3ВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев знае дека дијаспората нема да гласа за СДС затоа го блокираат Изборниот законик
Македонската репрезентација во традиционално карате најуспешна на ЕТКФ Европскиот куп за деца во Софија
1Македонската репрезентација во традиционално карате најуспешна на ЕТКФ Европскиот куп за деца во Софија
3Франција многу потешко од очекуваното го проби парагвајскиот бункер и се пласираше во четвртфиналето на СП2026
СветТелефонски раговор Трамп - Путин Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале телефонски за актуелни меѓународни прашања, вклучувајќи го конфликтот во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток...Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале телефонски за актуелни меѓународни прашања, вклучувајќи го конфликтот во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и идната соработка меѓу двете земји, според помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков. Според него, разговорот, кој се одржал на иницијатива на американскиот претседател, траел еден час и 25 минути и бил „работен и многу конструктивен“, пренесе „РИА Новости“. Ушаков изјави дека на почетокот на разговорот Путин им честитал на Трамп и на американскиот народ за Денот на независноста на САД. За време на разговорот, двајцата лидери разговараа за меѓународната агенда, со посебен осврт на конфликтот во Украина. Путин, според Кремљ, направил проценка на ситуацијата на фронтот и го повторил ставот на Русија дека поддржува политичко и дипломатско решавање на конфликтот, почитувајќи ги руските интереси. Ушаков рече дека Трамп ја повторил својата подготвеност да придонесе за брзо прекинување на непријателствата и наоѓање мирно решение, со вклучување на неговите специјални пратеници, Стив Виткоф и Џаред Кушнер. Како што беше наведено, претседателите разговараа и за изгледите за руско-американска соработка по завршувањето на конфликтот во Украина, при што Трамп укажа на значителниот потенцијал за развој на односите меѓу двете земји . Соговорниците ја истакнаа и важноста од зачувување на заедничкото историско наследство, а особено го нагласија сојузништвото меѓу Москва и Вашингтон за време на Втората светска војна. Путин изрази надеж дека преговорите меѓу САД и Иран ќе доведат до заемно прифатливи и долгорочни решенија, а исто така ја потврди подготвеноста на Русија да пружи практична помош во стабилизирањето на состојбата во регионот. Двајцата лидери се договорија наскоро повторно да разговараат, а Путин ја повтори поканата до Трамп да ја посети Русија. Според Кремљ, ова беше четврти разговор меѓу Путин и Трамп од почетокот на годината и 14-ти по враќањето на Трамп во Белата куќа во 2025 година.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКостадинова: Центарци не смеат да бидат банкомат на Герасимовски и СДСПродолжува легализираниот рекет на Центарци, спроведуван од Герасимовски и СДС.Некомпетентните општински советници, избрани лично од Зоран Заев, цел месец бегаат од дебата и ја одложуваат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата за враќање на старите цени за паркинг маркици, за жителите на Општина Центар. Герасимовски и СДС, очигледно се решени да удрат по џебот на центарци, само за да ги трошат нивните пари на тендери за фирми блиски до Венко Филипче. Целта е јасна, Герасимовски очигледно сака да му се раздолжи на Филпче за партиските унапредувања и позиции, а притоа да ја вовлече Општина Центар во заедничка пропаст, заедно со нив. Во меѓувреме, новите поскапувања на паркингот за жителите на Центар остануваат непроменети. Правилникот на ПОЦ кој вели дека, веќе не е важно колку автомобили поседува една личност, туку колку автомобили се регистрирани на иста адреса, е во полн ефект. А центарци полека но сигурно, стануваме туѓинци во своите маала, за да не можеме да паркираме пред сопствените домови. Почитувани, СДС и Герасимовски мора да одговорат, зошто ја блокираат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата за подостапен паркинг на жителите на Општина Центар? Герасимовски да каже, дали тој лично ќе оди од куќа до куќа, за да решава, за чие возило паркингот ќе е бесплатен, а кој ќе мора да остане без автомобил, поради изнудата која ја спроведува?! Ги повикуваме советниците на Зоран Заев и Венко Филипче, веднаш да ја стават на дневен ред иницијативата за промени во ценовникот на ПОЦ, бидејќи центарци не смеаат да плаќаат фиктивни ќирии за тротоарот и сокаците пред сопствените домови. Ви благодарам. Катерина Костадинова, советник во Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВооружен инцидент на Флорида, има убиени и ранетиНајмалку едно лице е убиено, а шест се ранети во масовно пукање што се случи во центарот на Пенсакола, Флорида. Полицијата во овој крајбрежен град на Флорида упати апел до жителите да ја избегнуваат областа откако неколку лица беа застрелани со огнено оружје. Полициската управа во Пенсакола соопшти дека најмалку шест лица се здобиле со прострелни рани. Властите го означија настанот како активна ситуација и ги предупредија жителите да не се приближуваат кон центарот на градот сè додека ситуацијата не се стави под контрола. Службениците, исто така, потврдија дека едно лице е убиено.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево и ветровите со температура до 33 степени09:01Дијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев знае дека дијаспората нема да гласа за СДС затоа го блокираат Изборниот законик Стравот на Венко Заев и СДС е едноставен, тие знаат дека дијаспората нема да гласа за нив затоа што тие луѓе си заминаа од државата токму поради нивното катастрофалното раководење.Венко Заев и СДС денес панично го блокираат Изборниот законик со илјадници амандмани од една единствена причина, бидејќи стравуваат дека македонската дијаспора нема да им ја даде довербата. Токму нивното катастрофално владеење, неспособноста, криминалот, корупцијата и понижувањата што и ги нанесоа на државата ги натераа илјадници граѓани да ја напуштат Македонија. Луѓето заминаа затоа што ја изгубија надежта дека СДС може да обезбеди достоинствен живот. СДС и Венко Заев наместо да покажат минимум одговорност и да овозможат полесно остварување на избирачкото право на иселениците, СДС прави се за да го закочи Изборниот законик. СДС и Венко Заев знаат дека дијаспората нема да гласа за оние кои ја натераа да си замине. Блокадата на СДС и Левица нема никаква врска со демократијата, туку со стравот од уште поубедлив изборен пораз. Доказ дека СДС се плаши од избори е и последната анкета каде ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од трипати поголема поддршка од СДС, додека довербата во опозицијата паѓа под 100 илјади гласови. Со доверба од само 6 проценти, граѓаните испраќаат јасна порака дека политиките на СДС не добиваат поддршка. На СДС му се неопходни суштински реформи и целосно нов пристап. Додека СДС останува на чело со луѓе кои се поврзуваат со криминал и корупција, како Венко Заев, довербата кај граѓаните во СДС ќе продолжи да опаѓа. Дополнително, Амбасадорот на ЕУ во Македонија, господинот Михалис Рокас јавно го поздрави предложениот Изборен законик и повика на политички консензус за негово донесување. Единствени кои остануваат на спротивната страна се СДС и Венко Заев, кои повторно ги ставаат партиските интереси пред интересите на државата и граѓаните. СДС и Левица колку и да блокираат, колку и да опструираат, вистината не можат да ја сокријат. Граѓаните добро знаат кој ја доведе државата до оваа состојба и кој ги принуди нивните најблиски да ја бараат својата иднина надвор од Македонија. Следните избори ќе бидат јасен одговор на нивната политика на блокади, поделби и неуспеси. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook