Темелковски: Дислокација на Републички центар за болести на зависности - Канал 5

Темелковски: Дислокација на Републички центар за болести на зависности

Во Домот на културата во Кисела Вода, се одржа јавна дискусија на која учествуваа градоначалникот Филип Темелковски, министерот за здравство Венко Филипче и засегнати граѓани кои живеат во близина на Републичкиот центар за болести на зависности.

Темелковски: Дислокација на Републички центар за болести на зависности

Центарот бил формиран во 90-тите години, со негова дислокација од Клиничкиот центар. Проблемот настанува во 2017 година, кога тогашниот министер Таравари преместува околу 680 корисници во овој центар лоциран во Кисела Вода. Преголемиот број на корисници на Центарот предизвикува проблеми за околното население.

Градоначалникот Темелковски, кој учествувал во протестите на жителите против овој центар, уште веднаш по изборот започнал со активности за намалување на бројот на корисници на центарот и нивно дисперзирање, или поточно враќање во медицински установи во нивните матични општини. Со тоа бројот на корисници е намален на околу 200. Но и овој број е преголем и претставува проблем за околните куќи. Сите иницијативи за трајно решавање на овој проблем продолжуваат во сите претходни години, но корона кризата го спречува решавањето со оглед дека сите ресурси се насочени за справување со пандемијата.

На вчерашната дискусија Темелковски ги презентираше конкретните чекори кои се усогласени со Министерството за здравство и конкретен план и задачи кои треба да ги преземе општината, а кои министерството за конечно дислоцирање на овој центар на соодветна локација.

„Намерно сакав да организираме ваква директна средба и да се гледаме одблиску очи в очи. Кога се гледаме в очи мора да си стоиме на зборот и да си веруваме.

Вие знаете дека се залагам за реални и остварливи решенија. Не сум човек што се истрчува и избрзува со нереални ветувања. Не сакам демагогија, ниту популизам. Пред неколку години знаев дека може да се намали бројот на зависници со нивно прераспределување, но немав сознанија како може да се дислоцира една медицинска установа. Сега знам дека има услови за нова локација, и сите чекори се веќе испланирани и усогласени со надлежните од министерството. Буџетот, исто така, е обезбеден. Формиравме и граѓанска група за директен контакт со министерот.

Воедно мора да се грижиме и за корисницитеи тие се наши сограѓани за кои имаме морална обврска да се грижиме, да им помагаме и да ги вратиме на вистинскиот пат. Во случајов се работи за 76 корисници кои се жители на Кисела Вода. Останатите доаѓаат од други општини. Нашата намера е тие да си се прераспределат во центри најблиску до нивното место за живеење, а за оние кои се жители на Кисела Вода имаме обезбедено друга соодветна локација, според светските пракси и искуства. Тоа е пристапна локација со паркинг простор, поврзување со јавен превоз и најбитно е да не пречи на други жители. Не сакаме да го пренесеме проблемот на друго место. Сега имаме конкретен план и точно утврдени чекори и поддршка од надлежното Министерство за здравство.

Со оглед дека се работи за медицинска установа решението зависи од централната власт и затоа е тука министерот да ги каже потребните чекори за да се заврши овој процес“, изјави Темелковски.

Здравствените работници и здравствените установи се распоредуваат според точно определена методологија. Министерството следи примери за успешно раководени центри во други делови на градот воедно редовно се консултира и со Здруженијата на корисници на третманите, рече министерот Филипче.

Домот е таму од 90-тите години, и секоја година се зголемуваше бројот на корисници за во 2017 година да се дуплира. Бев присутен на сите протести. Не за да се сликам и да правам постови на интернет, туку да ги решиме проблемите. Доколку не беше короната побрзо ќе го водевме овој процес. Го намаливме бројот на корисници. Полицијата е редовно присутна. Општината редовно го чисти овој потег. Центарот не е проблем само за тој дел, туку во цела МЗ Расадник. Она што ние го нудиме е целосно да се пресели. Но, конечно решение е целосно дислоцирање.

Го видов гневот на граѓаните во 2019 година, ги знам реалните проблеми. Соработуваме со здруженијата на пациенти и од нив добиваме идеи. Оттука ги влечеме решенијата. Делење терапија согласно стандарди. Еден проблем не може да се реши без да се гледа целокупниот проблем. Затворањето на центарот и префрлување на корисниците во Кисела Вода без план создаде нов проблем. Едноставно префрлување на корисниците на центарот не е решение. Мора да се обезбеди и доволно и соодветен персонал. На пример во болницата „8 септември“ има ист центар и корисниците не се ни забележуваат. Таму има соодветен број корисници и медицински персонал. Во изминатиот период разгледувавме повеќе алтернативни локации, но секогаш излегуваше проблем со сопственоста. Воедно бараме и локација за изградба на Поликлиника со матични лекари и целокупна и итна медицинска помош. Според методологијата на министерството, бројот на жители и оддалеченоста од другите медицински установи во Кисела Вода треба да се изгради медицински центар. Најтешко е да се почне. Кога ќе тргне оди брзо, изјави министерот Филипче.

Во секој случај како градоначалник нема никогаш да дозволам на ова место да се изгради хотел или ресторан кој што повторно би пречел на мирот на жителите. Дополнително општината ќе преземе мерки и активности за преуредување на просторот околу центарот за зависници и заштита на изворите со вода. За понатамошната намена на објектот и просторот ќе има јавна дебата, анкета или референдум за да се види што е тоа што треба и што е неопходно, појасни Темелковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугарија на нозе: 20 дена барале маж кој киднапирал 11 годишно девојче- му се заканува најтешка казна (ВИДЕО)

Најстрога мерка притвор, „притвор во притвор“, му ја изрече Окружниот суд во Варна на 40-годишниот Асен Симеонов, кој ја киднапирал 11-годишната Наталија од селото Константиново во близина на Варна, по што полицијата ги бараше повеќе од 20 дена.

Бугарија на нозе: 20 дена барале маж кој киднапирал 11 годишно девојче- му се заканува најтешка казна (ВИДЕО)

Тој останува во траен притвор, бидејќи според судиите, има доволно докази за да се претпостави дека ги сторил злосторствата за кои е обвинет. Со полесна мерка, Симеонов би можел да избега или да изврши друго кривично дело, со оглед на тоа што се криел 24 дена пред апсењето, објавуваат локалните медиуми.

Пред судот, Симеонов изјави дека бара полесна мерка за да биде слободен и да се грижи за својот чичко. Одлуката на судот може да се обжали во рок од три дена до Апелациониот суд.

Наталија беше пронајдена неповредена. Детето цело време беше со Асен - поранешниот партнер на нејзината мајка. Мажот бил уапсен во селото Овчарово во близина на Шумен, на 80 км од местото каде што исчезнале. Полициските екипи, кои веќе беа во областа барајќи го, го уапсија без отпор.

Тој не се спротивставил на апсењето. Најсериозното обвинение против Симеонов е киднапирање на малолетно лице, извршено во услови на опасен рецидивизам. Доколку се докаже вината на суд, законот предвидува казна од 10 до 20 години затвор или доживотен затвор.

Во текот на овие повеќе од 20 дена, Асен Симеонов се криел главно во сончогледови и други земјоделски полиња покрај железничката линија помеѓу Варна и Софија. Полицијата објасни дека користел густа вегетација преку ден за да остане незабележан, а се движел главно ноќе.

Пред истражителите, уапсениот изјавил дека мотивот за киднапирањето бил поврзан со неговиот личен однос со мајката на девојчето.

YouTube video

Симеонов е осудуван неколку пати. Уште во 2006 година, тој бил идентификуван како сторител на кражба, а неговото криминално досие вклучува и други кривични дела.

Тој изразил каење за своите постапки и уверил дека цело време се грижел за Наталија. Му рекол на својот адвокат дека го сака девојчето како своја ќерка и дека ја одгледувал од тригодишна возраст. Причината зошто ја зел била да ја уценува нејзината мајка да плати за реновирање на неговата куќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судијата згрозен: Му ја зголеми кауцијата на маж од Тексас кога дозна каков злостор направил кон бебе (ВИДЕО)

Маж од Тексас наводно исфрлил мало девојче од автомобил во движење, а потоа ја исфрлил нејзината баба откако ја удрил по лицето, соопшти полицијата.

Судијата згрозен: Му ја зголеми кауцијата на маж од Тексас кога дозна каков злостор направил кон бебе (ВИДЕО)

Судските документи покажуваат дека Брендон Лефлер, 46, е обвинет за кривично дело злоупотреба на деца во врска со инциденти што се случиле во септември 2024 година во Бомонт, Тексас. Лефлер бил уапсен оваа недела и задржан со кауција по напната расправија со судијата што го водел неговиот случај, објави локалната телевизиска станица на CBS, KFDM.

Судијата на окружниот кривичен суд на округот Џеферсон, Џон Стивенс, остро го критикуваше Лефлер за време на неговото сослушување за кауција, критикувајќи го за наводно повредување на детето и нејзината баба, која била девојка на Лефлер.

„Удри жена. Кој го прави тоа?“, рече судијата Стивенс, според KFDM.

Бабата на детето ѝ рекла на полицијата дека таа и Лефлер се расправале пред тој наводно да ја нападне. Таа седела на задното седиште од неговото возило, држејќи ја внуката во скут.

„Ова е крајно неженствено. Затоа таа падна од возилото, оставајќи го своето едногодишно дете на совозачкото седиште. Потоа, според жената која била фрлена од автомобилот, тој го фрлил едногодишното бебе од возилото додека автомобилот се движел, предизвикувајќи му повреди на лицето. Се шегуваш? Ти турна едногодишно бебе од автомобил во движење?“, рече Стивенс. Лефлер наводно одговорил: „Не, Ваша висост.“, на што судијата рекол:

„Тоа е она што го пишува овде. И за тоа ве обвини големата порота. Детето има повреди на лицето, а според овој документ, тие се предизвикани од нешто што сте го направиле. Дали детето само го протрило лицето по асфалтот? Дали тоа е вашата приказна? Па, големата порота мисли поинаку, а исто така и полицијата што го истражувала случајот. Но, морам да кажам дека сум згрозен. Не можам да замислам некој да фрла едногодишно дете од автомобил. Но, едногодишно бебе, беспомошно дете, фрлено од возило во движење, а потоа детето се здобива со повреди на лицето. Колкава е кауцијата?“, рече Стивенс.

Откако дознал дека Лефлер првично е приведен со кауција од 15.000 долари, Стивенс решил да ја зголеми на 100.000 долари „врз основа на околностите на случајот“, според KFDM.

„Овој суд нема да дозволи некој да повреди бебе, намерно да повреди едногодишно дете и да го фрли од возило во движење. Ова е една од највознемирувачките изјави за основи за апсење што сум ги прочитал во мојата кариера и ќе се однесувам кон вас како што би се однесувал кон секој друг во иста ситуација. Лице обвинето за фрлање едногодишно дете од автомобил во движење и нанесување повреди на лицето ќе биде строго одговорно пред овој суд. Вашата кауција е одредена на 100.000 долари“, рече судијата. Доколку биде осуден, Лефлер може да се соочи со затворска казна до 10 години, објави KFDM.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија во Кина: Најмалку 10 загинати туристи во страшниот тајфун- кампувале покрај река (ВИДЕО)

Најмалку 10 лица загинаа, а 23 други се повредени во ненадејни поплави во округот Вејуан, покраината Гансу, соопштија локалните власти во понеделник.

Трагедија во Кина: Најмалку 10 загинати туристи во страшниот тајфун- кампувале покрај река (ВИДЕО)

Кинеското Министерство за водни ресурси го зголеми нивото на итна реакција при поплави во покраините Џијангси, Хунан и Гуангдонг од ниво четири на ниво три во понеделник поради високиот ризик од ненадејни поплави на планините предизвикани од тајфунот Ноул, објави Стандард.

Џијангси се наоѓа во источна Кина, Хунан во централна Кина и Гуангдонг на југ, објави Синхуа.

Проценките на ризикот покажуваат дека 43 окрузи во трите покраини ќе се соочат со ризик од ненадејни поплави на ниво на црвено предупредување од 8 часот наутро во недела до 8 часот наутро во понеделник, што укажува на голема веројатност за вакви катастрофи.

Министерството испрати уште два работни тима во Џијангси и Хунан за да помогнат и да ги водат активностите за контрола на поплавите на терен.

Министерството ги повика локалните одделенија за водни ресурси внимателно да го следат движењето на тајфунот и неговите последици, обрнувајќи посебно внимание на локациите со висок ризик, како што се планинските водотеци, населените области во близина на клисурите, градилиштата, туристичките места во долините и областите низводно и низводно од мостовите.

Ненадејна поплава предизвикана од обилни дождови денес ја погоди туристичката локација на градот Дингси, објави новинската агенција Ксинхуа.

Ненадејната поплава однесе група кампери во областа, а досега е потврдено дека загинале 10 лица.

Локалната полиција, противпожарните служби и други спасувачки екипи веќе пристигнаа на местото на настанот за да извршат спасувачка операција, а активностите на терен се во тек, јавува кинеската агенција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер