Видео-фото: Голем пожар кај Солун, наредена итна евакуација! - Канал 5

Видео-фото: Голем пожар кај Солун, наредена итна евакуација!

Беснее голем пожар во близина на Солун, наредена итна евакуација! на терен војската и стотици пожарникари и доброволци!

Видео-фото: Голем пожар кај Солун, наредена итна евакуација!

Голем пожар беснее во Ореокастро, во близина на Солун. Во зората започна воздушна операција – два авиона и два хеликоптера непрекинато го гаснат пожарот.

Пожарот што избувна во саботата вечерта во областа Ореокастро, во близина на Солун, сè уште не е ставен под контрола, додека повеќе од 160 пожарникари, заедно со бројни доброволци, вложуваат напори да ја заштитат индустриската зона.

Пожарот зафати фабрика за рециклирање и еден погон од текстилната индустрија, а според последните информации од теренот, состојбата во шумската област моментално е стабилна и таму повеќе нема активно ширење на пожарот.

На терен се распоредени 52 противпожарни возила, пет пешадиски екипи, како и механизацијата на Периферијата Централна Македонија и Управата за вонредни ситуации.

Во раните утрински часови беше започната воздушна операција - два авиона и два хеликоптери континуирано го гаснеа пожарот, а се очекува пристигнување на дополнителни воздушни сили. Поради сериозноста на ситуацијата, Генералштабот на грчката армија го активираше специјализираниот тим „Девкалион“ за помош при катастрофа.

Беа извршени ноќни евакуации и беше испратен апел до граѓаните во текот на ноќта преку системот за итни случаи 112. Тие добија предупредувачки пораки за опасност од пожар. Жителите на Антуполи и Филотеа беа евакуирани во безбедни зони - локални спортски сали и стадиони.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

72 санкции за возачи на лесни електрични возила на територија на цела држава

За време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци.

72 санкции за возачи на лесни електрични возила на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (13.08.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават возачите на лесни електрични возила на територијата на целата држава, при што санкционирани се 72 возачи.

Од нив, по 11 на територијата на СВР Тетово и СВР Битола, осум на територија на СВР Велес, седум на територија на СВР Куманово... Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се 20 возачи на лесни електрични возила. За време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ ја прогласи водата во Гостивар безбедна за пиење

Гостиварци по речиси еден месец голгота, од денеска конечно можат повторно безбедно да пијаат вода од чешмите. 

АХВ ја прогласи водата во Гостивар безбедна за пиење

Одлуката на Агенцијата за храна и ветеринарство беше соопштена на прес конференција во Гостивар, а доаѓа откако и последните добиени резултати потврдиле дека водата е микробилошки и бактериолошки исправна. Во Гостивар е Елизабета Спасеновска Дамјановска.

Сега клучното прашање е дали гостиварци им веруваат на иституциите?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втор смртен случај со западнонилска треска - почина 72-годишен скопјанец, 5 пациенти се на механичка вентилација

Скопјанец на возраст од 72 години е втората жртва на западнонилска треска годинава, информираше директорот на Инфективната клиника во скопје, Д-р Фадил Цана.

Втор смртен случај со западнонилска треска - почина 72-годишен скопјанец, 5 пациенти се на механичка вентилација

Пациентот имал придружни болести, а уште при приемот на клиниката бил во тешка општа состојба која прогресивно се влошувала.

Во моментот на клиниката се хоспитализирани вкупно 24 пациенти. Д-р Цана информираше дека кај седум од нив е регистрирана потешка клиничка состојба и тие се под интензивен медицински надзор. Ова е втор случај на смрт од западнонилска треска, по смртта на 83 – годишен пациент.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер