Костадинова: Центарци не смеат да бидат банкомат на Герасимовски и СДС - Канал 5

Костадинова: Центарци не смеат да бидат банкомат на Герасимовски и СДС

Продолжува легализираниот рекет на Центарци, спроведуван од Герасимовски и СДС.

Костадинова: Центарци не смеат да бидат банкомат на Герасимовски и СДС

Некомпетентните општински советници, избрани лично од Зоран Заев, цел месец бегаат од дебата и ја одложуваат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата за враќање на старите цени за паркинг маркици, за жителите на Општина Центар.

Герасимовски и СДС, очигледно се решени да удрат по џебот на центарци, само за да ги трошат нивните пари на тендери за фирми блиски до Венко Филипче.

Целта е јасна, Герасимовски очигледно сака да му се раздолжи на Филпче за партиските унапредувања и позиции, а притоа да ја вовлече Општина Центар во заедничка пропаст, заедно со нив.

Во меѓувреме, новите поскапувања на паркингот за жителите на Центар остануваат непроменети. Правилникот на ПОЦ кој вели дека, веќе не е важно колку автомобили поседува една личност, туку колку автомобили се регистрирани на иста адреса, е во полн ефект.

А центарци полека но сигурно, стануваме туѓинци во своите маала, за да не можеме да паркираме пред сопствените домови.

Почитувани,

СДС и Герасимовски мора да одговорат, зошто ја блокираат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата за подостапен паркинг на жителите на Општина Центар?

Герасимовски да каже, дали тој лично ќе оди од куќа до куќа, за да решава, за чие возило паркингот ќе е бесплатен, а кој ќе мора да остане без автомобил, поради изнудата која ја спроведува?!

Ги повикуваме советниците на Зоран Заев и Венко Филипче, веднаш да ја стават на дневен ред иницијативата за промени во ценовникот на ПОЦ, бидејќи центарци не смеаат да плаќаат фиктивни ќирии за тротоарот и сокаците пред сопствените домови.

Ви благодарам.

Катерина Костадинова, советник во Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Левичарите од Тему на чело со Апасиев алчни за пари го блокираат Изборниот законик за да се претстават како тврдокорни

Левичарите од Тему на чело со Димитар Апасиев алчни за пари го блокираат Изборниот законик за да се претстават како тврдокорни.

Манасиевски: Левичарите од Тему на чело со Апасиев алчни за пари го блокираат Изборниот законик за да се претстават како тврдокорни

Иако со консенсуз од сите политички партии беше прифатено она што Димитар Апасиев и Левица го бараа, а тоа е повеќе пари за финансирање на кампањата од Буџетот, левичарите од Тему денес тој договор го поништуваат.

Пред граѓаните велат дека проблемот е во тоа што изборниот модел треба да биде со една изборна единица, нешто што и ние го поддржуваме, а зад завесата впрочем ги интересираат само пари.

Да биде кристално јасно за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ги прифати сите барања на политичката партија Левица за новиот Изборен законик, а тие наместо еднаш да се покажат дека можат да стојат на договорот, односно на договореното, одбија да го потпишат консензуалниот договор за новиот Изборен законик, а по тоа и го блокираат заедно со СДС.

Почитувани граѓани,

Ваквите плитки ПР политики кои ги тераат Левица и Димитар Апасиев се прочитани од граѓаните, а тоа може директно и да се види и по анкетите. Поддршката за лажните левичари од Тему граѓаните не ја даваат.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Од Мицкоски ништо ново - повторно идеја за изборен грабеж на гласовите од дијаспората

Лага е дека СДСМ е против тоа дијаспората да гласа. СДСМ е против Мицкоски да гласа наместо дијаспората! 

СДСМ: Од Мицкоски ништо ново - повторно идеја за изборен грабеж на гласовите од дијаспората

Сведоци сме на нов обид за изборен грабеж со гласовите од дијаспората на шефот на организираната криминална група, Христијан Мицкоски.

Откако се спротивставивме и го блокиравме нивниот предлог за електронска кражба на гласовите од дијаспората, поради огромниот ризик од злоупотреби, сега се бара алтернативен метод за остварување на истата цел.

Очигледно е дека ВМРО-ОКГ нема намера да се откаже од злоупотреби и манипулација со гласовите на над 200 илјади граѓани од дијаспората.

Замената на електронското гласање, без никаква контрола, со писма по пошта, без притоа ДИК да има можност да го регулира со консензус, не е гарант за безбедност и контрола на слободно изразување на вољата на граѓаните, туку нова можност за изборни манипулации и нерегуларности.

Гласање преку пошта без строга институционална верификација оневозможува да се утврди идентитетот на гласачот и да се заштити тајноста на гласот. Тоа е директно заобиколување на изборните правила.

СДСМ нема да дозволи изборен грабеж, ние имаме обврска да го заштитиме гласањето и овие игри на ВМРО не ги прифаќаме.

Власта треба да се откаже од овие намери, да се повлече и да се достави предлог ДИК со консензус да може да го регулира гласањето на дијаспората.

Ниеден обид за кражба и злоупотреба на вољата на гласачите нема да Ви помине, исто како што не ви поминуваат ни платформите за иднината на Мицкоски - ЗНАМ 2.0

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најбизарни скандал на Светското првенство: Фудбалер кај медиумите го „цинкарел“ селекторот за влијание во почетниот состав

Ѕвездата на Алжир, Ријад Марез наводно објавил информации за почетниот состав на својата репрезентација неколку часа пред натпреварот меѓу Алжир и Швајцарија на Светското првенство.

Најбизарни скандал на Светското првенство: Фудбалер кај медиумите го „цинкарел“ селекторот за влијание во почетниот состав

Ѕвездата на Алжир, Ријад Махрез наводно објавил информации за почетниот состав на својата репрезентација неколку часа пред натпреварот меѓу Алжир и Швајцарија на Светското првенство, со цел да изврши притисок врз селекторот Владимир Петковиќ и да ја промени неговата одлука, тврди алжирскиот новинар Дин Ами.

Ами, кој известува за африканскиот фудбал за BBC и beIN, објави на X дека капитенот на Алжир сакал поинаков систем на игра против Швајцарија.

Според неговите тврдења, Марез побарал голманот Зинедин Белаид да го започне натпреварот и Алжир да игра со тројца голмани, додека Фарес Чаиби треба да има улога во центарот на средниот ред.

Новинарот наведува дека Марез се обидувал да го убеди стручниот штаб да го промени составот и дека информацијата за планираниот состав протекла во јавноста токму за да се создаде медиумски притисок.

Засега станува збор само за тврдења на Ами, кои не се потврдени ниту од Алжирската фудбалска федерација, ниту од Петковиќ. Алжир беше елиминиран во осминафиналето.

Сепак, Петковиќ не одлучи да започне со Белаид. Алжир го започна натпреварот против Швајцарија со четворица во одбраната, додека во средниот ред беа Рамиз Зеруки, Фарес Шаиби и Набил Бенталеб. Белаид остана на клупата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер