3Втор смртен случај со западнонилска треска - почина 72-годишен скопјанец, 5 пациенти се на механичка вентилација
3Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
1Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата
Други спортовиМакедонската репрезентација во традиционално карате најуспешна на ЕТКФ Европскиот куп за деца во СофијаМакедонските каратисти остварија извонреден успех на ЕТКФ Европскиот куп за деца, кој се одржа на 4 јули 2026 година во „Овергас Арена“ во Софија, Бугарија.Македонската репрезентација освои вкупно 58 медали, од кои 17 златни, 14 сребрени и 27 бронзени медали, со што го освои првото место во генералниот пласман. Второто место ѝ припадна на Турција, а третото на домаќинот – Бугарија. Особено се истакнаа Филип Недев, Тадеј Недев, Мартина Зафировска, Михаил Стојановски, Мила Владев, Георги Кокорманов, Драган Стојановски и Александар Зафировски, кои освоија по неколку златни медали и дадоа значаен придонес за овој голем успех на македонската репрезентација. Денес продолжуваат натпреварите од Европското првенство за сениори, јуниори и кадети, на кои ќе настапат и македонските репрезентативци. За нивните резултати јавноста ќе биде дополнително информирана.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија72 санкции за возачи на лесни електрични возила на територија на цела државаЗа време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци.Во текот на вчерашниот ден (13.08.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават возачите на лесни електрични возила на територијата на целата држава, при што санкционирани се 72 возачи. Од нив, по 11 на територијата на СВР Тетово и СВР Битола, осум на територија на СВР Велес, седум на територија на СВР Куманово... Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се 20 возачи на лесни електрични возила. За време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАХВ ја прогласи водата во Гостивар безбедна за пиењеГостиварци по речиси еден месец голгота, од денеска конечно можат повторно безбедно да пијаат вода од чешмите. Одлуката на Агенцијата за храна и ветеринарство беше соопштена на прес конференција во Гостивар, а доаѓа откако и последните добиени резултати потврдиле дека водата е микробилошки и бактериолошки исправна. Во Гостивар е Елизабета Спасеновска Дамјановска. Сега клучното прашање е дали гостиварци им веруваат на иституциите? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВтор смртен случај со западнонилска треска - почина 72-годишен скопјанец, 5 пациенти се на механичка вентилацијаСкопјанец на возраст од 72 години е втората жртва на западнонилска треска годинава, информираше директорот на Инфективната клиника во скопје, Д-р Фадил Цана.Пациентот имал придружни болести, а уште при приемот на клиниката бил во тешка општа состојба која прогресивно се влошувала. Во моментот на клиниката се хоспитализирани вкупно 24 пациенти. Д-р Цана информираше дека кај седум од нив е регистрирана потешка клиничка состојба и тие се под интензивен медицински надзор. Ова е втор случај на смрт од западнонилска треска, по смртта на 83 – годишен пациент. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook