу себе, при што на првата табла во дербито се среќаваат ИМ Ристески и ИМ Лазов. На првенството за жени немаше изненадувања и сите пет партии завршија со победи на подобро рангираните, кои ја имаа улогата на фаворитки. ЖИМ Габриела Коскоска (1993) го доби дуелот со Лиле Аларова (1757), додека, пак, Леа Ефтовска (1797) ја продолжи низата од успешни резултати извојувајќи значајна победа со црни фигури над тимската колешка од ШК Алкалоид Бонита Јакимова (1523). На табелата водат Ефтовска и Коскоска со по 4,5 поени од шест кола, додека, пак, третопласираната Жежовска со победата над Ајрадиновска се позиционираше на третото место со 3,5 бода. На двата турнира денеска е на програмата седмото од предвидените девет кола, со почеток од 17:30 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Џесика Алба сподели интимни моменти со 12 години помладото момчеХоливудската убавица Џесика Алба со објава од Италија ги вжешти социјалните мрежи.Холивудската актерка Џесика Алба ужива во ново поглавје од својот живот, а го привлече вниманието на јавноста со романтични фотографии од одморот во Италија, кои ги сподели со својот партнер, актерот Дени Рамирез. Филмската ѕвезда и основачка на компанијата „The Honest Company“ престојува на луксузниот италијански брег, каде што минува опуштени летни денови, подалеку од деловните обврски и градската врева. На својот профил на Инстаграм, Џесика Алба објави серија фотографии и видеа со едноставен опис: – „Чао, Италија“ – означувајќи го луксузниот хотел „Il Pellicano“, едно од најпознатите одморалишта на брегот на Тиренското Море. Објавите брзо го привлекоа вниманието на обожавателите, бидејќи актерката ретко споделува вакви интимни моменти од својот приватен живот. Џесика Алба исто така сподели мисли на Марк Ентони за љубовта и заедничките патувања, во кои се вели дека вистинската среќа не е во самата дестинација, туку во личноста со која го споделувате секој чекор. Тагови: Џесика Алба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЈапонија тројно го зголемил увозот на руска нафта изземена од западните санкцииВо јуни, Јапонија увезе речиси 1,2 милиони барели руска нафта, која е изземена од западните санкции – што е трипати повеќе во споредба со претходниот месец .Во јуни, Јапонија увезе речиси 1,2 милиони барели руска нафта, која е изземена од западните санкции – што е трипати повеќе во споредба со претходниот месец – покажуваат податоците на јапонското Министерство за финансии, што укажува на обиди да се надомести намаленото снабдување од Блискиот Исток. Според табелите на јапонското министерство, во јуни Јапонија увезла 184.000 кубни метри нафта од Русија, што одговара на приближно 1,157 милиони барели од „црното злато“. Вредноста на увозот изнесувала 19,69 милијарди јени (120,75 милиони долари), според податоците на министерството. Тоа значи дека јапонските увозници во јуни плаќале во просек нешто повеќе од 104 долари за барел руска нафта. Според официјалните јапонски податоци, обемот на увоз во јуни бил трипати поголем отколку во мај, кога биле увезени нешто помалку од 365.000 барели руска нафта – во вредност од шест милијарди јени (36,85 милиони долари). Ова укажува на тоа дека јапонските увозници во мај плаќале приближно 101 долар по барел за руската нафта. Сепак, податоците за април покажуваат дека Јапонија воопшто не увезла нафта од Русија. Нафтата купена во мај и јуни била дел од договорите за снабдување со гас од проектот „Сахалин-2“ на рускиот Далечен Исток, кој не подлежи на западните санкции, наведува руската новинска агенција ТАСС. „Сахалин-2“ е еден од најголемите руски проекти за извоз на гас; негови сосопственици се рускиот „Гаспром“ и јапонските компании „Мицуи“ и „Мицубиши“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПотврдено – Путин испратил луѓе на средба со БерлинПретседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, изјави дека поранешни високи германски и руски функционери одржале тајна средба во Баку во средината на јули за да разговараат за можни начини за ставање крај на војната на Русија против Украина.Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, изјави дека поранешни високи германски и руски функционери одржале тајна средба во Баку во средината на јули за да разговараат за можни начини за ставање крај на војната на Русија против Украина, пренесува „Блумберг“. „Нашата територија беше искористена за таква средба без наше знаење. Не можам да ги коментирам деталите бидејќи не присуствувавме на средбата. Сепак, податоците за летовите ми овозможуваат да тврдам дека тајната средба навистина се одржа во Баку“, изјави Алијев за време на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Берлин. Алијев рече дека средбата се одржала од 12 до 14 јули. Тој додаде дека ако целта на состанокот била да се истражат начини за завршување на војната меѓу Русија и Украина, Азербејџан би можел „само да ги поздрави“ таквите напори. Мерц негираше дека неговата влада била вклучена во ангажманите.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook