АвтомобилизамТесла повлекува 54.000 автомобили, имало грешка во софтверотАмериканскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ ќе повлече околу 54.000 возила со софтвер кој на возачите им нуди можност да ја намалат брзината на раскрсниците и покрај знакот „СТОП“.Компанијата ќе повлече дел од Model S и Model X, произведени во периодот од 2016 до 2022 година, Model 3 од периодот од 2017 до 2022 година и Model Y од периодот од 2020 до 2022 година, објави американската Администрација за безбедност во сообраќајот. Тесла „далечински“ ќе го ажурира софтверот и ќе ја блокира опцијата за забавување наместо запирање пред знакот „СТОП“, посочија од Управата за безбедност на патиштата. Од Тесла не одговориле веднаш на барањето да ја коментираат објавата, објави Гардијан. Минатата недела, компанијата објави дека бројот на возила со спорната опција во САД се зголемил од неколку илјади на крајот на септември минатата година на сегашните речиси 60.000. Посочија и дека до 27 јануари не добиле информации за барања за штети, судири, повреди или смртни случаи поврзани со повлекување возила со спорната опција за забавување. Tesla ја известиле Агенцијата за безбедност на патиштата дека на 20 октомври претставиле ажурирана верзија на софтверот со опција за забавување, но возачите можат да го користат само ако возат со брзина помала од девет километри на час. Услов е во близина на раскрсницата да нема возила во движење, пешаци или велосипедисти, потенцираат оттаму. Опцијата крена прашина на социјалните мрежи, па Управата за безбедност во сообраќајот одлучи да ги тестира автомобилите на Тесла. Претставниците на компанијата се сретнале со раководните лица на 10 и 19 јануари, а на 20 јануари Тесла се согласиле да ги повлечат автомобилите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Французинка со совршено тело што го покажува на плажа заведе милиони Ако Instagram има кралица на плажите, сончевите зраци и заводливата насмевка, тогаш тоа веројатно е анонимната , сега многу популарна убавица Полин Танто, попозната под прекарот @popstantot. Француската инфлуенсерка вешто позира пред камерата, но истовремено гради препознатлива естетика поради која нејзините објави често изгледаат како страници од модни списанија, пишува „24sata“. Родена во Бордо во 1994 година, таа ги претвори социјалните мрежи во платформа каде што ги спојува минимализмот, луксузот и пејзажите од егзотични плажи што изгледаат како да се извадени од разгледница. Особено интересен дел од нејзината приказна е соработката со нејзината сестра близначка, со која го лансираше брендот „Khassani Swimwear“. Нивните костими за капење не се претставени само како облека, туку како дел од животен стил што вклучува палми, зајдисонца, патувања и совршени фотографии од одмор. На тој начин, Полин промовира не само производи, туку и концепт на животен стил во кој гламурот и релаксацијата се спојуваат во внимателно креирана естетика. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
СветПутин: „Односите меѓу Москва и Пјонгјанг достинаа невидено ниво “ Рускиот претседател Владимир Путин упати честитка до севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун по повод годишнината од ослободувањето на земјата од јапонската окупација.Путин истакна дека односите меѓу Москва и Пјонгјанг достигнале ниво на сеопфатно стратешко партнерство без преседан. Во телеграмата, тој посочи дека празникот што го одбележува Пјонгјанг е симбол на храброста и издржливоста на севернокорејскиот народ, пренесува „Спутник“. Според него, токму тогаш биле поставени темелите на цврста традиција на борбено братство и заемна помош, што претставувало основа за развој на пријателски и добрососедски односи меѓу двете земји. „Нашите земји активно соработуваат на сите полиња, координирајќи ги напорите за обезбедување регионална безбедност и стабилност. Уверен сум дека ќе продолжиме со конструктивната соработка во однос на актуелните прашања од билатералната и меѓународната агенда, за доброто на рускиот и корејскиот народ“, изјави Путин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Холивудска убавица која е мајстор на провокациитеХоливудската увезда, актерката Меган Фокс остро одговори на критиките за фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи, откако еден корисник ѝ порача дека на 40-годишна возраст е „престара“ за објавување разголени фотографии.Таа објави фотографии на Инстаграм на кои позира во црн топ без прерамки, танга и крзнени штитници за нозе, додека преку комбинацијата носи зелена јакна од флис. Објавата брзо привлече огромно внимание и собра повеќе од милион лајкови. Сепак, покрај бројните позитивни реакции, имаше и коментари од оние што го критикуваа нејзиниот изглед и начинот на кој се претставува. Еден корисник ѝ порача дека „никој не сака да гледа речиси гола 40-годишна жена“. Фокс не го премолче тој коментар. Нејзината реакција предизвика дополнителна лавина од коментари, а голем број следбеници застанаа на нејзина страна. – Не зборуваш во наше име, будало – рече еден корисник. Друг напиша: – Зборувај во свое име, старче. За твоја несреќа, 451 илјада луѓе не се согласуваат со тебе – алудирајќи на бројот на допаѓања што ги имаше објавата во тој момент.Тагови: Меган Фокс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook